фудбал

Конте: Овој меч ми покажа дека Наполи е на вистински пат

Тренерот на Наполи, Антонио Конте е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај поразот (0-1) од Лацио во 15. коло од Италијанското фудбалско првенство.

„Не сум незадоволен или разочаран. Денешниот натпревар јасно покажа дека сме на добар пат. Се обидуваме да ја контролираме играта и додека ја поседуваме топката, создаваме ситуации кои му се закануваат на противникот. Треба да се подобриме од оваа гледна точка. Одигравме добар натпревар со одличен став и агресивност против толку добар тим како што е Лацио“, изјави Конте за италијанските медиуми.

По овој натпревар Лацио е на петтото место во поредокот со 31 бод, второпласиран е Наполи со 32 бода.


Тимот на 2024 година без Роналдо и Меси

Меѓународната федерација на асоцијации на професионални фудбалери (ФИФПРО) го претстави својот симболичен тим на годината.

Меѓу номинираните имаше 26 фудбалери, а во конечниот состав на симболичниот тим не се најдоа аргентинскиот напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси и португалскиот напаѓач на Ал-Наср, Кристијано Роналдо.

Во гласањето учествуваа 21.266 фудбалери.

Голман: Едерсон (Манчестер Сити, Бразил);

Одбрана: Даниел Карвахал (Реал Мадрид, Шпанија), Антонио Рудигер (Реал Мадрид, Германија), Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија).

Среден ред: Кевин Де Брујне (Манчестер сити, Белгија), Родри (Реал Мадрид, Шпанија), Тони Крос (Реал Мадрид, Германија), Џуд Белингем (Реал Мадрид, Англија).

Напад: Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид, Франција), Ерлинг Халанд (Манчестер сити, Норвешка), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил).


Мареска: Мојот Челзи е над очекувањата во овие петнаесет кола

По спектакуларната победа во градското дерби против Тотенхем (3:4), Челзи се осами на второто место во Премиер лигата, што малкумина го очекуваа пред почетокот на сезоната. Вакво нешто не очекувала ниту менаџерот на тимот, Енцо Мареска.

Тимот кој минатата сезона успеа да го избори пласман во Конференциската лига само благодарение на одличниот финиш, а потоа го смени тренерот, оваа сезона не се најде во најтесниот круг на фаворити. Челси не го вбројуваа ниту меѓу фаворите за едно од првите четири места кои сигурно водат во Лигата на шампионите.

Но, по 15 кола во Премиер лигата, само Ливерпул е пред „сините“. Ниту разликата не е голема, само четири бода („рвените“ имаат натпревар помалку). Тренерот на Челси, Енцо Мареска дефинитивно може да биде задоволен.

„Ова е над моите очекувања. Кога станува збор за играта со топка и без неа и кога станува збор за резултатите“, изјави Мареска.

Сепак, тој одбива да го промовира Челзи во претендент за шампионската титула.

„Арсенал, Сити и Ливерпул веројатно не прават грешки какова што направи Кукуреља. Да бидеме сериозни, не сме подготвени. Ние сме далеку од овие тимови, но фокусирани сме да работиме секој ден напорно за да се подобриме“.


Раниери инсистира Паредес да остане во Рома

Иако долго време се шпекулира дека Леандро Паредес ќе се врати во Бока Јуниорс на крајот на сезоната, кога ќе му истече договорот со Рома, сепак, работите драстично се променија по назначувањето на Клаудио Раниери, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Аргентинецот стартуваше на секој меч од доаѓањето на Раниери, кој очигледно има планови со него во составот на „волчицата“.

„Паредес е шампион, што е нешто што никогаш не се менува. Да бев тренер следната година, jaс би го задржал. Неговото продолжување зависи особено од него“, вели Раниери, околу прашањето за неговото место во Рома.

Играчот од средниот ред заработува 4,5 милиони евра, а римјаните се уште му немаат понудено нова соработка.


Ботафого е првак на Бразил по третпат во историјата

Екипата на Ботафого е новиот шампион на Бразил! Титулата за Ботафого стигна по една голема победа над Сао Паоло од 2-1 во последното 38. коло од популарното Бразилеро, што значеше дека освојувачот на Копа Либертадорес освојува уште еден голем трофеј оваа сезона во Јужна Америка.

На Ботафого му помогна и „киксот“ на Палмеирас, кој играше во исто време, но загуби од Флуминенсе со 0-1.

Триумфот за Ботафого доаѓа нешто повеќе од една недела откако тимот го освои и Копа Либертадорес, а ова за клубот од Рио де Жанеиро е прва титула од 1995 година, како и трета вкупно во историјата на клубот.


