фудбал

Тен Хаг: Мора да сме поконкретни во нападот

Манчестер Јунајтед ја забележа и третата победа во низа, откако на гостински терен славеше против Лестер со 1:0.

Иако радува фактот дека е остварена уште една победа, сепак тренерот на екипата Ерик тен Хаг истакнува дека во иднина играчите треба да бидат поконкретни во завршницата и да почнат да ги реализираат многубројните шанси.

„Моравме да постигнеме втор гол и да го затвориме натпреварот. Имавме доста простор преку контра напади но не бевме конкретни. Мора да работиме на овај случај во иднина“, истакнува Тен Хаг.

Во следното коло од Премиер лигата, Манчестер го очекува дерби натпреварот со Арсенал.


Париз Сен Жермен се засили со Солер од Валенсија

Досегашниот фудбалер на Валенсија, Карлос Солер, потпиша петгодишен договор со Париз Сен Жермен.

Според достапните информации целокупниот трансфер на 25-годишниот играч од везниот ред, изнесува 18 милиони евра со можност за дополнителни бонуси од четири милиони евра.

Солер е шесто засилување за шампионот на Франција во летниот преоден рок, после доаѓањето на Витиња, Ренато Санчез, Фабијан Руиз, Уго Екитике и Норди Мукиеле.

Карлос Солер беше капитен на Валенсија каде за првиот тим одигра 226 натпревари, постигна 36 гола и 31 асистенција.


Марио Балотели е нов играч на Сион

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е нов играч на Сион, потврдуваат од швајцарскиот клуб.

Во соопштението од ФК Сион се вели дека клубот е воодушевен со доаѓањето на напаѓачот од светска класа. 

Минатата сезона Балотели настапуваше за турскиот клуб Адана, а Сион ќе биде негов 11 клуб во кариерата.

Марио Балотели во минатото важеше за еден од најдобрите италијански напаѓачи, меѓутоа после неговите настапи за Милан и Манчестер Сити, неговата кариера не се одвиваше во вистински правец.


Депај останува во Барселона

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај и покрај бројните преговори и гласини за негов трансфер, тој одлучи до крајот на сезоната да остане во Барселона.

Депај во редовите на клубот од Камп Ноу пристигна минатата година од Лион, кога тренер на екипата беше неговиот сонародник Роналд Куман. 

После пристигнувањето на Чави на тренерското место во Барса, Депај го загуби статусот на првотимец, па поради тоа неговото име се поврзуваше со трансфер во бројни клубови. Сепак Холанѓанецот се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека одлучи да остане во Барселона и да се бори за место во тимот.


Клоп го носи Артур на позајмица до крајот на сезоната

Ливерпул се чини успеа да најде ново име во средината на теренот. По инсистирањето на Клоп да се обезбеди ново засилување за тимот поради бројните повреди и отсуства, најдоброто што „црвените“ успеаја да го обезбедат е позајмица на Бразилецот Артур Мело од Јувентус.

Според потврдени извори од Ливерпул, во моментов се чека пристигнувањето на Мело за да ги мине лекарските прегледи по што треба да се потпише договорот за позајмица од Јувентус. Во истиот нема да има откупна клаузула, што значи дека по една сезона Мело ќе се врати во Торино.


Милан одби сто милиони евра за Рафаел Леао

Рафаел Леао - Челси

Милан одбил „бомбастична“ понуда од Челси вредна 100 милиони евра за нивниот напаѓач Рафаел Леао.

Италијанскиот шампион не сака да се раздели со фудбалерот и поради оваа причина сега единствена шанса за Англичаните е да ја активираат неговата откупна клаузула која е во висина од 150 милиони.

Леао имаше голем придонес за титулата во Калчото, поради што беше прогласен за играч на сезоната. Веднаш по триумфот на Милан се појави информација дека португалскиот репрезентативец го следи и Реал Мадрид.

Напаѓачот веќе има 4 натпревари за „росонерите“ во новата сезона, на кои погоди еднаш и направи една асистенција.


Словакот Дубравка потпиша за Манчестер Јунајтед

Мартин Дубравка голман

Манчестер Јунајтед го објави потписот на Мартин Дубравка од Њукасл. Голманот пристигнува на позајмица на една сезона.

Во договорот има откупна клаузула вредна 6 милиони фунти. Ќе стане задолжителна доколку 33-годишниот репрезентативец на Словачка одигра одреден број натпревари.

„Црвените ѓаволи“ беа заинтересирани за Дубравка и во текот на зимата. Во тоа време тој немаше желба да стане резервна опција на Давид Де Хеа, но во меѓувреме Њукасл потпиша со Ник Поуп и тој сега е втор избор на Сент Џејмс Парк.


Барса купи два бека на крајот од преодниот рок

Маркос Алонсо - барселона

Барселона конечно ги комплетираше редовите за оваа сезона, откако го комплетираше потписот на уште двајца играчи, пренесуваат шпанските медиуми, а тоа го потврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо, специјализиран за трансфер актуелности.

Нови играчи на Барселона се Шпанците Маркос Алонсо, кој пристигнува од Челзи и Хектор Белерин, кој го исполни својот детски сон да игра за сениорскиот тим на Барса, откако таму помина осум години како јуниор. Конечно го дочека моментот на најголема среќа во кариерата.

Барса се ослободи и од силниот договор, бидејќи во Лондон го испрати напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг како дел од договорот со Челзи околу Алонсо. Потсетуваме, Габонецот моментално се опоравува од нападот што го претрпе во неговата куќа од непознати разбојници.

Покрај Алонсо, Барса доби и обештетување од 14 милиони евра (со бонуси) за Обамејанг. Што се однесува до Белерин, тој во таборот на Каталонците пристигна како слободен играч.


Спалети: Тешко се одбиваат сто милиони за Осимен

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети по ремито 0-0 со Фиорентина изјави дека клубот тешко би одбил евентуална понуда од 100 милиони евра на Манчестер Јунајтед за Виктор Осимен.

„Немам време да размислувам за шпекулациите дека го земаме Роналдо и го продаваме Осимен, имаме натпревари на неколку дена. Клубот размислува за овие работи. Но, ако некој клуб ви понуди 100 милиони евра, не е лесно да кажете „не“. Откако пристигнав овде, сите играчи можат да бидат продадени со добра понуда“, изјави Спалети по натпреварот.


Милан и официјално е продаден за 1,2 милијарди евра

Фудбалскиот шампион на Италија Милан е продаден на компанијата Ред Бирд капитал партнерс за сума од 1,2 милијарди евра.

Славниот италијански клуб беше во сопственост на групацијата Елиот која претходно го откупи клубот од кинеските сопственици.

Конзорциумот околу „Ред Бирд“ го сочинуваат и сопствениците на Ливерпул, славните бејзбол клубови Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс, хокејарскиот клуб Питсбург Пингвинс и други спортски колективи. Меѓу членовите на групацијата се и кошаркарот на Лејкерс Леброн Џејмс и познатиот музички артист Дрејк.