фудбал

Сане заминува од Баерн на крајот од оваа сезона

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, веројатно во текот на летото ќе си замине од Алијанц Арена како слободен играч бидејќи не го продолжи договорот со Баварците, најавуваат дел од медиумите.

Според објавеното, брзоногиот играч не е задоволен од понудените услови и сака да ја промени средината. 29-годишникот влегува во плановите на Арсенал.

„Топчиите“ кои имаат големи проблеми во нападот, веројатно ќе сакаат да ја искористат целата ситуација и да го обезбедат потписот на германскиот репрезентативец.


Тудор дебитираше со победа, Јилдиз ја сруши Џенова

Хрватскиот тренер Игор Тудор забележа победа во своето тренерско деби за Јувентус. Неговиот тим забележа победа против Џенова во Торино, натпреварот заврши со резултат 1-0. По оваа победа Старата дама заостанува еден бод зад четвртопласираната Болоња.

Јувентус поведе во 25. минута од натпреварот, кога стрелец беше Кенан Јилдиз. Турскиот напаѓач постигна одличен гол. Акцијата започна така што Тудор брзо реагираше откако топката излезе надвор од границите и му ја додаде на Теун Купмајнерс. Тој му ја додаде на Душан Влаховиќ, а по неговиот дуел топката стигна до турскиот напаѓач. Тој ја прими топката на околу 30 метри од противничкиот гол, вертикално се залета и се ослободи од Кони де Винтер кој го бранеше и ефектно ја заврши акцијата.

Резултатот 1-0 остана до крајот на натпреварот.

Инаку ова беше 15.натпревар од почетокот на сезната на кој Јувентус не прими гол. Рекордот од 22 натпревари без примен гол е во сосптвеност на Милан од 1993 година.


Вардар со три бода се враќа од дербито на дожд во Битола

Вардар попладнево го победи Пелистер со 1-3 во дербито на 25. коло на Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ до триумфот на тешкиот терен дојдоа со двата гола на Мато во последните 15 минути, откако на полувреме резултатот беше нерешен 1-1.

Другите средби од ова коло се играат в понеделник. Двојките се:

Гостивар – Воска Спорт
Работнички – Беса
Шкендија – Брера
Силекс – Тиквеш
Струга – Шкупи.

Табела: Шкендија 50 бода, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 21, АП Брера 21, Беса 21, Воска 19.


Сити нуди 60 милиони евра за Камбиасо од Јуве

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона во последната деценија, поради што клупските челници, заедно со тренерот Пеп Гвардиола, решија да направат целосен ремонт. Сити со ремонтот започна во јануари, кога се засили со четворица играчи, а според англиските медиуми веќе е познато кој играч ќе биде првото засилување во летниот преоден рок.

Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијазо, кого клубот од Манчестер се обиде да го доведе во јануари.

Овој 25-годишен дефанзивец е проценет на 60 милиони евра.

Менаџерот Пеп Гвардиола инсистира да го доведе бидејќи верува дека Италијанецот ќе успее да си го реши проблемот на левата страна.

Поради ова, раководството на клубот веќе подготви пари за обештетување и се очекува Камбијазо да биде првото засилување за „Граѓаните“ ова лето.


Милер по 25 години го напушта Баерн

Томас Милер по завршувањето на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен. „Билд“ објави дека преговорите околу новиот договор не вродиле со плод.

Милер е во Баерн од својата 10-година, значи дресот на славниот клуб го носи 25 години. Беше предводник на секоја генерација на Баерн во последните речиси две децении.

За време на репрезентативната пауза билеа одржани неколку средби меѓу Милер и Макс Еберл, како и Кристофер Фројдн, кој е задолжен за спортските работи во баварскиот клуб.

„Билд“ објави дека договор не бил постигнат, па сигурно е дека Милер би можел да го напушти клубот и да бара нова клуб, бидејќи се уште нема намера да се повлече од фудбалот.

Милер оваа сезона одигра само 11 натпревари како стартер, а на 23 влезе од клупата за резерви, забележа по пет гола и асистенции.

