фудбал

Јуве преговара со Ал Ахли за Франк Кеси

Франк Кеси минатото лето ја напушти Барселона и кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Ахли.

Кеси не се снајде најдобро во Барселона и кратко му траеше авантурата на „Камп Ноу“, иако пристигна како големо засилување. Сега Кеси не е задоволен во Саудиска Арабија и сака повторно да се врати во Европа, односно во Серија А каде ја доживеа својата афирмација.

Силен интерес за него покажува Јувентус, кој е во потрага по играч за врска, а Алегри многу ги цени квалитетите на Кеси.

Кеси е спремен да прифати помала плата само да се врати во Европа и веќе почнал преговори со Јувентус.


Јуве и Јунајтед размислуваат за трампа меѓу Гринвуд и Бремер

Манчестер Јунајтед и Јувентус може да направат спектакуларна трампа во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот. Имено, Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица во Гетафе.

Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона игра одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови. Проблематичниот англиски фудбалер, ја оживеа својата кариера во Гетафе по тешкиот период во Манчестер Јунајтед каде беше обвинет за силување.

Манчестер Јунајтед пак е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер и е спремен да го понуди Гринвуд како дел од договорот.


Надал го чека нова пауза, Шпанецот шест недели надвор од терените

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот и, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, не е исклучено да ја продолжи паузата уште неколку недели.

Каталонскиот весник „Спорт“ повикувајќи се на свои извори, наведува дека носителот на 22 грен слем титули би можел да помине уште шест недели надвор од терените, што значи дека покрај Мастерсот во Монте Карло, би ги пропуштил и турнирите во Мадрид и Барселона.

Очигледно, Надал би можел да се врати на терените со учество на Мастерсот во Рим, кој започнува на 6 мај. Две недели подоцна започнува Ролан Гарос, турнир кој Рафа го има освоено дури 14 пати


Проблеми за Тех Хаг пред дуелот со Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се соочува со големи проблеми при составување на екипата пред денешниот дуел против Челзи.

На конференцијата за медиумите, холандскиот стручњак потенцира дека има големи дилеми за почетниот состав, посебно за комплетирање на одбраната на неговиот тим.

Поради повреди надвод од конкуренција претходно беа Тајрел Маласија, Лук Шо и Антони Марсијал, но сега кон оваа листа се приклучи дефанзивното дуо Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.

Денешниот дуел на “Стенфорд Бриџ“ е во рамките на 30. коло од англиската Премиер лига.


Ајакс упати понуда до Чави да го преземе гигантот од Амстердам

Големите промени би можеле да доведат до враќање на Ајакс на местото на успехот, по периодот на слаби резултати.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез се очекува да го напушти клубот на крајот од сезоната, но тој веќе има потенцијална нова дестинација.

Според извори од шпанските медиуми, Чави би можел да го преземе тимот на Ајакс, европскиот гигант кој моментно минува низ тежок период.

Ајакс ја имаше една од најлошите сезони во својата историја, моментно се наоѓа на петтото место на табелата. Раководството на клубот во Чави гледа идеално решение за пресврт. Покрај Чави, како потенцијален кандидат за функцијата се споменува и Пеп Лијндерс, помошникот на Јирген Клоп во Ливерпул.

Чави во кариерата го водеше само катарскиот Ал Сад, пред да и се приклучи на Барселона во 2021 година.


Рондо ја заврши кариерата на 38 години

38-годишниот поранешен кошаркар на Бостон и Лос Анџелес Лејкерс објави крај на играчката кариера, одлука која не доаѓа како огромно изненадување ако се знае дека последниот меч го одигра во 2022-ра година.

Рондо најголема трага во својата блескава кариера остави во Бостон каде првпат стана НБА шампион, а потоа освои и втор шампионски прстен со Лос Анџелес Лејкерс.

