фудбал

Родриго повреден, ќе го прескокне „Ел Класико“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго ќе го пропушти мечот на Реал Мадрид со Барселона поради повреда.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид ја повреди тетивата на синоќешниот натпревар со Борусија Дортмунд.

Реал победи со 5-2, а Родриго беше заменет во 85. минута.

Утре Бразилецот ќе биде подложен на магнетна резонанца за да се утврди точната дијагноза и времето за закрепнување.

Тој дефинитивно ќе го пропушти натпреварот со Барселона кој ќе се одигра на 26 октомври.


Арсими и Детонит изнедувања во осминафиналето на Купот

Во еден натпревар со малку шанси и поголема борба на средината на теренот Вардар поведе во 76. минута. Напаѓачот Дианеси доби еден дуел со противничкиот дефанзивец и успеа да го матира голманот на гостите од Кавадарци. Истиот играч во самата завршница ги постави и конечните 2-0.

Сите денешни осминафинални средби донесоа неефикасен фудбал, а во следната рунда се пласираа Гостивар со триумфот над Брегалница (1-0), која си постигна автогол, Брера која беше подобра од Беса (2-0) и Струга по триумфот над Македонија ЃП (2-0). Силекс по изведување пенали (4-3) го елиминира Шкупи, откако средбата во регуларниот дел заврши без голови.

Осминафинале:
Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново 1-0
Вардар – Тиквеш 2-0
Брера – Беса 2-0
Силекс – Шкупи 0-0 (по пенали: 4-3)
Гостивар – Брегалница 1-0
Арсими – Воска 3-1
Струга – Македонија ЃП 2-0


Чаби Алонсо заминува следното лето, Хенес прв кандидат да го замени

Челниците на Баер Леверкузен се помириле со фактот дека тренерот Чаби Алонсо најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Шпанскиот стручњак, кој на тимот му ја донесе првата титула во историјата, е на мета на неколку големи европски клубови.

Леверкузен на големо го бара наследникот на Алонсо, прв кандидат е тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, а втор е помошникот на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, Сандро Вагнер.


Зиркзе во јануари се враќа во Серија А на позајмица?

Џошуа Зиркзе по само неколку месеци во дресот на Манчестер јунајтед експресно сака да се врати во Италија.

Холанѓанецот не се снаоѓа добро во таборот на премиерлигашот и наводно не може да се навикне на животот во Англија.

Изминатото лето клубот плати 37 милиони фунти обештетување за неговиот трансфер од Болоња. Сезонава одигра вкупно осум натпревари во Премиерлигата, но само три како стартер и постигна еден гол.

Јувентус и Милан се заинтересирани да го доведат голгетерот на позајмица во јануарскиот преоден рок.


Кимих се предомисли, ќе потпише нов договор со Баерн

Џошуа Кимих капитенот на Баерн Минхен со клупските челници ги започнал преговрите околу новиот договор.

Кимих со Баварците има договор до крајот на сезоната. Во ерата на Томас Тухел беше блиску до напуштање на клубот, но откако селекторот на Англија си замине го смени мислењето.

Капитенот на Баерн, во саботата, против Штутгарт го одигра 400. натпревар за клубот.

Според германските медиуми Баерн ќе му ја понуди истата плата. Бруто платата на капитенот изнесува 20 милиони евра.


Бонучи почнува тренерска кариера, ќе биде асистент во У20 селекцијата

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи, му се приклучи на стручниот штаб на италијанската репрезентација до 20 години како помошник на селекторот Бернардо Коради, официјално соопшти денеска Фудбалската федерација на Италија.

37-годишниот Бонучи го одигра последниот натпревар од својата професионална натпреварувачка кариера во мај годинава во дресот на турски Фенербахче и одлучи да се фокусира на своите тренерски почетоци, откако неодамна со успех го положи испитот за УЕФА Б лиценца.

Бонучи ќе работи заедно со селекторот Бернардо Коради во пресрет на првиот голем предизвик во неговата тренерска кариера – Светското првенство за играчи до 20 години во Чиле, кое е закажано за септември 2025 година.

