фудбал

Луис Енрике: Мбапе ќе освои многу „Златни топки“ во кариерата

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Луис Енрике, објасни што му треба на Килијан Мбапе за да ја освои наградата  „Златна топка“.

„Покрај неговите одлични индивидуални настапи, мора да освојува трофеи на клупско и национално ниво. Сигурен сум дека ќе освои многу Златни топки“, изјави Енрике.

Мбапе во годинешново рангирање на Франс Фудбал го освои третото место. Наградата заврши по рекорден осми пат во рацете на Лео Меси.


Руни: Многу играчи на Јунајтед не се на нивото на своите настапи

Легендарниот, Вејн Руни, вели дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед треба да го намалат притисокот врз тренерот Тен Хаг.

„Јас знаев дека ќе имам многу притисок во Бирмингем а Тен Хаг знаеше што го чека во Манчестер Јунајтед. Играчите се тие кои треба да преземат одговорност. Гледам играчи кои не играат на нивото на кое треба да играат“, вели Руни.


Боатенг ќе потпише краткорочен договор со Баерн

Раководството на Баерн Минхен може да потпише краткорочен договор со поранешниот дефанзивец, Џером Боатенг, пренесува „Билд“.

Причина за тоа е повредата што Матијас Де Лихт ја заработи вчера на мечот со Сарбрикен во Купот. Тој ќе биде надвор од терените во период од четири до шест недели.

Затоа тренерот, Томас Тухел,  нема против  35-годишниот Боатенг времено да биде дел од тимот.


Бразилецот Савио од Џирона е најнова желба на шампионот Барселона

Барселона покажува силен интерес за бразилскиот напаѓач на Џирона, Савио, пренесуваат каталонските медиуми.

19-годишниот талент постигна три гола и 4 асистенции од почетокот на сезоната и го привлече виманието на могу европски клубови. Савио може да игра на сите позиции во нападот, а спортскиот директор на Барселона, Деко многу ги цени неговите квалитети.

Деко е во одлични односи со менаџерот на Савио и верува дека може да ја победи конкуренцијата.

Барселона сака уште во јануари да го договори трансферот и да го остави напаѓачот на позајмица во Џирона најмалку до крајот на сезоната.


Тен Хаг презеде одговорност: Јас сум виновен за неуспесите

Манчестер Јунајтед синоќа претрпе уште еден сериозен удар оваа сезона. Поразот од екипата на Њукасл и елиминацијата од Лига Купот на Англија го стави и холандскиот стретег Ерик тен Хаг пред голем притисок од јавноста и навивачите.

„Знаеме дека резултатот не е доволно добар. Мора да преземеме одговорност. Ја преземам вината на себе. Имаме доволно квалитети, а играчите се држат заедно. Видовте дека се обидоа, но не беше доволно. И јас сум одговорен за ова. Мора да го поправиме ова заедно. За да стекнете самодоверба, прво треба да играте. Довербата доаѓа кога ќе го постигнете посакуваниот резултат. Ова е можно само кога ги следите правилата, се држите до принципите, ги добивате битките, ја форсирате борбата. Треба да го направиме ова заедно. Главната работа сега е вистинскиот менталитет“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.


Њукасл пак налета на гигант во англискиот Лига Куп

Веднаш по завршувањето на вчерашните натпревари во осминафиналето како и што е вообичаено беа извлечени паровите за следното коло од англискиот Лига Куп.

Ждрепката сакаше најинтересно да биде на „Стенфорд Бриџ“ каде што ќе се сретнат премиерлигашите Челзи и Њукасл. Челзи во претходното коло лесно се справи со Блекбурн, додека Њукасл го декласираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0:3.

Ливерпул ќе биде домаќин на Вест Хем кој беше подобар од Арсенал, Евертон го пречекува Фулам, додека копјата меѓусебно ќе ги вкрстат единствените две екипи кои не се премирлигаши, Порт Вајл и Миделсброу.

Евертон – Фулам

Челзи – Њукасл

Порт Вејл – Мидлсброу

Ливерпул – Вест Хем


Зидан спремен да се врати во Јувентус?

После скоро три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.

Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата да се врати и веќе го избрал новиот клуб. Станува збор за Јувентус, клуб каде Зидан ја доживеа својата афирмација и играше од 1996 до 2001 година.

Зидан сака во Јувентус да го направи тоа што го направи со Реал и да успее да освојува трофеи и како тренер, откако своевремено тоа го правеше како играч.

Јувентус е спремен на лето да направи тренерска смена, а прв избор за „старата дама“ е токму Зидан.


Локатели добива нов договор во Јувентус

Juventus’ Italian midfielder Manuel Locatelli reacts during the Italian Serie A football match between Juventus and Fiorentina on February 12, 2023 at the Juventus stadium in Turin. (Photo by Marco BERTORELLO / AFP) (Photo by MARCO BERTORELLO/AFP via Getty Images)

Играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели е блиску до потпишување на нов договор со „бјанконерите“.

Откако Николо Фаџоли е суспендиран поради неговата вмешаност во скандалот со обложување, Јуве се чини дека сака да ги продолжи договорите и со уште неколку други фудбалери.

Новиот договор за Локатели ќе биде до летото 2028 година. „Бјанконерите“ сега се надеваат дека ќе го склучат договорот бидејќи на фудбалерот му е понудено и зголемување на платата.

Италијанецот, кој моментално има 25 години, оваа сезона забележа десет настапи во Серија А, притоа постигна еден гол и една асистенција.


Во Арсенал загрижени, Артета не знае кога ќе се врати повредениот Габриел Жесус

Габриел Жесус од доаѓањето во Арсенал, па се досега се здоби со неколку различни повреди. Последната го остава повторно надвор од терените, без временска рамка за негово враќање.

Сега Бразилецот има повреда на мускулот.

Менаџерот Микел Артета не може да каже кога се очекува тој да се врати во тимот.

„Искрено не можам да му поставам временска рамка за враќањето на Габриел Жесус. Мораме да бидеме внимателни бидејќи тој со повредата треба да се однесува на вистински начин. Тој веќе притиска и сака што побрзо да се врати, но мора да биде внимателен“, изјавил Артета.


Касемиро се повреди во Карабао Купот, нема да игра викендов против Фулам

Манчестер Јунајтед објави зошто бразилскиот дефанзивен играч за врска Касемиро беше заменет на полувремето во натпреварот од Лига купот со Њукасл. Главниот тренер на тимот, Ерик тен Хаг, потврди дека станува збор за повреда.

„Непосредно пред паузата се повреди, па го заменивме. Мора да почекаме еден ден за да донесеме конечен заклучок за неговата состојба, но мислам дека нема да го видиме на саботниот меч со Фулам“, изјави холандскиот стретег.