фудбал

Митровиќ експресно се враќа во Англија

Моментално најдобриот српски напаѓач и ѕвездата на Ал Хилал, Александар Митровиќ, би можел да се врати во Премиер лигата по шестмесечна пауза. Според новинарот на Sky Sport, Кит Дауни, Митровиќ би можел да се врати во Њукасл.

„Страчките“ наводно планираат да ја засилат офанзивната линија во која ги имаат Александер Исак и Калум Вилсон кои често имаат проблеми со повредите, а Србинот дополнително би можел да создаде конкуренција во нападот.

Како што пишуваат Англичаните, планот е Митровиќ да дојде на позајмица во соработка со саудискиот државен фонд кој стои зад тамошната инвестиција во фудбалот, како и Њукасл.

Останува прашањето каква реакција ќе предизвика тоа кај челниците на клубот од Ријад, со оглед на тоа што српскиот репрезентативец на 26 натпревари постигна 25 гола.

Тој дефинитивно е една од најголемите ѕвезди во Саудиска Арабија, но Њукасл може да биде примамлива дестинација.


Ливерпул фаворит за потписот на Тодибо

Ливерпул неочекувано би можел да се засили во јануарскиот преоден рок по повредата на Жоел Матип, а тренерот Јирген Клоп е заинтересиран за голема желба на неговиот колега од Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Клоп сака да го купи Жан-Клер Тодибо од Ница до крајот на јануарскиот преоден рок. Овој фудбалер се поврзуваше и со Тотенхем, а беше желба и на „црвените ѓаволи“. Тодибо има одлични односи со Конате, кој наводно учествува во преговорите и сака да го убеди да потпише за „црвените“ од „Енфилд“.

Ливерпул најверојатно ќе плати околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, а дел од сумата ќе добие и Барселона.


Матиќ изненадувачки потпишува за Милан

Немања Матиќ ќе ги напушти Рен, а главната причина е што е лут на клубот, бидејќи не го испочитувале договорот за упис на неговите деца во меѓународно училиште во Франција.

Матиќ решил да ги спакува куферите и демонстративно да си замине, па веќе не се појавува и на тренинзите со тимот. Двете страни ќе го раскинат договорот, а Србинот е веќе во потрага по нов клуб и најверојатно ќе се врати во Италија.

Итерес за него покажува Милан, кој сака да го доведе до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една сезона. Ибрахимовиќ е голем пријател со Матиќ и тој инсистира на негово доаѓање во Милан.


Матсен од Челзи позајмен во Дортмунд

Eден ден откако го врати Џејдон Санчо, Борусија Дортмунд објави дека се засилува и со фудбалер од редовите на Челзи.

Нов член на „сините“ е 21-годишниот Ијан Матсен. Како и Санчо и Холанѓанецот за „милионерите“ ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Договорот на Матсен со Челзи е до 2026 година и Борусија засега нема опција за откуп. Претхоно, Матсен беше дел од младинските категории на Феенорд, Спарта Ротердам, ПСВ и Челзи.

Во првиот тим на Челзи беше промоввиран во 2019 година и досега собра 12 настапи во Премиер лигата. Како позајмен фудбалер беше дел од Чарлтон, Барнли и Ковентри. Станува збор за фудбалер кој може да игра како лев бек или лево крило.


Јуве се вклучи во трката за Самарџиќ

Лазар Самарџиќ, кој настапува во Удинезе, беше пред промоција во Неапол, меѓутоа сега Јувентус изби во прв план за неговиот потпис.

Србинот кој е роден во Германија и има двојно државјанство, во летниот преоден рок беше поврзуван со Интер.

Покрај Јувентус и Наполи, за Самарџиќ е заинтересиран и составот на Брајтон.


Даер го замени дресот на Тотенхем, со тој на Баерн

Играчот за врска на Тотенхем, Ерик Даер кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.

Баварците со тоа ја исполнија целта да обезбедат засилување за средниот ред. Даер го облече дресот на „спарси“ во 2014 година и до претходната сезона беше речиси незаменлив на неговата позиција.

Одличниот фудбалер денеска во Минхен треба да ги заврши сите формалности и да потпише со германскиот гигант.


Раде Круниќ се договори за трансфер во Фенербахче

Милан и Фенербахче постигнаа договор за трансфер на Раде Круниќ во турскиот гигант, потврдија италијанските медиуми.

После неколку неделни преговори двата клуба конечно постигнаа договор вреден 5 милиони евра.

Круниќ денеска ќе пристигне во Истанбул на лекарски прегледи и ќе стави потпис на 3,5 годишен договор.


Фенер го претстави Леонардо Бонучи

Фенербахче го комплетираше трансферот на Леонардо Бонучи кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Кратко траеше епизодата на Бонучи во Унион Берлин, па по неколку месеци се сели на нова дестинација.

Бонучи вчера ги помина медицинските прегледи и ја официјализираше соработката.


Бразил мина без казна од ФИФА

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) нема да воведува санкции за бразилската репрезентација и клубовите од земјата, пишува „Inside the Games“.

На 25 декември, ФИФА ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можна суспензија од меѓународните натпреварувања поради наводно мешање во изборот на нов шеф на организацијата.

На 7 декември, судот во Рио де Жанеиро го суспендираше Родригез да работи за CBF поради изборни нерегуларности минатата година. ФИФА оваа одлука ја смета за кршење на сопствената повелба за немешање на владините тела во работата на фудбалските сојузи на земјата.

На 4 јануари, Федералниот Врховен суд нареди Родригез да биде вратен на функцијата.


Анчелоти: Симеоне е идеален тренер за Атлетико

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за тренерот на Мадрид, Диего Симеоне, пред натпреварот со Атлетико во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

„Симеоне е идеален тренер за овој тим. Во спротивно тешко дека ќе издржеше толку долго на функцијата. Разговаравме многу и добро се познаваме. Се однесуваме еден кон друг со почит“, вели Анчелоти.

Симеоне е главен тренер на Атлетико Мадрид од декември 2011 година.