фудбал

Европскиот вицешампион декласиран од тајландски прволигаш

Европскиот вицешампион декласиран од тајландски прволигаш

Борусија Дортмунд одигра сезона во која стигна и до финалето во Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата играше променливо. Сега во предсезоната „милионерите“ немаат добри резултати.

По ремито со Езгебирге, европскиот вицешампион беше прегазен од тајландскиот прволигаш Патум со убедлви 4-0.

Иако Борусија не играше со најсилниот тим сепак на теренот истрчаа фудбалери како: Суле, Адејеми, Але, Брандт…но, ниту тие не помогнаа да се избегне дебаклот.


Боатенг казнет со висока глоба заради семејно насилство

Поранешниот германски фудбалер Џером Боатенг (35) е казнет условно со глоба од 200.000 евра поради намерно нанесување физички повреди на поранешната партнерка и мајка на нивните близнаци, одлучи денеска судот во Минхен.

Казната Боатенг ќе мора да ја плати само доколку го повтори прекршокот, но судот му нареди да плати 100.000 евра за хуманитарни цели.

Боатенг, кој беше репрезентативец на Германија кој го освои светскиот шампионат во 2014 година, имаше физичка пресметка со својата поранешна партнерка за време на годишниот одмор во 2018 година.

Боатенг негираше дека ја повредил поранешната партнерка.

Обвинителството има рок од една недела за евентуална жалба на оваа пресуда, додека Боатенг преку својот адвокат изјави: „Ми олесни што овој повеќегодишен кошмар заврши. Сега сакам да се концентрирам на моето семејство и фудбалот“.


Лукаку би ја намалил платата за да заигра за Конте и Наполи

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку би можел да ја продолжи кариерата во Наполи, пренесува новинарот Фабрицио Романо. Триесет и едно годишниот Белгиец е подготвен да ја намали својата плата од 11 милиони евра на 6 милиони.

Репрезентативецот на Белгија сака повторно да работи под водство на Антонио Конте. Во моментов трансферот на Лукаку зависи од евентуална зделка која би го испратила Виктор Осимен во Пари Сен Жермен.

Лукаку се врати во Челзи во 2021 година. Минатата сезона напаѓачот настапуваше за Рома како позајмен играч. За Римјаните забележа 47 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 4 асистенции. 


Клоп за селектор е желбата на англиските фанови

Фудбалската асоцијација е во потрага по нов селектор на Англија, откако Герет Саутгејт минатата недела објави дека се повлекува како прв човек на националниот тим.

Саутгејт поднесе оставка по поразот од Шпанија (1-2) во финалето на Европското првенство и челниците на англискиот фудбал сега се во потрага по негов наследник.

Во медиумите се споменуваат неколку имиња, но засега никој не може со сигурност да каже кој ќе биде новиот тренер. Кој е тој што би отишол чекор понапред од Саутгејт и конечно би освоил титула со репрезентацијата на Англија?

Би-Би-Си се вклучи во потрагата по нов селектор. Медиумот направи анкета меѓу своите читатели и навивачите на англиската репрезентација.

Најмногу гласови доби екс менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. За Германецот гласале 29% од учесниците во истражувањето. На второ место е менаџерот на Њукасл Еди Хау со 19%, додека трет е менаџерот на шампионот Манчестер Сити, Шпанецот Пеп Гвардиола со 15%.


Миодраг Пиваш од српска втора лига потпиша за Њукасл

Српскиот фудбалер Миодраг Пиваш официјално е нов играч на Њукасл. 

19-годишниот Пиваш минатата сезона го носеше дресот на второлигашот Јединство од Уб, а откако им помогна да влезат во првата лига направи трансфер од соништата.

Премиерлигашот за неговите услуги платил 800.000 евра, додека Јединство ќе има и 20% од следниот трансфер на младиот Србин.


Куман: Реал уште е супериорен во однос на Барса

Поранешниот тренер и легенда на Барселона, Роналд Куман го сподели своето мислење за Реал Мадрид и Барселона пред почетокот на новата сезона во Ла Лига.

Неговото мислење воопшто нема да им се допадне на навивачите  на Барселона, бидејќи Куман тврди дека Реал е супериорен во многу аспекти.

Реал Мадрид минатата сезона ги освои Лигата на шампиони и Ла Лига, додека Барселона целосно разочара.

„Реал на многу начини е супериорен во однос на Барселона. Знам дека Барса има многу млади играчи како Ламин, Педри и Гави, но им треба некој како Мбапе покрај кого тие играчи ќе се развиваат“, кажа Куман.


Камарда стави потпис на нов договор со Милан

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 16 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Тој денес стави потпис на првиот професионален договор и се обврза на верност со Милан, иако беше на мета на многу европски гиганти.

Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.

Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а Милан успеа да го задржи со долгорочен договор.


Ливерпул му го краде Копмајнерс на Јувентус

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Компајнерс одигра одлично на дуелот со Ливерпул во Лига Европа, па „црвените“ останале импресионирани и сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.

Интерес за Копмајнерс покажува и  Јувентус, но Ливерпул во моментов е во предност бидејќи испратил подобра понуда до фудбалерот. Аталанта за слободата на Холанѓанецот бара 70 милиони евра, а „црвените“ се спремни да платат 60 милиони, па двете страни се блиску до договор.


Хјулманд си замина, Данска ќе добие нов селектор

Каспер Хјулманд повеќе не е селектор на данската фудбалска репрезентација, откако поднесе оставка од таа функција.

По Европското првенство Хјумланд се сретна со челниците на Фудбалскиот сојуз на Данска и двете страни постигнаа договор за раскин на соработката.

Хјулманд ја водеше Данска од 2020 година, а најголемиот успех го постигна на Европското првенство во 2021 година, кога Данците стигнаа до полуфиналето, каде беа елиминирани од Англија.

На неодамна завршеното Европско првенство Данска беше елиминирана во осминафиналето од домаќинот Германија (0-2), а претходно ја помин групата Ц со три нерешени натпревари против Словенија (1-1), Англија (1-1) и Србија (0-0).

На Мундијалот во Катар избраниците на Хјумланд беа елиминирани во групната фаза. Мортен Вегхорст привремено ќе биде негов наследник до 2025 година. Ова значи дека тој ќе ја предводи Данска во Лигата на Нации каде што Данците се во група со Србија, Шпанија и Швајцарија.


Пјер-Емерик Обамејанг потпиша за клуб од Саудиска Арабија

Екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Детали за трансферот на 35-годишниот Габонец не се откриваат, но според инсајдерот Фабрицио Романо договорот е на две години.

Минатата сезона Обамејанг играше во Франциј аво дресот на Олимпик (М) за кој одигра 51 натпревар на кои постигна 30 голови и имаше 11 асистенции.