фудбал

Постигнат договор за трансфер на Карим Адејеми во Борусија Дортмунд

Австрискиот телевизиски канал Скај Спортс пренесува дека Борусија Дортмунд и РБ Салцбург постигнале договор за трансфер на 20-годишниот германски репрезентативец Карим Адејеми. Сега останува само да се дефинираат личните услови кои фудбалерот ги бара од клубот од Дортмунд.

Двата клуба веќе постигнаа начелен договор за трансфер од 35 милиони евра, но сеуште е рано да има официјална потврда. Освен Борусија, за фудбалерот интерес покажуваат и РБ Лајпциг, Ливерпул и Париз Сен Жермен.

Адејеми од почетокот на оваа сезона веќе забележа 20 гола и 5 асистенции на 38 натпревари.


Манчестер Сити без Де Брујне против Ливерпул

Манчестер Сити ќе биде без Кевин Де Брујне за новата пресметка со Ливерпул, овојпат во полуфиналето на ФА Купот во сабота, пишуваат медиумите во Англија.

Белгиецот, кој настапува во одлична форма, доби удар во десната нога на натпреварот против Атлетико Мадрид во ЛШ, и мораше да го напушти теренот во вториот дел од средбата.

Според информациите од клубот, неговата повреда не е сериозна, но ќе мора да се опоравува околу десет дена, па нема да биде вклучен во тимот за дуелот со Ливерпул.

Де Брујне не се очекува да игра ниту против Брајтон следната среда, а се очекува да се врати за мечот против Ватфорд на крајот од идната недела.


Манчестер Јунајтед најави зголемување на капацитетот на „Олд Трафорд“

Раководството на Манчестер Јунајтед ги направи првите чекори за реконструкција на „Олд Трафорд“ се со цел за зголемување на капацитетот. 

Сопствениците на 20-кратниот шампион на Англија ја ангажираа архитектонската фирма „Populous“ и консултантската фирма „Legends International“ кои работеа заедно на дизајнирање на новиот стадион на Тотенхем кој беше отворен во 2019 година. Моменталниот капацитет на „Олд Трафорд“ е 74.000 гледачи.

-Веднаш започнуваме со работа на развивање опции за Олд Трафорд и истражување на нивната изводливост со цел значително да го подобриме местото на навивачите“- се вели во официјалното соопштение на „црвените.ѓаволи“.


САД, Мексико и Канада ги дефинираат стадионите за Мундијалот во 2026 година

Стадионот БЦ Плејс во Ванкувер ќе биде меѓу кандидатите за домаќин мечевите на Светското првенство во 2026 година кое заеднички ќе го организираат Канада, САД и Мексико.

Покрај во Ванкувер, мечеви ќе бидат одиграни и во Едмонтон, Алберта и Торонто. Во Соединетите Американски Држави, Лос Анџелес аплицира со два објекта – ултрамодерен стадион во Инглвуд кој чинеше 5 милијарди долари и класичниот Роуз Бол во Пасадена на кој се играше финалето на Светското првенство во 1994 година.

Во Мексико домаќини на Мундијалот во 2006 година ќе бидат: Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј. Светското првенство ќе биде првото на кое ќе учествуваат 48 селекции и првото што ќе се одржи во три земји.


Јувентус ја продолжи соработката со Квадрадо

Јувентус преку својот официјален сајт објави дека го продолжи договорот со Колумбиецот Хуан Квадрадо.

33-годишниот фудбалер потпиша договор до јуни 2023 година.

Квадрадо настапува за Јувентус од 2015 година. Тој досега има 24 гола и 53 асистенции во 262 натпревари за клубот од Торино.


Томас Парти во аут до крајот на сезоната

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, објави дека играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти, најверојатно нема да игра до крајот на сезоната. 

28-годишниот репрезентативец на Гана кој беше еден од клучните играчи на Арсенал оваа сезона, се повреди во поразот од Кристал Палас  минатата недела.

“Веста е дека тој нема многу шанси повторно да заигра до крајот на сезоната“, изјави шпанскиот тренер пред новинарите.


Перин останува во Јуве до 2025 година

Матија Перин го продолжи договорот со „старата дама“ до 2025 година, потврди гигантот од Торино.

Перин поретко добиваше шанса на голот оваа сезона затоа што Алегри довербата му ја даде на Војчех Шчесни, а италијанскиот голман важи за еден од омилените ликови во клубот, па и за очекување беше да продолжи соработката.

Член на Јувентус Перин е од 2018 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Џенова.


Марио Гомез го обвини Левандовски за елиминирацијата од Виљареал

Баерн Минхен беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ) од 

Виљареал, по што почнаа критиките на сметка на баварскиот гигант.

Роберт Левандовски е еден од најважните фудбалери на германскиот шампион, но навивачите не беа среќни со неговиот настап, а критики за напаѓачот испрати и Марио Гомез.

„Нема потреба да зборуваме за неговиот квалитет. Тој е неверојатен, но сметам дека во моментов е себичен. Тој не сака да каже каде ќе ја продолжи кариерата и тоа влијае негативно врз тимот“, вели Гомез.


Бразилецот Роналдо стана сопственик на Крузеиро

Бразилската легенда Роналдо стана сопственик на фудбалскиот клуб Крузеиро откако се стекна со 90 отсто од акциите на клубот. Оваа информација беше објавена на нивниот официјален сајт.

Зделката го чини „Феноменот“ околу 70 милиони долари. Крузеиро стана вториот клуб во сопственост на Роналдо. Тој од поодамна е сопственик и на шпанскиот Ваљадолид.

Крузеиро е првиот професионален клуб за кој настапувал Роналдо. Тој пристигна во клубот 1993 година за 50 илјади долари. По нешто помалку од една година, Бразилецот се пресели во ПСВ, каде што ја почна неговата богата европска кариера.


Италијанците се откажаа од идејата да играат натпревари во САД

Пропаднале плановите на италијанските фудбалски клубови да организираат мечеви во САД за време на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава, пренесоа денес светските агенции.

Италија сакаше да ја искористи долгата пауза поради Мундијалот и да биде домаќин на посебен турнир во Орландо на кој ќе учествуваат сите 20 клубови  користејќи само фудбалери кои немаат репрезентативни обврски.

Сега последните информации велат дека таа идеја најверојатно нема да се реализира.