Поранешниот дефанзивец рече дека е горд што добил шанса од италијанската федерација, додавајќи оти сега е време тој да „гледа и учи“.


Барса и Атлетико ќе играат за првенствени бодови во Мајами?

Раководството на шпанската фудбалска лига побара од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) првенствениот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во декември да се одигра во Мајами.

Тоа би било првпат натпревар од шпанската Ла Лига да се игра во САД, а конечната одлука ќе ја донесе ФИФА, објави денеска Би-би-си.
Натпреварот е закажан за 22 декември, пред зимската пауза во шпанското првенство.

Атлетико и Барселона ќе играат во јануари во шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија. Претседателот на шпанската лига Хавиер Тебас во неколку наврати изјави дека сака некои прволигашки натпревари да се играат во други земји.

Барселона планираше да игра со Џирона во Мајами во јануари 2019 година, но се повлече поради противењето на Шпанската фудбалска федерација и синдикатот на играчи.


Лаутаро го израмни вековниот рекорд на Иштван Најерс

Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез , кој на натпреварот со Рома го постигна 133. гол за „нероаѕурите“ и го израмни клупскиот рекорд на Унгарецот, Иштван Најерс, вели дека останува максимално фокусиран на наредните предизвици.

„Тоа значи многу бидејќи секогаш велам дека од првиот момент кога пристигнав се чувствував како да сум роден тука. Тоа чувство на припадност ми е значајно.

Секогаш работам напорно за да му помогнам на тимот но, индивидуалните награди исто така значат многу“, изјави Аргентинецот.


Хакими пред потпис со нов договор со ПСЖ

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими е блиску до обнова на договорот со францускиот клуб.

Во последните денови се шпекулираше дека искусниот дефанзивец би можел да се врати во својот поранешен клуб Реал Мадрид откако неговиот договор со парижаните истекува во 2026 година. Сепак, тоа очигледно нема да се случи.

Преговорите меѓу клубот и Хакими се во мирување, но според последните информации од Франција, тие во последните денови имаат сериозен напредок и потпишувањето на новиот договор е само формалност.

Дефанзивецот има одлични односи со тренерот Луис Енрике, а токму тие одиграа голема улога во одлуката на Хакими да продолжи во ПСЖ.


Предраг Мијатовиќ влезе во новиот Управен одбор на Партизан

Предраг Мијатовиќ, легендарниот поранешен црногорски ас на Будуќност, Партизан, Валенсија и Реал, се врати во белградскиот клуб каде се прослави како играч. Мијатовиќ, напаѓач на Партизан од 1990 до 1993 година, е нов член на управата на белградскиот клуб, соопштено е по седницата на собранието на Партизан.

Мијатовиќ доаѓа во Партизан во време кога српскиот гигант го тресе невидена резултатска, финансиска и организациска криза и кога долгот на клубот изнесува 60 милиони евра.

Партизан летово беше елиминиран од сите три европски натпреварувања во прелиминарните рунди. Во првенството по десет одиграни натпревари веќе заостануваат 11 бода зад актуелниот шампион и лидер Црвена звезда, од која сезонава како домаќини загубија со 4-0.

Мијатовиќ најави дека нема да се пресели во Белград. Ќе работи од Шпанија: „Искрено, се уште не знам како сум денес овде. Но, станува се појасно. Се сретнавме двапати, таа одлука ја донесовме завчера. Си реков: дали е можно дека сум овде. Тука дојдов без никаков финансиски интерес, едноставно нешто „одвнатре“ ме викна“, изјави Мијатовиќ.

Тврди дека го убедил новиот претседател на Партизан, Расим Љајиќ: „Му реков благодарам како успеа да ме „сршиш“ и дам е убедиш. Имв повици од многу луѓе, сега имам информации и кога Расим ме убедуваше, како ме убеди, можеби еднаш и ќе кажеме како било во некои посреќните времиња“.