фудбал

Слот: Разочаран сум, но Плимут знаеше што сака

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот призна дека испаѓањето од ФА Купот од Плимут било навистина разочарувачки, како за него, така и за навивачите и играчите.

Екипата од Чемпионшип, која го зазема последното место во втората лига на англискиот фудбал, го приреди најголемото изненадување во 4. коло на турнирот, елиминирајќи го составот на „црвените“ кој продолжува да се бори во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лига Купот.

„Резултатот е очигледен. Ова е големо разочарување и не можеме да бидеме задоволни со начинот на кој игравме. Единствено што можам да бидам среќен е што момците се бореа скоро сто минути и можеби најдобрите минути во целиот натпревар беа последните десет. Ова покажува дека тие навистина продолжија да се борат до самиот крај“ рече Слот.

Тој, исто така ги истакна квалитетите на Плимут.

„Имаа добар план за игра. Работеа напорно и добија пенал кој беше сосема заслужен. Тоа беше чист пенал, правилна одлука. Сепак, тоа многу влијаеше на натпреварот, бидејќи до тој момент ниту една екипа немаше шанси. Нивниот голман, исто така, направи една или две многу добри одбрани на крајот, но ние имавме малку време да создадеме нешто друго“, призна Слот.

„Не жалам за мојот избор за составот. Не можеме да знаеме што ќе се случеше ако игравме со нашите стартери. Мислам дека оваа сезона, видовме неколку пати, дека овој начин на игра на Плимут е тежок дури и за нашите стартери, како и за оние кои почнаа денеска. Постојани долги топки, борба за втората топка. Тешко е за секој тим. Така беше против Манчестер Јунајтед на домашен терен. Денеска игравме со овие играчи бидејќи им треба ритам на игра. За да бидат подготвени за наредните месеци, им треба време. Денес стана јасно дека на некои играчи навистина им требаат вакви натпревари за да бидат подготвени за последните три месеци од сезоната“, заврши Холанѓанецот.


Ван Дајк има дилеми дали ќе остане во Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не е сигурен за неговата фудбалска иднина.

Актуелниот договор на 33-годишниот Холанѓанец со тимот од „Енфилд“ е до лето.

„Немам поим што ќе донесе иднината. Оној што вели дека знае нешто, не знае ништо!“, го цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Ван Дајк.

Холанѓанецот оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Дефанзивецот игра за Ливерпул од 2018 година.


Двајца Португалци добива нови договори во ПСЖ

По вчерашниот потшишан нов договор на Ашраф Хакими, денеска истото го направија Нуњо Мендеш и Витиња.

Сите тројца ги продолжија договорите со тимот од Париз до 2029 година. Исто така договорот го продолжи и Луис Енрике, кој потпиша до 2027 година.

ПСЖ е најсериозен кандидат за освојување на титулата во Франција, а исто така тимот е меѓу фаворитите и за освојување на Лигата на шампионите, трофеј кој му недостасува во историјата.


Дибала од пенал одлучи, Рома носи три бода од Венеција

Фудбалерите на Рома ја совладаа Венеција на гостински терен со минимален резултат (0-1) во натпреварот од 24. коло на Серија А.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Пауло Дибала од пенал во 57. минута, што беше шести гол за Аргентинецот оваа сезона во Серија А.

Клучниот момент на натпреварот се случи на стартот од вториот дел кога Алесандро Маркандали беше невнимателен, направи фаул врз Анхелињо во самиот агол од сопствениот шеснаесетник. Судијата немаше дилема, а Дибала ладнокрвно го реализираше пеналот.

Рома по овој меч остана деветта со 34 бода и е во серија од осум меча без пораз во првенството. Венеција е претпоследна.

Во следното коло и двете екипи ќе гостуваат, Рома во Парма, а Венеција во Џенова.


Најслабиот тим од Чемпионшип го елиминира Ливерпул од ФА Купот

Плимут, последнопласираниот тим во Чемпионшип (Втора лига на Англија), во четвртото коло во ФА купот придери вистинска сензација, успеа да го елиинира најдобриот англиски тим во овој момент, Ливерпул.

Арне Слот реши да комбинира за овој натпревар, не донесе во Плимут речиси ниту еден од своите главни играчи на дуелот против последнопласираната екипа од Чемпионшип, а тој ризик не вроди со плод.

Во тимот ги немаше Салах, Ван Дијк, Мекалистер, Собослаи…

На крајот, Плимут, кој од оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип и речиси сигурно ќе се врати во третото ниво на англискиот фудбал, со голот од пенал на Рајан Харди го совлада лидерот во Премиер лигата.

