фудбал

Јунајтед и Њукасл преговараат за Хол

Челниците на Манчестер Јунајтед сè уште го гледаат левиот бек на Њукасл, Луис Хол, како главна цел за засилување на таа позиција.

Сепак, „Црвените ѓаволи“ ќе мора да го направат најскапиот трансфер за лев бек во историјата за да ги убедат „враните“ да го продадат.

Медиумите денеска проценуваат дека екипата од „Олд Трафорд“ нема да понуди околу 70 милиони фунти (82 милиони евра) за 21-годишниот дефанзивец.


Струга Трим Лум донесе уште две нови засилувања

Фудбалскиот клуб Струга се поднови со уште двајца нови фудбалери, Едисон Кола и Блерон Рамадани.

Едисон Кола е централен дефанзивец кој последно играше за Тирана. Поголем дел од кариерата го поминал во грчкиот фудбал. Тој во Грција е и роден, има 25 години.

Второто засилување е левиот бек Блерон Рамадани. Тој има 20 години. Играл во Швајцарија, потекнува од школата на Цирих, има македонско државјанство.


Столе и Валенсија ремизираа со Селта на „Местаља“

Македонскиот голман, Столе Димитриевски, не прими гол на првиот натпревар за Валенсија оваа сезона, но неговите соиграчи не успеаа да дадат, мечот против Селта заврши 0-0.

Натпреварот не изобилуваше со шанси, Селта беше подобар противник, беше поактивна, се обидуваше да постигне гол, но не успеваше.

Нашиот Столе Димитриевски имаше неколку успешни интервенции со кои не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Македонецот беше еден од најдобрите фудбалери на Валенсија оваа сезона.

Одличен почеток на Димитриевски.


Горецка договори трансфер во Астон Вила

Леон Горецка одамна најави дека ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на претходната сезона.

Најноватата информација е дека сега конечно има конкретни преговори и тоа со Астон Вила.

Тренерот Унаи Емери има потреба од нови играчи во средниот ред, искуството на Горецка на елитно ниво е непроценливо, па затоа и Вила сака да го доведе 31-годишниот играч во Бирмингем.

Претходно, Вила се обидуваше да го ангажира неговиот досегашен соиграч Жоао Палиња, но Португалецот на крајот реши да се пресели во редовите на Бенфика.


Меси стрелец, но Интер Мајами загуби на домашен терен

Екипата на Интер Мајами доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Торонто со конечни 1-2 .

Тимот на Лионел Меси не успеа да избегне пораз и покрај голот во финишот на средбата.

Гостите ја искористија својата шанса во вториот дел кога Сарџент и Етјеф погодија за сигурно водство.

Аргентинскиот ас Лионел Меси ја затресе мрежата во 83. минута по асистенција на де Пол. .

Домашниот тим останува на второто место на табелата со 39 бодови. Гостите од Канада стигнаа до 21 освоен бод и моментално се наоѓаат на десеттата позиција.


Репрезентацијата до 15 години одигра нерешено против БиХ

Во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Во регуларниот тек од натпреварот резултатот беше 2:2, а по подобро изведување на удари од 11 метри славеа гостите.

Македонија поведе со погодокот на Габриел Фударски Митев уште во втората минута. Во 18-тата капитенот Леис Факиќ зголеми на 2:0.

Во 27.минута Недим Хрњиќ намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Кенан Салкановиќ во 42. минута.

Во вториот натпревар Естонија славеше со 1:0 во дуелот против Украина.


Арсими со големи три бода се враќа од Чаир

Екипата на Арсими ја запиша втората победа во новата сезона, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново на „Чаир“ славеше со сигурни 0-2. Херојот на гостите беше резервистот Каба Јакупи, кој беше автор на двата гола.

Иако домаќините имаа посед на топка, гостите преку Олаесебикан од далечина први се заканија. Следеше подобра игра на „црвено-црните“ и серија на шанси пред голот на Силјановски.

Адили се обиде од далечина, Керим со глава, а во финишот на првиот дел Шаркоски бараше пенал по стартот на Џемаили, но судијата Пилешков и ВАР-собата не се огласија. Сепак, во првиот дел најзрелата шанса ја имаа гостите од Чегране. Капитенот Аљбин Рамадани изби сам пред Столески во 35. минута, но биеше преку голот.

