фудбал

Пол Погба го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед сезонава

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека Пол Погба можеби веќе го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед сезонава.

Францускиот играч за врска, кому договорот со Јунајтед му истекува на крајот од сезоната, се повреди на самиот почеток од мечот со Ливерпул и беше принудно заменет. Според Рангник, на 29-годишниот Погба ќе му требаат најмалку четири недели да се опорави од здобиената повреда.

„Мислам дека нема голема веројатност да го видиме повторно на теренот оваа сезона. Ќе му требаат околу четири недели да се опорави, така што речиси е невозможно тој повторно да заигра на последните неколку натпревари“, рече Рангник.


Дел Пјеро откри дека не се враќа во Јуве како претседател

Поранешниот играч на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, откри дека неговото враќање во клубот од Торино не е планирано.

На 16 април тој се појави на стадионот на домашната екипа за прв пат по 2012 година, што веднаш беше сфатено како знак дека нешто се случува.

„Ја ценам желбата на медиумите и навивачите да направат одредена истрага, но во моментов е несоодветно да се коментира можност што не постои“, изјави Дел Пјеро за Sky Sport Italy.

„Благодарение на минатото, врската меѓу мене и овој клуб е неверојатна, што и да се случи. Да не коментираме хипотези. Немаше скриени мотиви или тајни средби кога го посетив стадионот. Им честитав на сите: Андреа Ањели, Павел Недвед и многу од моите поранешни соиграчи. Бев среќен што ги видов лично“, истакна тој.


Oбамејанг како Ромарио, Роналдо и Ибра во Барса

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг го повтори достигнувањето на Ромарио (1993), Роналдо (1996) и Златан Ибрахимовиќ (2010).

Обамејанг го постигна деветтиот гол во првите 11 натпревари за Барселона во Ла Лига и стана четвртиот играч во историјата на клубот што го постигнал ова достигнување. Да потсетиме дека во натпреварот од 33. коло на шампионатот на Шпанија, Барселона го победи Реал Сосиедад со резултат 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Обамејанг во 11. минута.

Обамејанг потпиша за Барселона во последниот ден од јануарскиот преоден рок, откако го напушти лондонски Арсенал со слободен трансфер. На 11 натпревари за Барселона во Примера постигна девет гола и една асистенција.


Кејлор Навас бара поголема минутажа и заминување од ПСЖ


Тен Хаг ќе дебитира против Ливерпул, гигантите ќе тестираат на 12 јули

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ќе има многу тежок старт. Првиот натпревар на Холанѓанецот како тренер на англискиот клуб најверојатно ќе биде против Ливерпул.

Двата клуба договорија контролна, која ќе се одржи на 12 јули во тајландската престолнина Бангкок. Оваа сезона тимот од Мерсисајд забележа две победи со вкупен резултат 9-0.

Дел од претсезонските тренинзи на „црвените ѓаволи“ ќе бидат во Австралија и на Далечниот Исток. На 15 јули ќе играат со Мелбурн Виктори, а на 19 јули ќе се сретнат со Кристал Палас, откако двата меча ќе се одиграат во Мелбурн.


Јуве ги продава Алекс Сандро и Рабио ова лето

Јувентус е спремен на лето да ги продаде Адриен Рабио и Алекс Сандро и е спремен да слушне понуди за нив.

Клубот од Торино донесе одлука да го намали буџетот за плати и да инвестира во млади фудбалери, па тренерот Алегри е спремен да направи реконструкција на тимот, тврди „Газета дело Спорт“.

Договорот и на двајцата фудбалери истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезат во последната година од договорот.

Кубот не планира да им понуди продолжување на соработката, па е спремен да слушне понуди за продажба.


Асенсио ја одби првата понуда од Милан

Медиумите од Италија пренесуваат дека играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио ја одби првата понуда од Милан. 

Од поодамна се знае дека 26-годишниот фудбалер е прв избор на „росонерите“ како летно засилување за екипата. Сепак, Асенсио не бил привлечен од првата понуда на Италијанците, се наведува во информациите.

Марко Асенсио не е особено задоволен од статусот на резерва во Реал Мадрид и речиси сигурно ќе побара трансфер на лето. Тој има договор со клубот до 2023 година.


Eвертон го враќа Адама Траоре во Премиер лигата

Евертон внимателно ја следи ситуацијата со Адама Траоре, коj во моментов настапува на позајмица во Барселона.

26-годишниот фудбалер е сопственост на Вулверхемптон, а на „Камп Ноу“ пристигна на позајмица до крајот на сезоната.

Шпанецот одлично ја започна авантуарата на „Камп Ноу“, но во последно време го загуби местото во првиот тим. Во договорот Барселона има опација да го откупи на крајот на сезоната за 30 милиони евра.

Меѓутоа, Каталонците немаат намера да ја платат таа сума за да го задржат Траоре, па тој сигурно ќе се врати во Премиер лигата.

Покрај Евертон, и Арсенал покажува сериозен интерес за крилниот фудбалер.


Компанија во која акционери се Серена и Хамилтон го купува Челзи?

Трофејна тенисерка и повеќекратен шампион во Формула 1 би сакал да влезе во новата сопственичка структура на англискиот клуб Челси.

Рускиот милијардер Роман Абрамович веќе извесно време се обидува да го продаде тимот поради бизнисот во Англија, загрозен од агресијата на неговата земја кон Украина, односно блиските односи со рускиот претседател Владимир Путин, а информациите на Скај велат дека за купувањето се заинтересирани и се уште активните спортисти Серена Вилијамс и Луис Хамилтон.

Споменатиот извор тврди дека освојувачката на 23 гренд слем титули и сопственик на седум шампионски титули ќе му се придружи на конзорциумот предводен од Сер Мартин Бротон.

Возачот на Формула 1 од Англија и тенисерката од Соединетите Американски Држави ќе му дадат по десет милиони фунти на споменатиот конзорциум и на тој начин, сметаат, ќе ја засилат понудата во конкуренција на уште двајца можни купувачи на „сините“.


РБ Лајпциг одбива продажба на напаѓачот Нкунку

Германскиот „Скај Спорт“ пренесува изјава од претседателот на РБ Лајпциг Оливер Минцлаф, во врска со иднината на францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку во клубот.

Претседателот беше прашан за иднината на напаѓачот, бидејќи за него има голем интерес од клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал. 

„Сум кажал неколку пати – Нкунку ќе биде играч на Лајпциг и следната сезона“, изјави Минцлаф.

Оваа сезона Нкунку има 30 гола на 45 натпревари во дресот на Бундеслигашот од Лајпциг.