Очекувано, Ливерпул стартуваше со изменет состав, со Киеза на теренот од првата минута, додека во нападот беше само Диого Жота.

Ливерпул навистина имаше поголем посед на топката, но тимот на Арне Слот речиси и да не создаде опасни прилики за гол. „Црвените“ имаа само три удари, од кои само еден во голот, додека Плимут имаше уште еден.

Клучниот момент се случи во 53. минута, Плимут доби пенал, а сигурен реализатор беше Харди.

Единствено што можеше потоа да направи Холанѓанецот беше да го испрати Дарвин Нуњез на теренот, бидејќи освен него на клупата имаше млади играчи без искуство во сениорскиот фудбал.

До крајот на мечот Ливерпул се обидуваше да постигне гол и да го одведе мечот во продолженија, но Плимут успеа да се одбрани и потоа да прослави една од најголемите победи во историјата на клубот.


Баерн и Фенер се договорија за Ливаковиќ

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, ќе стане наредното лето голман на минхенскиот Бајерн, тврдат турските медиуми.

Актуелниот голман на истанбулскиот Фенербахче има договор со турскиот гигант до летото 2028 година, но во трансфер вреден 12.000.000 евра по завршувањето на сезоната треба да се пресели на “Алијанц арена”, а во договорот ќе биде вклучен и потенцијален бонус од 3.000.000 евра.

Некогашниот голман на Динамо од Загреб ќе стане конкуренција на искусниот Мануел Нојер, а 30-годишниот Ливаковиќ би требало да го наследи голот од легендата на Баварците.


Анчелоти: Не сакам да го коментирам пеналот за Атлетико

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше да го коментира пеналот кој беше досуден против неговиот тим на дербито со Атлетико Мадрид. Натпреварот заврши 1-1, но Реал Мадрид и понатаму останува на врвот на табелата. Најконтроверзната ситуација беше на крајот од првото полувреме, кога Чуамени го нагази Лино во неговиот шеснаесетник и по интервенцијата на ВАР „јорганциите“ добија пенал.

„ВАР интервенираше, судијата беше таму и виде што се случува. Сличен пенал досуден по ВАР видов на мечот меѓу Атлетик Билбао и Жирона. Тие што работат во фудбал не го разбираат ова. Дали го уништуваме фудбалот? Не сакам да навлегувам во дискусија, повеќе сакам да зборувам за играта. Натпреварот заврши нерешено, тоа не бодри, тимот одигра добро, особено во вториот дел“, изјави Анчелоти.


Два премиерлигаши нудат луда сума за Фермин Лопез

Манчестер Јунајтед и Астон Вила имаат сериозен интерес за талентот на Барселона, Фермин Лопез. Според весникот „Спорт“, дури и Каталонците одбиле понуди за него од околу 70 милиони евра во јануари. Играчот од средниот ред исто така категорично одбил да го напушти својот матичен клуб.

Манчестер Јунајтед долго време ги следи настапите на Фермин и на лето ќе се врати со нова понуда за младиот фудбалер на Барса. Фудбалерот од средниот ред веќе потпиша нов договор со Барселона со кој треба да остане во клубот до 2029 година.


Симеоне: Барса е најдобриот тим во лигата

По ремито во големото градско дерби со Реал синоќа, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне зборуваше за битката со Барселона околу шампионската титула оваа сезона.

„Барселона, сè уште тврдам, е најдобриот тим во Ла Лига оваа сезона. Напаѓаат одлично и имаат неверојатна брзина. Ако успеат да победат во Севиља, табелата ќе биде доволно тесна за новинарите малку да се забавуваат“, рече тренерот на Атлетико.

Во очекување на вечерашниот дуел во Севиља, Реал Мадрид води во Ла Лига со 50 бодови, Атлетико е втор со 49, а трета е Барса со 45 бода и натпревар помалку.


Нико Гонзалез се повреди на своето деби за Сити

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Нико Гонзалес заработи повреда на денешното на неговото деби за Граѓаните против Лејтон Ориент во Лондон во осминафиналето на ФА Купот.

Шпанецот по дуелот со противничкиот фудбалер напаѓачот Сони Перкинс со накривнување го напушти теренот.

На местото на Нико во 22. минута во игра влезе Бернардо Силва.

Дваесет и тригодишниот Нико на 4 февруари потпиша четиригодишен договор со Сити. Тој во Премиер лигата направи трансфер од Порто.