фудбал

ПСЖ го посакува Бернардо Силва

Шпанска Марка објави дека португалскиот репрезентативец Бернардо Силва својата играчка кариера би можел да ја продолжи во Париз Сен Жермен.

Според овие информации, вредноста на трансферот би можел да изнесува околу 80 милиони евра. Силва има договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година, но тој наводно нема намера да го испочитува овој договор до крај.

28-годишниот Силва својата фудбалска кариера ја започна во Бенфика, играше и за Монако, а во 2017 направи трансфер во Манчестер Сити. Минатата сезона со “граѓаните“ освои трофеи во Лигата на шампиони, Премиер лигата и ФА Купот.


Клоп спремен да плати богатство за талентот на Саутемптон

Ливерпул започна преговори за трансфер на ѕвездата на Саутемптон, Ромеро Ливаја, пренесуваат медиумите на Островот.

 Ливерпул откако ги ангажираа Алексис Мекалистер и Доминик Собошлаи сака да донесе уште едно засилување за средниот ред, а најголема желба е токму Ливаја.

Лавија е 19-годишен дефанзивен играч за врска кој оваа сезона блесна во дресот на Саутемптон, а клубот за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да ја плати таа сума, а доколку го реализира трансферот летово би потрошил 180.000.000 евра и практично ќе го заврши преодниот рок.


Португалецот Бенто е нов селектор на ОАЕ

Пауло Бенто е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.

54-годишниот Португалец потпиша 3-годишен договор со Фудбалската федерација на ОАЕ.

Последното работно место на Бенто беше репрезентацијата на Јужна Кореја (2018-2022). Претходно тој ги водеше и Олимпијакос, Крузеиро, португалската репрезентација и Спортинг.


УЕФА и Јуве пред договор: „Старата дама“ нема да игра во Европа

Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.

Од Торино побараа сега да бидат казнети за да ја одработат казната следната сезона и да не играат во Конференциската лига.

УЕФА се согласи на таква казна, па следната сезона во Конференциската лига ќе игра Фиорентина на местото на Јувентус. Тоа значи дека „старата дама“ ќе може да игра во Европа во сезоната 2024/25 доколку избори пласман.


Сергеј Милинковиќ – Савиќ пред преселба во Ал Хилал

Српскиот фудбалски репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, е на чекор до трансфер во Ал Хилал од Саудиска Арабија, пренесуваат италијанските медиуми.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, изјави дека би сакал да ја продолжи соработката со српскиот фудбалер, но додава дека нема да го стопира трансферот на Савиќ доколку тој сака да го напушти римскиот клуб.

28-годишниот Србин, има договор со Лацио со важност до 30.јуни 2024.година. Според информациите на медиумите , Ал Хилал е подготвен да му плати на Лацио 40 милиони евра за реализирање на трансферот, а Милинковиќ-Савиќ би добивал 20 милиони евра по сезона.

Ал Хилал минатата сезона го освои третото место во првенството на Саудиска Арабија, а за претстојната сезона како засилувања веќе ги доведоа Рубен Невеш и Калиду Кулибали, а нов тренер на екипата ќе биде Жорж Жезус.


Баерн и Интер преговараат за трампа Павар за Думфрис

Баерн Минхен е силно заинтересирани за холандскиот репрезентативец и играч на Интер, Дензел Думфрис.

27-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови, а одигра одлично и на Мундијалот. Интер е спремен да го продаде доколку пристигне понуда од 50 милиони евра, притоа е заинтересиран за Бенџамин Павар.

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн му нуди трампа на Интер и е спремен да го понуди Павар плус одредена сума на пари за потписот на Думфрис.


Галатасарај го откупи Аргентинецот Икарди за 12 милиони евра

Галатасарај ќе му плати на ПСЖ солидни 12 милиони евра и ќе го купи Мауро Икарди кој изминатата сезона ја помина како позајмен во турскиот шампионат.

Аргентинескиот фудбалер одигра одлично за Галата и затоа не изненадува одлуката на челниците на тимот да го задржат со перманентен договор.

Напаѓачот ќе остане во екипата од Истанбул во наредните три сезони.


Џака објасни зошто го одбра Баер Леверкузен

Фудбалерот Гранит Џака, кој деновиве си замина од Арсенал и потпиша за Баер Леверкузен за 25 милиони евра, вели дека почувствувал дека е време за промени.

„Како личност, секогаш ме интересираат нови предизвици. Време е за нешто ново по седум години поминати во северен Лондон. Бундес-лигата не е ново првенство за мене но, клубот е нов“, вели швајцарскиот репрезентативец.

Џака за „топчиите“ одигра 225 натпревари и постигна 17 голови.


ПСВ Ајндховен постави клупски рекорд за трансферот на Ноа Ланг

ПСВ Ајндховен се пофали со трансферот на Ноа Ланг, што значи сериозно засилување за новата сезона, но и ангажирање на фудбалер кој е производ на младинската академија на најголемиот ривал Ајакс.

Ланг доаѓа од Клуб Бриж, но е поранешен јуниор на Ајакс и фудбалер за кого великанот од Амстердам не најде место во својот тим, дозволувајќи му да замине најпрвин во Твенте, а потоа и во Белгија.

Сега ПСВ го врати Ланг во Холандија за двојно задоволство на своите фанови, а за овој фудбалер ќе плати 15 милиони евра.


Англичанецот Гордон е МВП на У21 Европското првенство

Фудбалерите на Англија по трет пат во историјата станаа европски шампиони до 21 година, победувајќи ја Шпанија со 1:0 во финалето одиграно во Батуми, Грузија. Голот вреден трофеј го постигна играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Но, херој на победата беше англискиот голман Џејмс Трафорд, кој во деветтата минута од судиското надополнување на крајот од натпреварот одбрани пенал на шпанскиот капитен Абел Руиз, а потоа и обид на Аимар Ороз, кој беше прво на отфрлена топка.

За најдобар играч на турнирот е прогласен 22-годишниот крилен напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон. Тој асистираше за гол против Чешка во групата, постигна гол против Германија во второто коло, а во четвртфиналето постигна гол против Португалија. На почетокот на оваа година Њукасл го донесе од Евертон за 45 милиони евра.