Баерн ја повлекува петката на Франц Бекенбауер

Баерн Минхен го повлече дресот со бројот 5 кој го носеше дефанзивецот Франц Бекенбауер, објавија од прес-службата на клубот.

-Бројот 5 останува резервиран за уникатно наследство. Затоа што нашиот клуб и неговата историја се едноставно незамисливи без Франц, изјави претседателот на клубот Херберт Хајнер.

За Баерн број 5 играа Матс Хумелс, Даниел Ван Бујтен, Роберт Ковач, Мехмет Шол. Последен играч кој го носеше дресот со број 5 беше Бенџамин Павард во сезоната 2023/24.

Бекенбауер почина на 7 јануари оваа година. За Баерн играше од 1963 до 1977 година. Заедно со тимот од Минхен четири пати стана германски шампион.


Сити се вклучува во трката по Александер-Арнолд

Трент Александар-Арнолд сè уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, а додека тоа се чека, други клубови ја следат ситуацијата. Еден од нив е и Манчестер Сити.

Еден од играчите на кој на крајот на оваа сезона му истекува договорот со Ливерпул е Трент Александар-Арнолд.

Црвените сè уште треба да му понудат нов договор за да ја продолжи верноста кон клубот, а другите тимови ја следат ситуацијата и се обидуваат да го доведат одличниот играч во своите редови.

„Caught Offside“ објави дека е подготвен да ја искористи можноста ниту помалку ниту повеќе, туку Манчестер Сити.

Граѓаните бараат нов десен бек кој би го наследил Кајл Вокер, кој одби да го продолжи договорот.


Висел Кобе е нов шампион на Јапонија во фудбал

@˜A”e‚ð‰Ê‚½‚µAƒVƒƒ[ƒŒ‚ðŒf‚°‚é_ŒË‚Ì•“¡iŽè‘O¶j‚Ƒ唗i“¯‰Ej‚W“úAƒmƒGƒXƒ^y•Ò’zƒtƒƒ“ƒgŽÊ^Œó•â‚Æ‚µ‚Ü‚·

Висел Кобе ја одбрани титулата во јапонската Џеј-лига, откако пред своите гледачи во последното коло од сезоната го совлада Шонан Белмар со 3-0.

Кобе, кој минатата сезона за прв пат стана јапонски шампион, заврши на првото место на табелата, четири бода повеќе од второпласираната Хирошима, додека Мачида, минатогодишниот победника во втората дивизија заврши на третото место.

Висел Кобе заврши на врвот со 72 поени од 38 натпревари.

Победата, исто така, обезбеди двојна круна за Висел Кобе за прв пат откако тимот го подигна и Купот на императорот минатиот месец.

Хирошима влезе во последното коло со бод помалку од лидерот, но нивните надежи за титулата исчезнаа по поразот со 3-1 од Гамба Осака.


Данило следниот месец ќе го замени Јуве со Наполи

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, внимателно ја следи ситуацијата околу фудбалерот на Јувентус Данило.

Наводно, постои устмен договор меѓу двете страни, а Данило е ентузијастички расположен за можноста да го засили Наполи и да стане значаен дел од проектот на Конте.

Данило зад себе има извонредна кариера, која вклучува две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, две титули во Премиер лигата со Манчестер сити и Скудето со Јувентус.

Неговото искуство и лидерски способности би биле огромно засилување за Наполи, како на теренот, така и во соблекувалната.

Доколку трансферот се реализира, Наполи би добил искусен и докажан играч, кој би можел да внесе стабилност и менталитет на победник во тимот.


Фулам му откина два бода на Арсенал во лондонското дерби

Фулам ја прекина победничката серија на Арсенал во Премиер лигата. Тимот од Западен Лондон остана непоразен против „Топџиите“ на домашен терен во меч кој заврши со резултат 1-1.

Натпреварот мина во целосна доминација на Арсенал, но не успеа да освои три бода.

Домашните поведоа во 11. минута практично по првата сериозна акција. Стрелец беше искусниот Мексиканец Хименез.

Во 52. минута Французинот Салиба по додавањето на Каи Хаверц го израмни резултатот на 1-1. До крајот на натпреварот гостите имаа иницијатива, но резултатот не се менуваше. Сака постигна гол во 88.минута кој беше поништен поради офсајд.

Спектакуларни завршници беа забележани на преостанатите два натпревари во неделата попладне. Лестер до 89. минута губеше со 2-0 на домашен терен од Брајтон, за кој стрелци беа Лампти и Минте. Сепак, Варди и Де Кордова Рид им донесоа бод на „Лисиците“.

Борнмут направи чудесен пресврт против Ипсвич. До 89. минута губеше со 1-0, а потоа со головите на Унал во 89. и Утара во 95. го освои три бода.