фудбал

Синот на Роналдињо потпиша зас Барнли

Синот на прославениот бразилски фудбалер Роналдињо, Жоао
Мендеш се пресели во Барнли од шпанска Барселона. 19-
годишниот фудбалер го напушти каталонскиот клуб и потпиша
договор со англискиот клуб.
Договорот со тимот кој настапува во Чемпионшип е на две години.
Од март 2023 година, Жоао Мендеш тренираше во академијата
на Барселона.
Роналдињо беше дел од Барселона од 2003 до 2008 година. Како
дел од каталонскиот клуб, напаѓачот ја освои Лигата на
шампионите, двапати стана шампион на Шпанија и освои два
Суперкупа во земјата.


Сити го позајмува Калвин Филипс на позајмица во Ипсвич

Калвин Филипс има договор со Манчестер Сити до 2028 година,
ама повеќе од јасно е дека тој нема иднина во овој клуб или
барем се додека на кормилото на истиот е Пеп Гвардиола.
Англичанецот не се снајде и не ја искористи шансата додека
можеше, па така во минатата сезона не се прослави ниту на
позајмицата во Вест Хем, па пак се врати меѓу „граѓаните“ и беше
на летните подготовки.
Меѓутоа беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине на
друго место и тоа место ќе биде Ипсвич Таун.


Јуве го отстрани Киеза од првиот тим

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус го отстранил
Федерико Киеза од првиот тим, напаѓачот е приморан да тренира
сам се додека не пронајде нов клуб.
„Старaта дама“ инвестираше 60 милиони евра во ангажман на
Федерико Киеза, напаѓачот минатата сезона беше еден од
клучните играчи, но Тиаго Мота не смета на него, па Италијанецот
беше ставен на продажба.
Дека нема иднина за Федерико Киеза во Торино покажува и
последниот потег, играчот е отстранет од првиот тим на Јувентус.
Федерико Киеза е приморан да тренира сам се додека не
пронајде нов клуб.
Неговата цена е 15 милиони евра, односно сумата која стои во
сметководствените книги и нема да значи загуба за Јувентус.
Се говори дека Интер, Милан и Рома внимателно ја следат
ситуацијата и би можеле да достават понуди во последните
денови од летниот преоден рок.


Јуве и Аталанта пред договор, Копмајнерс се сели во Торино

Јувентус доставил нов предлог за ангажман на Тун Копмајнерс,
на маса е ставен пакет вреден 59 милиони евра.
„Старта дама“ силно притиска за ангажман на Тун Копмајнерс, кој
е главна цел за засилување на средниот ред.
Откако Аталанта одби понуда вредна 50 милиони евра, плус
додатни 5 милиони евра, Јувентус се врати со нов предлог.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека на маса е ставен пакет
составен од 52 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 7
милиони евра во бонуси.
„Црно-сините“ од Бергамо поставија цена од 60 милиони евра,
последната понуда на Јувентус е вредна 59 милиони евра, па
останува да се види дали ова ќе биде доволно за компромис
помеѓу двете страни.


Борнмут потроши богатство и го купи Еванилсон од Порто

Досегашниот фудбалер на Порто и бразилски репрезентативец,
Еванилсон кариерата ќе ја продолжи во Борнмут.
Според најавите Еванилсон до крајот на денот би требало да
пристигне во Англија каде што ќе ги помине лекарските прегледи
и ќе потпише повеќегодишен договор со Борнмут.
Англискиот тим се согласил да плати оштета од 47 милиони евра,
а португалскиот клуб успеа да договор и право на 10% од сумата
од следниот трансфер на бразилскиот фудбалер.
Еванилсон во Порто пристигна во 2020 година и од тој момент
одигра 42 натпревари и постигна 25 голови. За репрезентацијата
на Бразил дебитираше оваа година.


Монако и Милан го договорија трансферот на Фофана

Од Милан конечно постигнаа договор со Монако за доведување
на играчот од средниот ред Јусуф Фофана.
Двата клуба ќе склучат договор во вкупна вредност од 25 милиони
евра, а се очекува играч да пристигне во Милано уште вечерва
или најдоцна утре.
Фофана одамна постигна договор со „росонерите“ за
четиригодишен договор со плата од 3 милиони евра по сезона.

Проблемот досега беше во цената, бидејќи Монако инсистираше
да добие 35 милиони евра, иако договорот на играчот истекува
следното лето.


Конте го сака Мектоминеј во Неапол

Наполи е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред
на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј , објави Скај Спортс.
Според изворот, „црвените ѓаволи“ го ценат 27-годишниот
Шкотланѓанец на 30 милиони евра и не размислуваат да го
позајмат играчот.
Мектоминеј е производ на школата на Манчестер Јунајтед и
напредуваше од академијата до главниот тим. Договорот на
играчот со клубот е до летото 2025 година. Трансфермаркт го
цени играчот од средниот ред на 32 милиони евра.
Минатата сезона Мектоминеј одигра 43 натпревари, постигна 10
гола и даде 3 асистенции. Вкупно, Шкотланѓанецот одигра 253
натпревари за Манчестер Јунајтед, на кои постигна 29+8 во
системот гол+аистенција. Мектоминеј го освои ФА Купот и
англискиот Лига куп со Манчестер Јунајтед.


Никола Секулов го замени Јувентус со Сампдорија

Екипата на Сампдорија и официјално го потврди трансферот на поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Секулов.

Секулов долго време беше дел од младинските категории на Јувентус, а во минатата сезона беше позајмен и во Кремонезе.

Трансферот во тимот кој го води легендарниот Андреа Пирло ќе биде шанса за него да се докаже во сениорскиот фудбал.

Договорот кој го потпиша Секулов со Сампдорија е со важност до 2028 година.


Борнмут се пофали со Мексиканецот Хулиан Алварез

Англискиот фудбалски состав Борнмаут се пофали преку социјалните мрежи дека го ангажирал Хулијан Араухо кој потпиша договор до 2029 година. Дефанзивецот беше купен од Барселона за околу 10 милиони евра.

Десниот бек практично нема одиграно ниту еден меч во дресот на Каталонците бидејќи настапуваше како позајмен во Лас Палмас. Мексиканскиот интернационалец откако го загуби првотимскиот статус, се определи да се соочи со нов предизвик и да замина во Англија.

Араухо има одиграно 13 натпревари за мексиканската селекција а има искуство и од шампионатот на САД или МЛС лигата. Таму играше за ЛА Галакси.


Димитриевски може да се врати во Рајо?

Шпанскиот Рајо Ваљекано има три позиции на кои очекува
засилување, а една од нив е голманската позиција.
Батаља беше еден од кандидатите за пристигнување во Ваљекас
за покривање на голот, но името на Столе Димитриевски во
последните денови влегува како можна опција.
Управата на Рајо стапила во контакт со Валенсија за да го врати
Димитриевски на позајмица.
Македонецот пристигна на Местаља со идеја да го замени
Мамардашвили чија продажба се чинеше сигурна, но доцнењето
на заминувањето на Грузиецот предизвикува голманот да дочека
можно враќање во Рајо за кого бранеше шест години.