фудбал

Кан: Нојер треба да најде вистински момент за пензионирање

Torwart Manuel NEUER GER nach Spielende, applaudiert, Aktion,Einzelbild,angeschnittenes Einzelmotiv,Portraet,Portrait,Porträt. Fussball Laenderspiel Deutschland GER – Ukraine UKR 0-0 am 03.06.2024, Max Morlock Stadion Nuernberg *** Goalkeeper Manuel NEUER GER after the end of the match, applauding, action,single picture,cropped single motif,portrait,portrait,portrait football match Germany GER Ukraine UKR 0 0 on 03 06 2024, Max Morlock Stadium Nuremberg

Поранешниот голман на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Оливер Кан, го предупреди актуелниот чувар на мрежата на Баварците, Мануел Нојер да не го пропушта вистинскиот момент за пензионирање, пишуваат германските медиуми.

„Никој не сака да биде исвиркуван на стадионот на крајот од кариерата“, изјави Кан.

Поранешниот репрезентативец додаде дека „совршениот тајминг“ би бил на крајот од оваа сезона доколку Баерн може да ја освои титулата во Лигата на шампионите на својот стадион.

Кан, исто така, го предупреди Нојер дека неговата форма може драстично да падне по неговото повлекување од националниот тим.

„Не ме чуди што на некои од натпреварите оваа година не ја гледаме формата на Мануел од претходните сезони“, додаде Кан.


Спалети: Нема да калкулираме, ќе играме на победа во Белгија

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети очекува победа во натпреварот од Лигата на нации против Белгија.

„Одиме во Белгија за да победиме, нема да се задоволиме со еден бод. Треба да имаме правилен начин на размислување и да не земаме ништо здраво за готово“, изјави Спалети.

Натпреварот Белгија – Италија ќе се одигра утре (14 ноември) со почеток во 20:45 часот.


Барса собира пари за да го регистрира Дани Олмо

На Барселона и требаат околу 50 милиони евра за да го ангажира играчот од средниот ред Дани Олмо за вториот дел од сезоната, пренесува –„ Football Espana“.

Повредите на голем број играчи на каталонскиот клуб во почетокот на сезоната овозможиле Олмо да биде пријавен до 31 декември.

Сега, Каталонците нема да можат да го користат таквиот метод и ќе мораат да ја платат сумата за регистрација.


Аморим сака супер-талент на Фламенго во Јунајтед

Челниците на Манчестер Јунајтед би можеле да го ангажираат 18-годишниот бразилски фудбалер Лоран кој ги брани боите на Фалменго.

Англискиот клуб размислува во трансферот да го вклучи и Антони кој во сезонава има само 4 натпревари и 1 гол. Неговиот договор е до летото во 2027 а трансферната сума се движи до 20 милиони евра.

Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за потписот на Лоран ќе издвојат максимум 10 милиони евра.


Галатасарај пред потпис со Лука Јовиќ

Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ наскоро би можел да потпише договор со Галтасарај.

Пред неколку дена започнаа шпекулациите дека актуелниот шампион на Турција сака Јовиќ да го замени повредениот Маури Икарди. Аргентибецот заработи тешка повреда, поради која ја заврши сезоната, против Тотенхем во Лига Европа.

Наводно, Галата сака да го доведе Јовиќ на позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната.

Србинот не е во преден план кај Пауло Фонсека, што потврдува податокот дека од почетокот на сезоната на теренот минал само 78 минути.

Јовиќ е свесен дека нема да игра во Милано, а во Галатасарај би можел да игра во тандем со Виктор Осимен.

Тој наводно е отворен за заминување во Истанбул, па се очекува наскоро клубовите да постигнат договор, а фудбалерот официјално од 1.јануари 2025 година да стане играч на Галатасарај.


Начо одби секаква можност да се врати во Реал

Начо Фернандез помина 23 години во Реал Мадрид. Летово, на 34 години рече дека му е доста и се пресели во Саудиска Арабија, во Ал Кадиси.

Начо нема намера да се врати во Реал. Приказната е актуелна деновива откако Реал остана без тројца играчи од одбраната поради тешки повреди.

„Нека му дадат шанса на дете од клупската академија, сега е шансата. Мора да ги проверите тие момци од академијата во одреден момент, да им дадете шанса. Ако тренерот и клубот се храбри, тогаш сега е вистинската можност за нив “, вели Начо Фернандез.