Во својата кариера, Ражон уште ги бранеше боите на Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Атланта, ЛА Клиперс и Кливленд, а од индивидуланите признанија, за издвојување е тоа што четири пати беше Ол стар играч, три пати беше најдобар асистент во НБА лигата, а двапати во најдобрата одбранбена петорка.

„Готово е, за мене е крај. Не можам повеќе да играм кошарка, подобро е да минувам време со семејството. Ја ценев секоја минута која ја минав на терен, но сега сакам да минам повеќе време со семејството“, порача Рондо.


Арсенал го сака Исак за следната сезона

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие финансискиот фер-плеј, пренесуваат англиските медиуми.

Исак, чиј договор истекува во јуни 2028 година, е еден од најдбрите играчи на Њукасл, кој на „Сент Џејмс Парк“ во 2022 година пристигна за 70 милиони фунти. Меѓутоа, Швеѓанецот сака да игра во Лигата на шампиони, па е спремен да ја промени средината, а Њукасл најверојатно ќе биде приморан да го продаде.

Лондонски ривали Арсенал и Тотенхем се најсериозни кандидати за ангажман на напаѓачот и се спремни да понудат 80 милиони фунти за неговиот потпис.


Кефрен Турам на радарот на Барса, фудбалерот на Ница вреди 50 милиони

Барселона покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми. 22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да ја победи конкуренцијата и на лето да го доведе во своите редови.

Турам има откупна клаузула од 40 милиони евра, а Барселона е спремна да се ослободи од некои фудбалери за да ја плати таа сума.


Ливерпул ќе плати обештетување да го доведе Рубен Аморим

Прашањето за наследникот на Јирген Клоп го оптоварува раководството на Ливерпул. И ќе мора итно да го реши. А решението е на повидок и тоа во ликот на Рубен Аморим.

Португалецот веќе три сезони одлично работи во Спортинг и привлече големо внимание од најголемите европски клубови. На пример, Челзи го сакаше минатата сезона, но тој не сакаше да се пресели во Лондон.

Сепак, тој би можел да замине во Ливерпул, кој ќе мора да го „одврзе ќесето“ за да го донесе 39-годишен тренер кој заедно со Чаби Алонсо, Тиаго Мота и Роберто де Зерби е меѓу најталентираните стручњаци во Европа.

Она што е проблем за „црвените“ е фактот што Аморим во договорот со Спортинг има откупна клаузула вредна 20.000.000 евра.

Иако наводно Спортинг би бил подготвен да го пушти и за 15.000.000 евра. Дури и двата клуба да ја исполнат таа бројка, Аморим би бил вториот најскап тренер досега! Само Баерн Минхен плати повеќе кога го донесе Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг (25.000.000 евра). Идентична сума на пари одвои и Челзи за Андре Виљаш Боаш од Порто уште во 2011 година.


Фенербахче одлучи да остане во турската Суперлига

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче одлучи да не ја напушти турската лига по скандалот кога играчите беа нападнати на крајот на неодамнешниот натпревар во Трабзон.

По тој повод Фенербахче на својот стадион во Истанбул одржа вонредно собрание на кое присуствуваа 22.588 клупски членови, јавува Анадолија.

Претходно, Коц ги собра сите фудбалери со кои разговараше за можноста за напуштање на лигата и порача дека клубот „нема да попушти и да ги компромитира принципите во кои верува заради шампионски титули“. Според него, повлекувањето од лигата била една од најекстремните опции.

„Во сите наши дискусии, најмалку преферирана опција беше излегувањето од лигата. Зошто нашите момци да играат во пониска лига? Таа опција не е добра бидејќи и во пониските лиги би морале да се справат со истите проблеми како сега“, изјави Коц.

„Оваа опција ја симнуваме од маса до следното генерално собрание, кое е за три месеци. Овде им се обраќам на Един Џеко, Душан Тадиќ и Мерт Хакан: Генералното собрание сака што сакате вие. Играјте и направете го она што е потребно и донесете ни титула“.