фудбал

Реал ќе го врати Кепа во Челзи на крајот на сезоната

Реал Мадрид нема да го задржи Кепа Аризабалага и голманот ќе се врати во Челзи од каде што пристигна на позајмица во август оваа година.

Шпанскиот голман беше ангажиран како замена за Тибо Куртоа кој се повреди за време на подготовките и ќе ја пропушти комплетната сезона. Аризабалага доби прилика да застане на голот, но со своите настапи не успеа да ги убеди луѓето во Реал Мадрид да го откупат неговиот договор.

Во овој момент Анчелоти му дава поголема доверба на Андреј Лунин кој на последните натпревари беше прв избор. Одлуката дека клубот нема да смета на него веќе му била соопштена и на Кепа и неговата менаџерска агенција.

Од друга страна договорот на Кепа со Челзи е со важност до 30-ти јуни 2025 година, а бидејќи и во англискиот клуб не сметаат на него најверојатно ќе биде продаден во летото кое следи.


Интер Мајами втор МЛС-клуб со вредност преку милијарда долари

Интер Мајами стана втората највредна франшиза во МЛС лигата, објави Форбс. Според изданието, вредноста на клубот е зголемена за 72% во однос на минатата година и сега изнесува 1,03 милијарди долари.

Се потенцира дека главната причина за овој раст е потпишувањето на договор со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси од страна на Интер Мајами во летото 2023 година.

Интер Мајами, наводно, стана вториот клуб во историјата на лигата кој е проценет на 1 милијарда долари, според Форбс. Претходно, ФК Лос Анџелес ја постигна таа пресвртница во 2023 година и останува највредниот тим на МЛС лигата со приходи од над 1 милијарда долари, односно 1,2 милијарди долари.

36-годишниот аргентински напаѓач Лионел Меси се пресели во Интер Мајами во јули 2023 година како слободен играч. На 14 натпревари за својот нов клуб, Меси постигна 11 гола и даде пет асистенции.


Ројс летово ја напушта Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс е блиску до заминување од тимот на крајот на сезоната, пренесува „Билд“.

Договорот на 34-годишниот Германец истекува ова лето и според таблоидот, најверојатно клубот нема да му понуди нов договор.

Одговорните во клубот сметаат дека ветеранот веќе го дал својот максимум и помладите играчи треба да бидат лансирани како негови наследници.

Марко Ројс пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ во 2012 година. Ројс одигра 24 настапи за тимот во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи шест гола и давајќи три асистенции.


Пекерман мора да биде обештетен од Венецуелската фудбалска федерација

ФИФА и наложи на Венецуела да му плати речиси три милиони долари на својот поранешен селектор Хозе Пекерман како компензација за отказот во март 2023 година.

Фудбалскиот сојуз на Венецуела ќе му плати на Пекерман 1.71 милион долари како оштета, плус 5% годишна камата од 23. Август 2023 година до подмирувањето на долгот и 1.14 милиони долари казна, стои во соопштението на ФИФА.

Како што пишува венецуелскиот печат, Хозе Пекерман добил отказ откако при ревизијата биле откриени неправилности поврзани со Паскал Лескан, „десната рака“ на тренерот.

Доаѓањето на поранешниот селектор на Колумбија и Аргентина ги зголеми очекувањата во Венецуела, единствената земја на КОНМЕБОЛ која никогаш не се пласирала на Светското првенство.


Две големи засилувања од Премиер лигата за Галатасарај

Галатасарај се засили со напаѓачот на Фулам, Карлос Винисиус и десниот бек на Нотингем Форест, Серж Ауриер.

31-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Серж Орие, ќе го замени Саша Боје, кој беше продаден на Баерн Минхен.

Карлос Винисиус пак пристигнува на позајмица од Фулам за 600.000 евра до крајот на сезоната со право на откуп.

Бразилскиот фудбалер одигра вкупно 48 натпревари за Фулам, постигна осум гола и имаше три асистенции.


Баерн не се откажува од потписот на Араухо

Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра од Баерн Минхен за Араухо.

Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му го претстави проектот на Баерн со него во центарот на одбраната, но Уругваецот остана во Барселона.

Сепак, Баварците не се откажуваат од Уругваецот и во летниот преоден рок ќе направат уште еден обид да го доведат во Минхен.

На лето Баерн е спремен да го продаде Де Лихт и да испрати понуда од 100 милиони евра за Араухо, сума која Барса нема да може да ја одбие.

Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра од Баерн Минхен за Араухо. Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му го претстави проектот на Баерн со него во центарот на одбраната, но Уругваецот остана во Барселона. Сепак, Баварците не се откажуваат од Уругваецот и во летниот преоден рок ќе направат уште еден обид да го доведат во Минхен. На лето Баерн е спремен да го продаде Де Лихт и да испрати понуда од 100 милиони евра за Араухо, сума која Барса нема да може да ја одбие.


ФИФА дозволи да се игра фудбал на надворска висина од 4.000 метри

ФИФА во 2007 година забрани одигрување меѓународни натпревари
на надморска височина над 2.500 метри за да го заштити здравјето на
фудбалери, но една година подоцна ја укина одлуката.
Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) одобри
натпреварот од Копа Либертадорес меѓу боливискиот клуб Олвејс
Реди и перуански Спортинг Кристал да се одигра на 20 февруари на
фудбалскиот стадион во боливискиот град Ел Алто на надморска
височина од 4.083 метри.
Претставници на КОНМЕБОЛ во понеделникот го посетиле
стадионот „Виља Ингенио“ отворен во 2017 година со капацитет од
25.000 седишта, пред да дадат зелено светло за одигрување на
натпреварот од второто коло во Копа Либертадорес,
јужноамериканскиот еквивалент на европската Лига на шампиони.


Алегри добива нов договор на клупата на Јувeнтус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе остане на клупата на најтрофејниот италијански фудбалски клуб до лето 2025 година, независно од резултатите оваа сезона, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Според истите извори, клупското раководство е задоволно како напредува тимот под водство на Алегри и двете страни веќе договораат стратегија околу засилувањата за следната сезона.

Алегри во 2021 година го почна вториот мандат во Јувентус, кој резултатски е далеку од првиот во кој од 2014 до 2019 на клубот од Торино му донесе пет последователни шампионски титули во Серија А.

Јувентус во моментов е второпласиран во Серија А со 53 бодови, еден помалку од лидерот Интер, кој има одиграно натпревар помалку.


Џеси Лингард се сели во Јужна Кореја

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој нема клуб од изминатoто лето, ќе замине во Јужна Кореја.

31-годишниот фудбалер ќе потпише за екипата на Сеул откако двете страни ги договориле условите. Лингард таму треба да остане две години. Тој имаше опции да оди во Саудиска Арабија и Турција.

Крилниот напаѓач последен пат играше за Нотингем Форест во сезоната 2022/23 кога на 20 средби постигна две гола во сите натпреварувања.


Брајан Сарагоса: Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер

Баерн Минхен официјално го потврди трансферот на Брајан Сарагоза Мартинез, кој во Минхен пристигнува од редовите на Гранада.

Станува збор за 22-годишен фудбалер офанзивен фудбалер, кој оваа сезона одигра 21 натпревар за Гранада со ефект од шест гола и две асистенции.

„Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер играјќи со најдобрите. И благодарам на Гранада за шансата што ми ја даде, тоа нема да го заборавам. Се радувам на новиот предизвик. Имаме големи цели ќе видиме што ќе се случува натаму“, истакна Сарагоса.