„Никој од Реал не ми се јавил. Што ако ми се јават? Не ни размислувам за тоа. Кога си заминав знаев дека повторно ќе одиграм 30-40 натпревари во мојот нов клуб, но тоа не ме предомисли. Среќен сум овде“, изјави Начо за KOPE.

Тој нема проблем да каже зошто отишол во Саудиска Арабија.

„Нема да лажам, овде заработувам многу повеќе пари отколку во Реал Мадрид. Не дојдов само за тоа, сакав да доживеам ново искуство во мојот живот. Но, немам намера да се расправам со некој што вели дека сум дошол за пари“.

Кога станува збор за Реал и засилувањата во одбраната, Начо има уште еден предлог за челниците на клубот.


Ансу Фати пак се повреди, нов пех за Флик и Барса

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати доживеа нова повреда.

Момчето кое го нарекуваа „новиот Меси“, Барселона дури и му ја даде „десетката“ кога Аргентинецот замина во ПСЖ, нема среќа со повредите. Шпанските медиуми објавија дека на денешниот тренинг, Ансу Фати ја повредил тетивата. Прогнозите се дека ќе паузира еден месец.

Од друга страна, ова не е изненадување со оглед на тоа што минатата година лекарскиот тим на Барселона се обиде да го убеди Фати да оди на операцијаж за да го реши проблемот, Фати одби и реши да се лекува со алтернативни методи, токму таа повреда ја обнови на денешниот тренинг.

Се чини дека можеби на овој начин се збогуваше од Барселона, бидејќи планот на клубот е да го продаде или да го испрати на позајмица во зимскиот преоден рок.

Фати е дете на Барселона, тој експлодираше под водство на Ернесто Валверде, но сето тоа тргна во надолна линија откако тој доживеа сериозна повреда на лигаментите во ноември 2019 година.

Тој направи три операции, паузираше повеќе од една година, а кога се врати не успеа да дојде и блиску до формата во која беше.


Милевски: Сами одлучуваме, целта е првото место

Во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија од 5. коло во групата од Лига на нации, прес-конференција одржаа селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски.

Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонија на прес-конференцијата рече:

„Максимален респект за Летонија. Воопшто не треба да не залажува резултатот од првиот меч, одиме максимално, одговорно кон нов добар резултат. Имам потенцирано многу пати дека овие момци, без разлика што им се случува во клубовите, повреди, натпреварувачка форма која е лоша, кога доаѓаат за репрезентација даваат 100%. Нивниот карактер како играчи, но и како личности се перфектни и тоа им помага кога доаѓаат на собир на репрезентација да бидат на највисоко ниво. Тоа што им се случува во клубовите не е во наша моќ, но по она што го покажуваат во репрезентацијата јас имам само пофални зборови. Секој си има план и подготовка. Спремни сме на се она што не очекува околу утрешниот противник. На нас самите е да одиграме. Ме радува што за нештата сами одлучуваме.

Морам да го истакнам задоволството од она што го видов како информација на терен што се однесува до новите фудбалери во тимот. Имаат потенцијал за да бидат дел од овој тим“.


Солскјер: Враќањето на Роналдо во Јунајтед беше грешка

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, призна дека враќањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во тимот било грешка.

Можеби тоа беше погрешен избор за сите нас. Но, во тоа време почувствувавме дека тоа е вистинската одлука. Првото нешто што Киеран Мекена (асистент на Солскјер во Манчестер јунајтед) го кажа: „Како ќе се браниме?“, рече Солскјаер.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус во летото 2021 година и играше до ноември 2022 година.

Во текот на сезона и половина, Португалецот одигра 54 натпревари, постигна 27 гола и направи пет асистенции.

Во јануари 2023 година, Роналдо потпиша договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија.


Фудбалер на Тотенхем пред драконска казна заради расизам

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе биде казнет од ФА поради расистички коментари.

Во јуни, во една ТВ-емисија во неговата татковина, Бентанкур беше запрашан дали има дрес од неговиот соиграч Сон, тој одговори: „На Сони? Тоа може да е и на неговиот братучед затоа што сите Корејци се горе-долу исти“.

Набргу потоа, уругвајскиот играч од средниот ред се извини на социјалните мрежи на Сон, признавајќи дека тоа било „несмасна шега“ и дека „никогаш не сакал да го навреди или повреди“.

ФА е блиску до одлука за случајот, бидејќи забраната на Бентанкур се уште не е официјализирана, но според „Дејли Мејл“ тоа ќе биде седум или повеќе натпревари.

Ова секако ќе биде сериозен удар и за играчот и за Тотенхем и за тренерот Анже Постекоглу.