фудбал

Барса се предомисли и сега му нуди нов договор на Левандовски

Барселона пред неколку дена официјално му понуди нов договор на Роберт Левандовски.

Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, а во неколку наврати самиот истакна дека сака да остане и дека нема намера да прејде во друг клуб.

Во Барселона беа убедени дека Левандовски со раширени раце ќе ја прифати понудата, особено поради неговите изјави дека сака да остане, но она што следеше ги изненади.

Имено, се појавија информации дека Левандовски води преговори и со други клубови, а еден посебно се издвојува.

Станува збор за Милан, кој очајно бара вистински напаѓач, а најголемо изненадување за Каталонците беше веста дека Левандовски лично стапил во контакт со Златан Ибрахимовиќ и се понудил на „росонерите“.


Ако Иран не игра на Мундијалот, ФИФА разгледува неколку опции за замена

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за организирање на меѓуконтинентални плејоф натпревари доколку иранската репрезентација се повлече од Светското првенство во 2026 година, објави „RMC Sport“.

Според изворор, Иран можеби нема да присуствува на Светското првенство поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток. Во овој случај, тимовите кои не успеаја да се квалификуваат ќе имаат шанса да се квалификуваат. Се очекува по два тима од Азиската фудбалска конфедерација (AFC) и УЕФА да учествуваат во потенцијалните плејоф натпревари.

Така, италијанската репрезентација, која загуби од Босна и Херцеговина во решавачкиот квалификациски натпревар, може да добие уште една можност да се бори за билет за Светското првенство.


Мурињо: Прифаќам критики само од потрофејни од мене

Бенфика под водство на Жозе Мурињо се уште нема пораз во португалската лига, но има многу нерешени средби и тоа со послаби екипи, па ризикува да не се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона.

Мурињо е под критики, но Португалецот во свој стил се обиде да се одбрани од нив.

„Ако некој има со 27 или повеќе трофеи кои сака да ме критикува, можам да прифатам. Ако има под 26, не можам“, им рече Мурињо на новинарите.

Неизвесно е дали Мурињо ќе продолжи да биде тренер на Бенфика или ќе змине.


Де Зерби дебитираше со пораз, Тотенхем поразен во Сандерленд

Роберто Де Зерби имаше неславно деби на клупата на Тотнем, неговиот тим загуби на гостувањето кај Сандерленд со 0-1.

На шест кола до крајот на сезоната Тотнем се наоѓа меѓу екипите кои ќе се преселат во Чемпионшип.

Денеска тимот на Де Зерби загуби на гостувањето кај Сандерленд со минимални 0-1.

Единствениот гол за домаќините беше дело на Мукиеле по 15 минути игра во второто полувреме.

Кристал Палас со пресврт славеше со 2-1 против Њукасл, а немаше победник на мечот меѓу Нотингем форест и Астон Вила, заврши 1-1.


Мари-Луис Ета ќе го води Унион Берлин до крајот на сезоната

Унион Берлин ја назначи Мари-Луис Ета за тренер на првиот тим до крајот на сезоната откако му врачи отказ на Стефн Баумгарт.

По поразот од Хајденхајм од 1-3, Унион Берлин реши да направи тренерска промена, па го отпушти Баумгарт.

Клубот од Берлин ја назначи Мари-Луис Ета за главен тренер до крајот на сезоната. Таа стана првата жена тренер во Бундеслигата со договор за прв тренер.

Ета во ноември 2023 година стана првата дама асистент тренер, исто така во Унион Берлин. А во јануари 2024 на мечот против Дармштаг го водеше тимот како прв тренер поради тоа што Ненад Бјелица беше суспендиран.


Удинезе го освои „Сан Сиро“, Милан врза два порази по ред

Фудбалерите на Удинезе го декласираа Милан на „Сан Сиро“ со 0-3, во 32-то коло. Екипата од Удине прв пат во историјата во една сезона, во Милано ги победи Милен и Интер. Во првиот дел од сезоната го победија Интер со 2-1.

