фудбал

Левандовски му предложил полски дефанзивец на Чави и Лапорта

Роберт Левандовски е најголемото засилување за Барселона во летниот преодниот рок, полскиот напаѓач игра одлично на стартот од сезоната.

Сега новинарите на „Тутоспорт“ пренесуваат дека Левандовски и сугерирал на управата на Барселона да ја разгледа опцијата за доведување на дефанзивецот на Специја, Јакуб Кивиор. Овој фудбалер настапи на последните два натпревари на Полска во Лигата на Нации против Холандија кога беше еден од најдобрите играчи на теренот и против Велс.

Дефанзивецот одработи одлично во одбраната, а неколку пати спасуваше и чист гол. Во тие моменти тој го импресионирал Левандовски кој го предложил на Барселона.


Трајковски го прослави јубилејниот 300-ти натпревар во кариерата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски прослави одличен играчки јубилеј.

Македонскиот напаѓач го одигра својот 300-ти натпревар во кариерата, овојпат носејќи го дресот на Ал Фехја во победата на Ал Шабаб со резултат 1:2.

Трајковски преку пост објавен на социјалните мрежи му се заблагодари на сите клубови за кои настапувал и за довербата која тие клубови му ја дале. 

Тој во кариерата го носеше дресот на Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Алборг.


Сити му нуди нов договор на Фоден

Еден ден после дерби натпреварот помеѓу градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, англиските медиуми ја пренесуваат веста дека Сити решил да му понуди нов договор со подобрени финансиски услови на фудбалерот Фил Фоден.

Според информациите Фоден со новиот договор би заработувал 240 илјади евра неделно, и би останал во клубот до 2027.година.

Англискиот репрезентативец е „дете“ на Манчестер Сити и се очекува негово прифаќање на новиот предлог договор во најскоро време.

Фоден на дербито со Јунајтед кое заврши со победа на Сити од 6:3, постигна хет-трик, исто како и неговиот соиграч Халанд.


Клоп: Имаме малку бодови и тоа е реалноста во моментов

Ливерпул вчера одигра дома со Брајтон 3-3 во трилер меч во Премиер-лигата а тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, вели дека гостите го заслужиле освоениот бод на „Енфилд“.

„Брајтон е многу добар тим.Играа со нова формација и бевме малку изненадени. Губевме со 2-0 и успеавме да се вратиме. Можевме и да победиме но, знам дали ќе беше заслуженo. Можевме да се браниме многу подобро, таков е фудбалот и мораме да го прифатиме. Знам дека имаме 10 бода и тоа е реалноста“, потенцираше Германецот.


Руни открива кој фудбалер му беше најдобар соиграч во кариерата

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, откри кој му беше најдобар соиграч во кариерата. Руни за идеален партнер во тимот го избра Карлос Тевез кој настапуваше за Јунајтед од 2007 до 2009 година.

„Тевез беше фудбалерот со кој уживав да играм како напаѓач. Двајцата одлично се разбиравме и надополнувавме на теренот“, изјави Руни.

36- годишниот Руни за Манчестер Јунајтед одигра 559 натпревари и постигна вкупно 253 гола.


Баерн го капариса големиот талент на Баер Леверкузен

Баерн Минхен е спремен да го сруши трансферниот рекорд за да го доведе младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.

19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера. Поради тоа Баерн е спремен да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Алијанц Арена“.

Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.


Де Брујне го мина Давид Силва по бројот на асистенции во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, го надмина рекордот на поранешниот клупски играч Давид Силва по бројот на асистенции.

На вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед (6-3) Белгиецот имаше две асистенции, сега има 94 асистенции на 218 премиерлигашки натпревари. Така, играчот од средниот ред го собори рекордот по бројот на асистенции за клубот, кој претходно му припаѓаше на Давид Силва. Шпанецот додека настапуваше за Манчестер Сити имаше 93 асистенции. За одбележување е тоа што Белгиецот одигра 91 натпревар помалку од Силва.

По осум кола од актуелната сезона во Премиер лигата, Де Брујне има еден гол и осум асистенции за клубот.


Рубен Невеш од Вулверхемптон е замена за Бускетс во Барса

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Барселона веќе ги започна преговорите.

Интерес за Невеш покажуваат уште Арсенал и Манчестер Сити, но тој преферира трансфер во Барселона.


Инзаги: Разочарани сме од овој незаслужен пораз

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, тврди дека неговата екипа го одиграла најдобриот сезонски меч и дека не заслужила пораз од Рома во вчерашното дерби на Серија „А“.

„Знаеме дека во вторник нè очекува важен натпревар во Лигата на шампионите (против Барселона), но нормално е да бидеме разочарани по денешниот сосема незаслужен пораз.

За жал, не стигнавме да славиме со навивачите кои нон стоп не поддржуваат. Сите треба да направиме повеќе започнувајќи од мене“, изјави Инзаги.


Сампдорија одлучи да го смени тренерот Џампаоло

Италијанскиот калчолигаш Сампдорија го отпушти тренерот Марко Џампаоли после лошите резултати на почетокот од сезоната. Џампаоло отказот го доби после поразот од екипата на Монца со 0:3.

Популарната Сампа после осум одиграни натпревари е последна на табелата во Серија А со само два освоени бода.

Екипата на Сампдорија во наредното коло од италијанското првенство ќе му гостува на Болоња.