фудбал

Куман се враќа како селектор на Холандија

Фудбалскиот сојуз на Холандија соопшти дека од 2023. година, 59-годишниот Роналд Куман ќе биде селектор на репрезентацијата и ќе го замени Ван Гал, кој поради болест нема да биде во можност да ја извршува функцијата.

Куман потпиша договор на три години, па така се очекува тој да ги води популарните „Лалиња“ до 2026. година. Ова ќе биде негов втор мандат на оваа позиција. Претходно успешно ја водеше Холандија од 2018. до 2020.година.

„Со нетрпение очекувам да воспоставам нова соработка. Пред една и пол година не ја напуштив репрезентацијата поради незадоволство. Уживав во минатиот мандат и мислам дека резултатите беа добри“, изјави Роналд Куман.

На Светското првенство во Катар, репрезентацијата ќе биде водена од Ван Гал. Холандија се наоѓа групата А, со селекциите на Катар, Еквадор и Сенегал.


Халанд на крајот на април ќе пресече за својата иднина

Ерлинг Халанд ќе донесе конечна одлука за својата иднина до крајот на април. 21-годишниот Норвежанец е еден од најпосакуваните играчи во моментов и еден куп клубови се подготвени да конкурираат за неговиот потпис на лето.

Халанд е целосно свесен за интересот за него и наскоро планира да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Тој во моментов е тесно поврзан со Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона, но и други клубови како Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Баерн (Минхен) внимателно ја следат ситуацијата.

Се тврди дека агентот на играчот, Мино Раиола веќе разговарал со сите засегнати страни и ги претставил условите под кои играчот е подготвен да потпише договор со еден од нив.


Играчите на Манчестер Јунајтед поделени по прашањето за нов тренер

Ѕвездите на Манчестер Јунајтед се поделени во два табора околу можноста Ерик тен Хаг да биде назначен за нов тренер на тимот.

Тренерот на Ајакс е еден од водечките кандидати за оваа функција, заедно со Маурицио Почетино од ПСЖ.

Според медиумите од Манчестер, некои играчи на „црвените ѓаволи“ едвај чекаат да соработуваат со холандскиот стручњак, но други не веруваат во него и не го гледаат како подобар избор од Ралф Рангник.

Се зборува дека многу играчи го претпочитаат Почетино  поради неговото познавање на Премиер лигата и играчите во неа. 

Јунајтед се бори за место во Топ 4 од Премиер лигата, но шансите за тоа се намалуваат со секое изминато првенствено коло.


Бекам: Данска може да биде изненадување на Мундијалот

Дејвид Бекам го чека почетокот на Мундијалот во Катар, кој е закажан за период од 21 ноември до 18 декември.

Бекам кажа дека има свој фаворит за освојување на трофејот и ги изненади навивачите со неговиот избор.

„Јас мислам дека Англија има големи шанси за трофејот, ова е вистинска шанса. Ќе бидеме во одлична форма, а ќе имаме конкуренција и од Бразил, Аргентина, Франција, но мислам дека и Данска ќе биде големо изненадување“, вели Бекам.

Англичанецот, исто така, кажа дека е голема предност тоа што Светското првенство (СП) ќе се игра сред сезона бидејќи така фудбалерите ќе бидат во ритам.


Халанд ќе го избере новиот клуб до крајот на април

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе донесе конечна одлука за својата иднина до крајот на април. 

Менаџерот на Халанд, Мино Раиола веќе разговарал со сите клубови кои сакаат да го купат младиот Норвежанец. Италијанецот ги претстави условите под кои играчот е подготвен да потпише договор со новиот клуб.

Во информациите се вели дека Халанд донел конечна одлука да ја напушти Борусија. Одамна е познато дека неговиот договор вклучува откупна клаузула од 75 милиони евра, која стапува на сила на 1 јули.


Астон Вила подготви 40 милиони евра за Кутињo

Раководството на Астон Вила е подготвено да ја плати сумата од 40 милиони евра за бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо. 

Бразилскиот играч за врска во моментот настапува за Астон Вила како позајмен од Барселона до крајот на сезоната.

По враќањето во Премиер лигата, Кутињо повторно ја откри посакуваната форма и моментално е еден од главните играчи во тимот на тренерот Стивен Џерард.

Сериозен интерес за Бразилецот покажува и екипата на Арсенал, но се зборува дека играчот преферира да биде воден од Џерард, со кој во минатото беа соиграчи во Ливерпул.


Познати полуфиналните парови на Купот на Македонија

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за полуфиналините натпревари во најмасовното натпреварување – Купот на Македонија.

Пласман меѓу најдобрите четири екипи обезбедија Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Струга Трим Љум и Силекс.

На извлекувањето денес се одредија полуфиналните парови и домаќините, а среќата посака пресметки меѓу Пелистер и второлигашот Силекс, како и дуел на Струга Трим Љум и Македонија Ѓорче Петров.

Полуфинале:

Пелистер – Силекс

Струга Трим Љум – Македонија Ѓорче Петров

Полуфиналињата во Купот се играат на еден натпревар во 16:00 часот на 20 април, па победниците ќе обезбедат место во финалето.

Натпреварот за трофејот е закажан за 20 мај на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Бранител на трофејот од минатата година е екипата на Силекс, кој подоцна се пресели во втората лига.


Алавес го отпушти тренерот Мендилибар

Алавес го отпушти менаџерот Хозе Луис Мендилибар по поразот од Атлетико Мадрид со 4-1 во 30. коло од шпанската лига.

Под водство на шпанскиот тренер Алавес извојува една победа во 12 натпревари и е на 20. место во Ла Лига со 22 бода. Договорот со Мендилибар првично беше со важност до крајот на оваа сезона.

Мендилибар го презеде Алавес на 28 декември 2021 година. Тој го замени Хавиер Калеха, кој исто така беше отпуштен од управата на клубот поради лошите резултати. Мендилибар беше на чело на Еибар од 2015 до 2021 година. На крајот од минатата сезона, тимот испадна од првата лига на Шпанија. Пред тоа, 60-годишниот тренер работеше со Леванте, Осасуна, Атлетик, Ваљадолид и други шпански клубови.


Артета со извинување за фановите на Арсенал по поразот од Кристал Палас

Тренерот на Арсенал, Микел Артета им се извини на навивачите за лошиот настап на екипата во поразот со 0:3 од Кристал Палас во 31. коло од Премиер лигата.

Со овој пораз Арсенал ги намали шансите за пласман во топ 4. „Топџиите“ се сега на петтото место со 54 бодови, колку што има и четвртопласираниот Тотенхем, кој има еден натпревар повеќе.

„Едноставно не бевме конкурентни, особено во првото полувреме. Доцневме на секоја топка и не бевме доволно агресивни во дуелите. Воопшто не успеавме да доминираме и примивме лесни голови. Генерално, нашиот настап беше недозволив и поради тоа се извинувам“, изјави Артета.


Атлетико загреан за Маркос Алонсо од Челзи

Атлетико Мадрид  покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесуваат шпанските медиуми.

Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината. 31-годишниот Шпанец на лето влегува во последната година од договорот, па и Челзи е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 14 милиони евра.

„Јорганџиите“ се спремни да ја платат таа сума и веќе стапиле во контакт со агентот на Шпанецот.