фудбал

Кејн и Мбапе ја поделија наградата „Герд Милер“

Капитенот на Англија, Хари Кејн, ја освои наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец во минатата сезона.

За време на церемонијата на „Златната топка“, фудбалерот на Баерн Минхен доби награда која, во принцип, треба да ја подели со Килијан Мбапе.

Двајцата завршија со по 52 гола, но францускиот напаѓач на Реал Мадрид не се појави во салата во Париз. Ова е првпат во историјата оваа награда да има двајца добитници.

Покрај тоа, англискиот интернационалец е на десеттото место за „Златната топка“.


Реал Мадрид е тим на годината за 2024 година

Тимот на Реал Мадрид беше прогласен за „Клуб на годината“. Наградата за „Кралскиот клуб“ е донесена за време на церемонијата за доделување на „Златната топка“ за 2024 година.

„Кралевите“ сосема заслужено го добија признанието бидејќи освоија Лигата на шампионите и Ла лига.

Тимот од главниот град на Шпанија го откажа пристигнувањето на церемонијата. Според медиумите, причината за ова е сознанието дека Винисијус Жуниор нема да ја добие „Златната топка“.


Еми Мартинез ја одбрани наградата „Лав Јашин“ за голман на годината

Martínez (Lautaro) martinez (emiliano)

Голманот на Астон Вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез втора година по ред е прогласен за најдобар голман на светот!

Аргентинецот останува сопственик на трофејот „Лав Јашин“, откако го доби трофејот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.

За првпат во историјата на трофејот „Јашин“ истиот играч го доби во две последователни сезони.


Анчелоти е добитник на наградата „Јохан Крохф“ за тренер на годината

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го освои трофејот „Јохан Кројф“ предвиден за најдобриот тренер кој го доделува „Франс Фудбал“.

Италијанскиот тренер (65 години) не беше присутен во Париз поради одлуката на Реал Мадрид никој од клубот да не патува за Париз.

Анчелоти го доби признанието во конкуренција на Пеп Гвардиола, Чаби Алонсо, Џан Пјеро Гасперини и селекторите Луис де ла Фуенте (Шпанија ) и Лионел Скалони (Аргентина).


Аморим е изборот на Јунајтед за нов менаџер

Манчестер Јунајтед му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг и веќе ја почна потрагата по нов тренер, а познат е и првиот фаворит.

Станува збор за младиот португалски стратег Рубен Аморим, со кого „црвените ѓаволи“ веќе ги започнале преговорите.

Аморим и минатото лето се поврзуваше со Ливерпул, но на крајот остана во Спортинг Лисабон, а сега е спремен да се пресели на „Олд Трафорд“,

Аморим целосно се вклопува во филозофијата и плановите на Јунајтед, кој е спремен да ја плати неговата ослободителна клаузула од 10 милиони евра.


Ламин Јамал е добитник на „Копа трофејот“

Ламин Јамал одбележа незаборавна сезона во својата играчка кариера, а откако стана најмлад освојувач на Европското првенство, сега стана и најмлад освојувач на „Копа трофејот“.

Новопечената ѕвезда на Барселона беше избрана за најдобар млад играч во конкуренција на фудбалери до 21 година, оставајќи го зад себе Арда Ѓулер.

Јамал ја прими првата награда која беше доделената на свечената церемонија во Париз. Подоцна Шпанецот беше осми во изборот за „Златна топка“.


Македонското фудбалско дерби Пелистер – Вардар првпат под рефлектори во Битола

Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела првпат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19:00 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар.

Сезонава неколку пати се играа натпревари под рефлектори и тоа во Скопје и Струмица, а трет град во оваа низа ќе стане Битола.

Пред дербито се игра вонредно коло в среда, во него Пелистер гостува кај Гостивар, а Вардар е домаќин на Брера.


Балотели ги мина лекарските прегледи, следи потпис со Џенова

Марио Балотели, претпладнево во Џенова ги мина лекарските преглед пред и официјално да потпише договор до крајот на сезоната со „грифоните“.

„Навистина не сакам да зборувам многу, сакам да играм. Се надевам дека наскоро ќе бидам подготвен“, им рече Балотели на новинарите при влегувањето во медицинската установа на Џенова.

Минатата сезона Балотели постигна седум гола на 16 натпревари за турскиот тим Адана Демиспор, а последен пат играше во Италија во сезоната 2020/21 за Монца. Џенова со шест бода го зазема 18. место на табелата во Серија А, а во следното коло в четврток ја пречекува Фиорентина.


Ѕвездите на Реал не доаѓаат во Париз, Родри ќе ја освои „Златната топка“?

Иако Винициус Жуниор важеше за прв фаворит, сепак Бразилецот изгледа нема да биде добитникот на „Златната топка“.

Според последните информации, добитникот ќе биде од Премиер лигата и веројатно станува збор за Родри од Манчестер сити.

Ова може да се претпостави и по дополнителната објава на Романо во која тврди дека делегацијата на Реал Мадрид нема да патува во Париз, тоа значи дека и Џуд Белингем кој беше третиот фудбалер во потесна конкуренција не е добитникот, па останува само Шпанецот.

Родри со Шпанија беше освојувач на Европското првенство летово во Германија, а на турнирот го доби признанието и за најдобар фудбалер. Исто така во текот на целата сезона постигна многу важни голови за Манчестер сити.

Церемонијата во Париз на која ќе се додели престижното признание ќе се одржи вечерва од 20:45 часот.


Од Париз порачуваат: Никој не го знае добитникот на „Златната топка“!

Директорот на „Златната топка“ за протекувањето на резултатите од гласањето: Само јас и првиот човек на „Франс Фудбал“ го знае победникот.

Директорот на Златната топка ги коментираше објавените податоци за победникот.

-Само двајца луѓе го знаат добитникот на наградата – јас и првиот човек на „Франс Фудбал“. Секој друг што вели дека го знае победникот или дека ја видел листата е лажливец, изјави извршниот директор на „Златната топка“, Марк Лас.

Претходно на интернет се појави листа со резултати од гласањето според која, напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ќе ја добие „Златната топка“.

Доделувањето на наградата ќе се одржи вечер во Париз, со почеток во 20:45 часот во „Театар Шатле“.