фудбал

Чаби Алонсо: Играме премногу меко во одбраната

Тренерот на фудбалерите на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, признава дека неговиот тим не одиграл според очекувањето на вчерашниот меч кај Вердер Бремен кој заврши 2-2 во рамките на тековното коло во Бундес-лигата.

„Бевме премногу меки во одбраната а тоа успеа да го искористи противникот во два наврата и да изедначи. Можеме и мораме да се браниме подобро. Не ни се случува тоа прв пат во сезонава. Има работи што треба допрва да ги поправиме“, беа дел од зборовите на Алонсо.


Француски стручњак е замената за Манчини во Саудиска Арабија

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија има нов селектор. На кормилото се враќа францускиот стручњак Ерв Ренар, тренерот кој изминатите две години го предводеше женскиот фудбалски тим на Франција.

Ренар се враќа во Саудиска Арабија затоа што од 2019 до 2023 година беше на клупата на репрезентацијата.

Претходно работеше во националниот тим на Мароко, БС Коска, Замбија и Ангола, како и клупски авантури во Сошо и во Лил.


Салах го спаси Ливерпул од пораз на „Емирати“

Големото дерби во Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул заврши без победник (2-2). Нерешениот резултат на „Емирати“ го врати Манчестер сити на челната позиција. „Граѓаните имаат 23 бода, еден повеќе од Ливерпул, Аесенал е на третата позиција со 18.

Арсенал блескаше во првиот дел, константно напаѓаа играчите на Микел Артета и овој дел од натпреварот го завршија со предност 2:1.

Сака погоди за Арсенал во деветтата минута, Ливерпул изедначи во 18. минута преку Ван Дајк. Во финишот на првиот дел во 43. минута Мерино ја врати предноста на страна на домашниот тим.

Вториот дел во целост му припадна на Ливерпул. Подобрата игра ја крунисаа со голот на Салах во 81.минута.


Нестварно реми на „Сан Сиро“: Интер и Јуве поделија плен со по четири гола!

Интер и Јувентус одиграа натпреварот со два пресврти, кој на крајот заврши 4-4. Од нерешениот резултат профитираше Наполи, тимот на Антонио Конте е лидер со 22 бода, четири повеќе од Интер и пет од Јувентус.

Натпреварот го отвори Зјелински со гол од пенал, а Јувентус возбрати со два гола на половина од првиот дел преку Влаховиќ и Тирам направија пресврт. До крајот на полувремето во две минути Интер ја врати предноста. Најпрвин изедначи Мхотаријан, а птооа Зјелински реализираше уште еден пенал.

Се чинеше дека Интер ќе победи кога Дамфрис погоди за 4:2. Тогаш на сцена стапи Младио Турчин Кенак Јилдиз со два гола во 71 и 82.минута.

Јилдиз стана најмладиот играч кој постигнал два гола во „Дерби дела Италија“.


Нов пораз на Тен Хаг, Јунајтед поразен и од Вест Хем

По девет кола во Премиер лигата е на 14. место. Тимот на Тен Хаг има 11 бода, 12 помалку од моментално водечкиот Манчестер сити, повеќе порази од победи, гол разликата со минус три.
Спорт

Манчестер јунајтед победува само еднаш месечно. Избраниците на Ерик тен Хаг денес загубија од Вест Хем (1-2) во 9. коло од Премиер лигатa. Од 21 септември Јунајтед го совлада само Брентфорд (2-1). Исто така во овој период имаат пет нерешени и два пораза.

На 30 октомври Манчестер јунајтед ќе го пречека Лестер во Лига Купот на Англија.По девет кола во Премиер лигата е на 14. место. Тимот на Тен Хаг има 11 бода, 12 помалку од моментално водечкиот Манчестер сити, повеќе порази од победи, гол разликата со минус три.


Чилвел заминување од Челзи, два премиерлигаши се борат за неговиот потпис

Бен Чилвел речиси сигурно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Манчестер јунајтед веќе покажа интерес за повремениот англиски репрезентативец. Тен Хаг како приоритет во јануари го стави засилувањето на левата бековска позиција.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ ќе имаат силна конкуренција во Вест Хем, кој исто така покажува сериозен интерес за Чилвел.

Чилвел е во Челзи од 2020 година и има одиграно вкупно 107 натпревари, а и самиот сака да ја промени средината.


Шведски напаѓач е прв пик за напаѓач на Арсенал следната сезона

Арсенал следното лето сака да донесе врвен напаѓач, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Њукасл, Александер Исак. Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Исак доколку не избори пласман во Лигата на шампиони.

Швеѓанецот сака да игра во Лигата на шампиони, па е спремен да ја промени средината, а Њукасл најверојатно ќе биде приморан да го продаде.

Арсенал е најсериозен кандидат за потписот на Исак и е спремен да понуди 80 милиони евра. Тренерот Артета верува дека тоа е алката што му недостасува на Арсенал и го посочил Исак како приоритет.


Ла Лига го осуди расизмот врз Ламин Јамал во Мадрид

Раководството на Шпанското фудбалско првенство го осуди расизмот против Ламин Јамал.

Поради настаните за време на натпреварот Реал Мадрид – Барселона, кои вклучија неприфатливо расистичко однесување, Ла Лига ќе пријави навреди и расистички гестови во полиција и ќе го извести обвинителот за криминал од омраза и дискриминација. Ла Лига силно ги осудува овие настани на „Сантијаго Бернабеу“ и останува цврста во својата посветеност да ги искорени сите манифестации на расизам и омраза на стадионите и пошироко. Нема место за ова зло во спортот, се вели во соопштението на Ла Лига.

Фудбалер на Барса бил подложен на навреди на расна основа по третиот гол на неговиот тим одигран синоќа на гостински терен со Реал Мадрид.


Празно скопски дерби, Струга откина бод кај Шкендија

Без победник заврши дерби натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграно попладнево во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум.

Работнички и покрај нерешениот исход останува лидер на табелата, додека Силекс се искачи на третата позиција.

Постигнати резултати:

Гостивар – Брера 4-1
Шкендија – Струга Трим Лум 1-1
Шкупи – Тиквеш 3-1
Силекс – Беса 2-0
Вардар – Работнички 0-0
Воска Спорт – Пелистер 1-1.

Табела: Работнички 23 бода, Шкендија 20, Силекс 20, Гостивар 20, Шкупи 16, Струга ТЛ 16, Беса 12, Пелистер 12, АП Брера 12, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 7


Панатинаикос поднесе жалба до Евролигата и покрај победата

Челниците на Панатинаикос поднесоа жалба до Евро-лигата по натпреварот со турскиот Фенербахче.

Грчкиот клуб изрази незадоволство што противничките навивачи го закачија знамето на Турската Република Северен Кипар. Истото беше поставено во близина на местото каде што судиите ги разгледуваа видео-снимките и редовно можеше да се види на малите екрани.

Грција и Турција се во конфликт околу Северен Кипар. Грчката страна проценува дека Турците окупирале дел од островот.