фудбал

Варди по дванаесет години заминува од Лестер

Aнглискиот фудбалер Џејми Варди по цели 12 години би можел да го напушти Лестер.

Информациите говорат дека Варди добил понуда од Саудиска Арабија и би можел да ја прифати. Варди за време на репрезентативата пауза е во Бахреин, но на 40 километри од оваа земја.

Како една од причините поради која Вардари би можел да ја прифати понудата е спорот кој го изгубила неговата сопруга Ребека со сопругата на Вејн Руни, Колин.

Ребека на ќе мора да плати казна од 1.8 милиони фунти поради објавување на приватни информации


Огромна парична казна на Форест заради објава на социјални мрежи

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Нотингем Форест со 750.000 фунти поради објавата што клубот ја направи на социјалната мрежа Х на натпреварот со Евертон  во претходната сезона.

На официјалниот профил на Форест по крајот на натпреварот пишуваше следново: „Три крајно лоши одлуки – три пенали не беа досудени, што е едноставно недозволиво. Го предупредивме Судискиот комитет (PGMOL) пред натпреварот дека судијата на ВАР (во овој случај Стјуарт Атвел) е навивач на Лутон, но тие не го заменија.

Според ФА, текстот претставува „напад на судискиот интегритет од невидени размери“ а Атвел е жртва на неодговорниот пост на Форест.


Одегард ќе паузира дури до декември заради повредата на зглобот

Главниот организатор на играта на фудбалскиот состав Арсенал, Мартин Одегард, има потешка повреда и веројатно ќе паузира до последниот месец во годинава, најавија денеска медиумите во Англија.

Играчот од средниот ред заработи повреда на зглобот на мечот на Норвешка против Австрија во септември.

Тој од почетокот на сезоната одигра само три натпревари во Премиер лигата. Очигледно неговото закрепнување оди побавно од очекуваното.


Ериксен во јануари заминува од „Олд Трафорд“

Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен индиректно потврди дека најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Договорот на играчот е само до крајот на сезоната а тој самиот изјави дека се уште не се разговарало за негово продолжување.

„Имам одредено искуство во фудбалот. Ако ја имате брзината, експлозивноста, способноста за трчање и се останато, тогаш мислам дека нема голема разлика помеѓу 29 и 32 години“ – вели Ериксен.  

Тој со неговата Данска деновиве ќе игра против Шпанија и Швајцарија.


Милан состави листа на засилувања за оваа зима

Челниците на фудбалскиот состав Милан, планираат да ангажираат најмалку три нови имиња во текот на зимскиот трансфер период.

Првото име е Андреас Сков Олсен од Бриж кој има искуство во Серија А кога играше за Болоња. Потоа се разгледува можноста и за Ноа Ланг од ПСВ Ајндховен и за Исмаила Сар од Кристал Палас. Во исто време се претпоствува дека  Чуквуезе, Окафор и Јовиќ ќе бидат понудени на трансфер-пазарот.

Тројцата не влегуваат во плановите на тренерот, Фонсека и затоа ќе мора да побараат друга средина.


Џонатан Та прв пик за одбраната на Реал

Луѓето од Реал Мадрид ги направиле првичните контакти со претставниците на фудбалерот, Џонатан Та, пренесоа дел од медиумите во Шпанија.

„Кралевите“ се соочуваат со многу повредени играчи и затоа сакаат да обезбедат квалитетни засилувања. Се претпоставува дека евентуалниот трансфер на фудбалерот на Баер Леверкузен, може да се случи во зимскиот период.

Та во сезонава има одиграно четири средби. Неговата трансферна сума е околу 30 милиони евра.  


Алисон скоро два месеци надвор од терените

Ливерпул ќе биде без првиот голман Алисон Бекер до крајот на
репрезентативната пауза во ноември, откако се вратија тестовите за повредата што ја заработи при победата од 1-0 на гостувањето
кај Кристал Палас викендов.
Бразилскиот интернационалец беше принуден да го напушти
натпреварот на Селхурст Парк поради проблем со тетивата.
„Тајмс“ пишува дека поради сериозноста на проблемот тој нема
да се врати на терените до крајот на репрезентативната пауза
следниот месец.
Позитивната вест е дека Алисон најверојатно ќе се врати навреме
за натпреварите од Лигата на шампионите со Реал Мадрид на
„Енфилд“ на 27 ноември и гостувањето кај шампионот Манчестер
Сити на 1 декември.


Баер Леверкузен спрема нов договор за Вирц

Баер Леверукзен ќе ја продолжи соработката со 21-годишниот
напаѓач, Флоријан Вирц, најавуваат денеска медиумите во
Германија.
Елитниот состав од Бундеслигата сака да му понуди на младиот
голгетер нов договор кој ќе биде валиден до 2028 година. Самиот
играч неодамна нагласи дека му се доаѓа кај „фрамацевтите“ и
дека нема намера во догледно време да ја менува средината.
Вирц во сезонава постигна четири голови и направи една
асистенција на шест натпревари.


Зубименди категорички ги одби Пеп и Сити

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, нема намера
да прифати евентуална понуда од Манчестер Сити.
Познато е дека англискиот состав бара соодветна замена за
повредениот, Родри а изборот наводно, паднал на 25-годишниот
играч на шпанскиот тим.
„Мислам дека е најдобро за мене да останам во Реал Сосиедад.
Имам уште многу да му дадам на клубот, уште сакам да растам и
да се развивам тука“, вели Зубименди.


Атлетико го смени името на својот стадион

Атлетико Мадрид го смени името на својот стадион. „Цивитас
Метрополитано“ и отсега ќе го носи името „Ријад Ер
Метрополитано“.
Тоа веќе го пишува на објектот, со тоа што дебито е на 20
октомври кога Атлетико Мадрид ќе го пречека Легањес. Екипата
на Атлетико Мадрид ќе добие 250-300 милиони евра откако ќе
потпишат договор на 9 години со арапската компанија.
Атлетико игра на Метрополитано од сезоната 2017/18. Во
почетокот објектот го носеше името „Ванда Метрополитано“,
потоа беше променето во „Цивитас Метрополитано“.