Вкупно, Милер одигра 741 натпревар за првиот тим на Баерн, постигна 247 голови и забележа 273 асистенции.

Тој освои два трофеи во Лигата на шампионите, две титули на Светското клупско првенство, 12 трофеи во Бундес лигата и шест германски купови.


Пиоли пред заминување од Саудиска Арабија

Стефано Пиоли наскоро би можел да се врати во Серија „А“
Според италијанските медиуми, поранешниот тренер на Милан и актуелен на Ал-Наср е еден од кандидатите за преземање на Рома.

Според новинарот Џанлуиџи Лонгари, Пиоли не планира да го продолжи престојот во Саудиска Арабија.

И покрај многу поволниот договор, Италијанецот има намера да бара нов предизвик.

Според италијанските медиуми тој би можел да се врати повторно во Калчото. Тренерот на Рома, Клаудио Раниери најави заминување на крајот од сезоната, а раководството на „волчицата“ планира да започне преговори со Пиоли како потенцијална замена.

За потсетување, Пиоли го презеде Ал-Наср во септември 2024. Со Кристијано Роналдо во тимот досега има забележано 21 победа, 6 нерешени и 6 порази во сите натпреварувања.

Во текот на својата кариера раководеше со бројни италијански клубови – меѓу кои Милан, Интер, Фиорентина, Лацио, Болоња…


Милан ја одреди цената за продажба на Леао

Eкипата на Милан според последните информации од Италија е подготвена да се раздели со напаѓачот Рафаел Леао, за кого интерес покажаа повеќе европски гиганти.

„Калчомеркато“ тврди дека Милан ја одредил цената за Леао и ќе биде подготвен да го продаде за сума од 100 милиони евра.

Со Милан напаѓачот има договор до 2028 година и најавите се дека „росонерите“ нема да ја намалат цената.

Леао во медиумите досега најмногу се поврзуваше со премиерлигашот Челси.


Дајер добива нов договор во Минхен

Екипата на Баерн Минхен е пред нов договор со англискиот интернационалец, Ерик Дајер, кој покажа дека е солидно засилување за баврскиот гигант.

Германскиот клуб го доведе Дајер пред две сезони и досега Англичанецот одигра 38 натпревари во сите конкуренции. Новата соработка би требало да биде со важност до 2027 година, што значи дека веројатно ќе добие и зголемување на заработката.

Искусниот 31-годишен дефанзивец се покажа како одлична замена за повредениот Далот Упамекано, а тоа не остана незабележано од челните клупски лица.


Капело одби секаква поврзаност со клупата на Рома

Рома е во потрага по тренер, бидејќи јасно е дека Клаудио Раниери е привремено решение. Искусниот стратег не сака долгорочно да остане на клупата на „волчицата“.

Новинарите со улогата тренер го поврзаа и Фабио Капело, а 78-годишникот веднаш одговори на тие шпекулации.

„Во моите години не можам да бидам повеќе тренер. Не сакам да кажат дека сум малку сенилен, да не ме сакаат во клубот. Мене одамна ми е време за пензија. Се надевам дека Рома внимателно ќе одбере тренер. Раниери добро се носи со ситуацијата и верувам дека сакаат да се фокусираат на некој што ќе ја цени специјалната атмосфера“, изјави Капело.

Фабио Капело ја водеше Рома од 1999 до 2004 година како дел од својата богата кариера.


Леверкузен го надигра Бохум и продолжи да го лови Баерн

Eкипата на Баер Леверкузен нема намера да се откаже од трката за титулата во Бундеслигата и вечерва славеа со 3-1 над Бохум во рамките од 27. коло.

Вечерва Леверкузен беше без својата најголема ѕвезда Флоријан Вирц, но и во таква ситуација избраниците на Чаби Алонсо немаа проблеми да дојдат до триумфот.

Резултатот го отвори Гарсија во 20-тата минута, а гостите шест минути подоцна дојдоа израмнување.

Во вториот дел Леверкузен со головите на Бонифејс и Адли дојде до триумф со кој сега е на три бода од лидерот Баерн кој утре го игра својот натпревар од ова коло.