Во продолжението Рамадани сам излезе пред голманот, но премногу чекаше и пропадна првата шанса за Арсими во вториот дел. Само четири минути подоцна Мехмед биеше од мртов агол, но Силјановски беше на висината на задачата и го сочува својот гол.

Во 54 минута Рамадани центрираше, а Личина ризикуваше автогол, но сепак спаси чист гол пред Контрерас. Девет минути подоцна во шанса се најде и нововлезениот Каба Јакупи, но Столевски се најде на вистинско место.

Во второто соочување меѓу Јакупи и Столевски, поуспешен беше гостинскиот фудбалер, кој со еврогол ја погоди целта и донесе огромна радост за гостите. Во самиот финиш, Јакупи одново се најде во центарот на вниманието, откако повторно го совлада Столевски и ги постави конечните 0-2.


Баерн среде Дортмунд го освои Суперкупот на Германија

Баерн Минхен ја започна новата сезона со трофеј, откако славеше со 1-2 против Борусија Дортмунд во натпреварот за Суперкупот на Германија.

На „Сигнал Идуна Парк“ баварскиот гигант одигра одлично прво полувреме и стекна предност од два гола.

Резултатот го отвори Натаниел Браун во 28. минута, по што Баерн продолжи да го контролира натпреварот. Во самиот финиш на првото полувреме, Мајкл Олисе погоди за 2:0, со што гостите заминаа на пауза со значителна предност.

Борусија не се предаде и во 75. минута успеа да намали. Фабио Силва ја затресе мрежата на Мануел Нојер и го врати Дортмунд во игра.

Сепак, домаќините немаа сили за целосен пресврт. Баерн успеа да ја сочува предноста до последниот судиски свиреж и така го освои трофејот со кој официјално ја отвора сезоната 2026/27.

За Баерн ова е одличен почеток на новата сезона, додека Борусија Дортмунд, и покрај подоброто издание во вториот дел, остана без трофеј пред своите навивачи.


Севиља го освои „Сан Мамеш“, груби грешки на Унаи Симон

Фудбалерите на Севилја победија во Билбао со 1-3, во второто коло. Мечот го обележаа грешките на фудбалерите на Атлетик, кои им ја подарија победата на гостите од Андалузија.

Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски шампион, а најдобар голман на тој турнир и незаменлив чувар на мрежата беше Унаж Симон, голманот на Атлетик Билбао.

Во второто коло од Ла Лига, голема грешка на Симон, Билбао претрпе пораз дома од тимот на Севиља со резултат од 1-3.

Откако во 11-та минута Јури Берчиче, како последен играч во одбраната, поради прекршок доби директен црвен карто, голманот Симон четири минути подцна им го трасираше патот до победата на гостите од Андалузија.

Најдобриот голман на Светското првенство испрати лошо додавање од својот шеснаесетник, додавање кое Осо веднаш го пресретна, а потоа ја смести топката во голот за водство на Севилја од 0-1.


Брентфорд го спушти на земја засилениот Тотенхем

Фудбалерите на Брентфорд го надиграа и убедливо го поразија Тотенхем со 3-0 (2-0) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Тимот на Роберто Де Зерби донесе многу скапи нови играчи во текот на летото, но ниту еден од нив не се покажа како засилување во првото коло.

Спарс буквално беа разбиени од Брентфорд. „Пчелките“, одигра феноменален натпревар, победата ја најави Луис-Потер во 12-та минута по големата грешка на Бергвал.

Водството на домашните го удвои Јанелт во 33-та, а триумфот го запечати Кајод ево 49-та минута.

Триумфот на црвено-белите можеше да биде уште поголем бидејќи Игор Тијаго промаши пенал во 54-та минута. Неговиот удар заврши во стативата.

Менаџерот на Тотенхем, Де Зерби го започна натпреварот со четворица кои дебитираа за клубот во Премиер лигата – Сандро Тонали, Енди Робертсон, Јан Пол ван Хеке и Маркос Сенеси, а Матеус Фернандес влезе од клупата.

Тотенхем веќе потроши околу 265 милиони евра за трансфери ова лето. Најголемите зделки беа доаѓањата на Сандро Тонали, Матеус Фернандес и Јан Пол ван Хеке, додека Маркос Сенеси, Енди Робертсон и Мартин Дубравка пристигнаа без надомест.