фудбал

Ориги го напушта Милан и се враќа во Премиер лигата

Дивок Ориги минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Милан, но не се снајде баш најдобро во Серија А.

Ориги беше слободе агент и имаше многу понуди, а тој избра да се пресели во Милан, каде требаше да биде големо засилување. Меѓутоа, Ориги главно ја грее клупата за резерви и сезонава постигна само два гола, па Милан е спремен да се ослободи од него.

Најсилен интерес за Белгиецот покажуваат Астон Вила и Вест Хем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Ориги сака да се врати во Премемиер лигата, но има понуди и од Турција.


ЕВРОТИП со поддршка за “Еден На Еден – Могила Куп”

Заврши вториот меѓународен фудбалски турнир “Еден На Еден – Могила Куп”.
На турнирот учество зедоа околу 1000 деца од земјата и странство, поделени во 72 екипи.

Спортските обложувалници Евротип, како општествено одговорна компанија и постојан помагател на спортот во нашата држава, секогаш се вклучува во настани кои се од значење за промоција на здравиот начин на живот и социјализација преку спортот, посебно кај децата.

Евротип и овој пат им излезе во пресрет на организаторот на турнирот и со финансиска поддршка помогна за подобра реализација на истиот.


Јуве ќе го откупи Милик од Олимпик Марсеј

Јувентус постигна договор со Марсеј за откуп на Аркадиус Милик, кој ќе остане во Торино и во наредните три години.

Милик минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Јувентус и одигра одлично постигнувајќи девет гола во сите натпреварувања. Тренерот Алегри побара од раководството да го задржи Полјакот, па „старата дама“ му ја исполни желбата.

Јувентус постигна договор со Марсеј и за неговиот потпис ќе плати 7 милиони евра.

Милик ќе стави потпис на 3-годишен договор, а и самиот истакна дека е среќен и сака да остане во Торино.


ПСЖ се вклучува во трката за Хари Кејн

ПСЖ го одреди Хари Кејн како примарна трансфер цел ова лето и веќе почна да работи на трансферот.

Ѕвездата на „Спарси“ одби да го продолжи договорот и ова лето најверојатно ќе ја промени средината бидејќи влегува во последната година од договорот.

Интерес за Англичанецот покажува Реал Мадрид, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и ПСЖ. Спортскиот директор на „светците“ Луис Кампос веќе имал состанок со претставниците на напаѓачот и започнал преговори.

Тотенхем за неговата слобода бара 110 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ја плати таа сума и да го направи Кејн наскапиот англиски фудбалер во историјата.


Челзи го претстави Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг

Челзи потпиша договор со францускиот напаѓач Кристофер Нкунку, кој доаѓа во тимот од Лајпциг.

„Сините“ го комплетираа трансферот на Нкунку за 60 милиони евра од бундеслигашот, а овој трансфер беше најавуван веќе со месеци.

„Челзи со задоволство може да соопшти дека Кристофер Нкунку ќе ни се приклучи од РБ Лајпциг во пресрет на сезоната 2023/24“, соопшти клубот.


Симеон Христов прво големо засилување на новиот Пелистер

Пелистер денес го претстави првото големо засилување, тоа е напаѓачот Симеон Христов кој доаѓа од ФК Гостивар.

Искусниот напаѓач има настапувано за ФК Вардар , ФК Работнички , ФК Македонија ЃП, ФК Тиквеш а пред 10 години ги бранеше и боите на ФК Пелистер.

„Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ“, изјави Христов по потписот на договорот.

Пелистер сезонава не успеа да се врати во Првата лига и во Втората заврши зад Воска Спорт, Гостивар и Вардар на четвртата позиција. Неодамна на кормилото на битолскиот клуб пристигна искусниот стратег Влатко Костов.


Гундоган: Уште не сум донел одлука за мојата иднина

Иднината на Илкај Гудоган е главна тема во спортските медиуми бидејќи неговиот договор со Манчестер Сити истекува на крајот на овој месец.

Гундоган се уште не го продолжил договорот со „граѓаните“ и се поврзува со многу европски гиганти. Германецот се огласи и потврди дека се уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но сигурно нема да се врати во Бундеслигата.

„Уште не сум донел одлука за иднината, се уште размислувам. Имаше контакти со Борусија Дортмунд, но не сериозни, враќањето во Бундеслигата не е дел од моите планови“, изјави Гундоган.

Најсериозен интерес за Гундоган покажуваат Барселона и Арсенал.


Двата милански клуба го сакаат Тревор Чалоба

Интер и Милан се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат италијанските медиуми.

Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар. „Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.

Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланските гиганти.

Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра, а и тој самиот потврди дека е заинтересиран за преселба во Серија А.


Јуве се вклучува во трката по Милинковиќ-Савиќ

Примарна трасфер цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.

28-годишниот фудбалер влегува во последната година од договорот со Лацио и нема намера да ја продолжи соработката. Поради тоа Лацио е спремен да го продаде ова лето и за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Јувентус е заинтересиран, но не е спремен да ја плати таа сума, па сака во трансферот да вклучи и други фудбалери. „Бјанконерите“ на Лацио му ги понудиле потписите на Пелегрини и Ровела.

Јувентус веќе е во контакт со агентот на Србинот и му нуди плата од 6 милиони евра по сезона.


Почетино потврди дека Кепа ќе биде негов прв голман

Менаџерот на Челзи, Маурисио Почетино се чини дека се откажа од идејата да бара нов голман ова лето. Аргентинскиот стручњак решил да ризикува и да му даде шанса на Кепа Аризабалага да биде број 1 на голот на лондончани во новата сезона, тврди „Ивнинг стандард“.

Во последните денови многу се шпекулира дека Челзи е во потрага по нов голман, а последен се споменуваше Џорџ Мамардашвили од Валенсија. Привлекувањето на нов голман изгледа уште поитно откако стана јасно дека Едуард Менди е пред трансфер во правец на Саудиска Арабија. Сепак, Почетино не сака нов голман и има намера да се потпре на Кепа, со надеж дека ќе го врати Шпанецот во најдобрата форма.

Челзи плати рекордни 80 милиони евра на Атлетик Билбао за Кепа во 2018 година. Сепак, Шпанецот прикажа променлива форма и во еден момент го загуби стартното место. Минатата сезона, забележа 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими 45 гола и имаше 12 „чисти“ мрежи.