фудбал

Ливерпул негира заминување на Салах

Англиските медиуми пренесова дека Салах ја прифатил понудата од Ал Итихад, кој му нуди 60 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, Ливерпул останува на цврстиот став, дека Салах не е на продажба. Тие потврдија дека Ал-Итихад е заинтересиран за Египќанецот и дека испратиле богата понуда, но „црвените“ не сакаат да ја продадат својата ѕвезда.

Сепак, Салах е заинтересиран за трансфер и дал зелено светло со тоа што ја прифатил понудата.


„Бисерот“ на Монпелје е следна трансфер цел на Челзи

Како приоритет на Челзи до крајот на преодниот рок ќе биде доведување на нов напаѓач.

Со оглед на потешкотиите да дојдат до потписот на Влаховиќ, „сините“ сега ќе се насочат кон младиот француски напаѓач и ѕвезда на Монпеље, Елије Вахи.

20-годишниот напаѓач минатата сезона за Монпеље постигна 19 гола и 6 асистенција и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Покетино го посочил Вахи како врвен приоритет, а и самиот напаѓач сака да се пресели во Премиер лигата.

Челзи е спремен да понуди 40 милиони фунти за неговиот потпис, но најпрво сака да се ослободи од Ромелу Лукаку и неговата висока плата.


Јуве го враќа Мората, Кин на излезни врати

Макс Алегри нема да смета на Моис Кин во новата сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Италијанскиот напаѓач поради недисциплина е исфрлен од тимот и „бјанконерите“ сакаат да го продадат до крајот на преодниот рок.

Желба на Масимилијано Алегри е во клубот да го врати Алваро Мората, со кого имаше одлична соработка во минатото.


Вест Хем го договори Кудус од Ајакс

Вест Хем е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ајакс, Мохамед Кудус, пренесуваат медиумите на Островот.

Вест Хем постигнал договор со Ајакс за трансфер на Кудус тежок 40 милиони фунти и напаѓачот утре ќе пристигне на лекарски прегледи во Лондон.

Репрезентативецот на Гана беше голема желба на Челзи, бидејќи Покетино е во потрага по нов напаѓач.

„Чеканите“ ја победија конкуренцијата и после долги преговори постигнаа договор со Ајакс.


Педри неколку недели во аут поради повреда

Еден од најдобрите поединци на Барселона, Педри,заработи повреда на бутниот мускул пораду што ќе отсуствува од терените во наредните неколку недели.

20-годишниот шпански репрезентативец, повредата ја заработи во претходното коло од Ла Лига и натпреварот со Кадиз.

Од медицинскиот тим на Барселона претпоставуваат дека паузата на Педри ќе трае од три до четири недели, поради што играчот ќе ги пропушти и натпреварите на Шпанија во квалификациите за Европското првенство на 8 и 12 септември.


Габи Веигра го одби Наполи и замина во Саудиска Арабија

Габри Веига е еден од најдобрите млади шпански фудбалери. Фудбалерот од средниот ред на Селта во последниве месеци наголемо се поврзуваше со Реал Мадрид и Наполи.

На почетокот на пролетта се чинеше дека Реал ќе го откупи и ќе го остави во Селта на позајмица, но договор не беше постигнат. Наполи цело лето преговараше со Селта и играчот, но трансферот не се реализираше ниту таму. Наполи се откажа од Веига во петокот бидејќи Селта ги промени условите на трансферот, а потоа во приказната влезе и Саудиски Ал Ахли, кој ѝ го понуди на Селта тоа што го бараше.

Фабрицио Романо пишува дека зделките се воделе во тајност и не се познати конкретни бројки за овој изненадувачки трансфер.

Според Трансфермаркт, Веига вреди 30 милиони евра, а во Ла Лига на 50 натпревари постигна 11 гола и четири пати асистираше.


Ливаковиќ на лекарски прегледи во Фенербахче

Хрватскиот репрезентативен голман, Доминик Ливаковиќ, денеска ќе пристигне во Истанбул каде треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со екипата на Фенербахче. Турскиот клуб утрово со кусо соопштение потврди дека постигнал договор со Динамо Загреб за трансферот на Ливаковиќ и дека во текот на денот ќе го официјализира новото засилување.

Капитенот на Динамо го напушта клубот на денот на најважниот натпревар на хрватскиот шампион, првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на Европа против Спарта Прага. Зделката доаѓа откако досегашниот прв голман на Фенер, Алтај Бајиндир, ги помина лекарските прегледи во Атина и деновиве ќе го затвори трансферот во Манчестер Јунајтед за сума од 7 милиони евра.


Маунт шест недели надвор од терените

Повредата на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт се покажа како посериозна од очекуваното и тој ќе биде надвор од терените подолго време, објави Дејли Мејл.

Претходно во текот на неделата се зборуваше дека поранешниот играч на Челзи ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот до репрезентативната пауза, но ќе биде достапен после тоа. Сепак, последните наоди покажале дека повредата ќе го оддалечи Маунт од терените и до шест недели.


Бернардо Силва го продолжи договорот со Манчестер Сити

Португалскиот репрезентативец, Бернардо Силва, го продолжи договорот со Манчестер Сити и ќе остане во клубот до јуни 2026 година.

“Го сакам тренерот, соиграчите и навивачите. Се надевам дека во иднина ќе можеме да поделиме уште поубави спомени во наредните години“, изјави Силва.

Бернардо Силва во Сити стигна 2017.година од Монако, а за актуелниот освојувач на тројната круна одигра 308 натпревари и освои 14 трофеи.


Марибор е новата средина на Бехар Фета

Бехар Фета и официјално е промовиран како нов фудбалер на Марибор. Воска Спорт во текот на вчерашниот ден го потврди трансферот на Фета во 16-кратниот шампион на Словенија.

За Фета ова е прв интернационален предизвик и голем чекор напред во неговата кариера. Со Марибор Фета потпиша договор на три години.

Со 20 години тој ги помина сите младински категории на Македонија, а во овој момент е член на селекцијата до 21 година за која собра шест настапи. Пред Воска беше дел од Шкендија.