Масимилиајно Алегри реши да испроба нова тактика против Удинезе, Милан излезе во формација 4-3-3, со Рафа Леао како лажна деветка.

„Само се надевам дека ја одбрав вистинската постава“, изјави тренерот на Милан пред натпреварот. Дека згрешил беше јасно во првите 15 минути. Удинезе доминираше на теренот, на крајот убедливо победи.

Милан, до пред три недели беше во борбата за титулата, а сега до крајот ќе се бори за четвртоото место, кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.

Николо Заниоло беше вмеѓан во двата гола во првото полувреме. Првиот дојде во 27-та минута, кога Давиде Бартезаги си постигна автогол по центаршутот на Артуро Ата.

Јирген Екеленкамп ја дуплираше предноста во 37-та минута, со удар со глава по центаршутот на Заниоло.

„Роносерите“ најсериозно се заканија на почетокот од вториот дел. Мадука Окоје феноменално го запре ударот на Алексис Салемакерс со помош на пречката, а набрзо шанса имаше и Страхиња Павловиќ, кој се обиде со глава, но неогвиот удар заврши крај голот.

Ата стави точка на овој натпревар во 71-та минута, со одмерен удар во блискиот агол на Мајк Мењан.


Барса го доби каталонското дерби и јуриша кон титулата во шпанското првенство

Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на стадионот „Камп Ноу“ (4-1), во натпреварот од 31-то коло на Ла Лига.

Во каталонското дерби, Блауграна го искористи неуспехот на Реал, кој одигра само 1-1 со Џирона во петокот навечер.

Натпреварот го одбележа Ламин Јамал.

Во 100-от натпревар во Ла Лига во својата кариера, тој забележа две асистенции во првото полувреме. Стрелец во деветтата и 25-та минута беше Феран Торес.

Гостите го намалија водството преку Пол Лозано во 56-та минута, а потоа имаа уште неколку можности да го изедначат резулатот.

Не успеаја, а казната дојде во 87-та минута. Голамнот на Еспањол, со лоша рекација му подари гол на Јамал. Две минути подцна, со шестиот гол во првенството, точка на натреварот стави Рашфорд.

Барса е прва на табелата со 79 бода, девет повеќе од Реал, додека Еспањол е 10-ти со 38 бода.


Борнмут го шокираше Арсенал на „Емирати“

Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал им приреди непријатно изненадување на своите навивачи со поразот денеска од Бурнемут од 2:1 на домашен терен. Со поразот Арсенал остана на +9 во однос на второпласираниот Манчестер Сити, но со два натпревара повеќе и следното коло има гостување кај Манчестер Сити.

Гостите во два наврати водеа. Првиот гол го постигна Ели Жуниор Крупи во 17.минута, а Арсенал изедначи од пенал во 35.минута. Стрелец на голот беше Виктор Ѓокереш.

Гостите во вториот дел беа подобрата екипа на теренот и по една одлична акција во 74.минута Алекс Скот ја донесе победата.

Тимот на Бурнемут има серија од 12 натпревари без пораз во Премиер лигата, а притоа ја прекинаа серијата од пет нерешени натпревари. Последниот пораз го имаа на домашен терен токму од Арсенал на 3.јануари.


ПСЖ го задржа трофејниот тренер до 2030 година

Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, неколку извори потврдија дека преговорите се при крај, и дека Шпанецот треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона.

Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови и му понуди договор со важност до летото 2030 година.

Со новиот договор, Енрике ќе стане еден од најплатените тренери во Европа.


Крос: Нојер е најдобриот голман на сите времиња!

Германскиот голман, Мануел Нојер доби најголеми пофалби од својот сонародник, Тони Крос кој смета дека чуварот на мрежата на Баерн Минхен е најдобриот кој некогаш се појавил.

Нојер има уникатен стил на бранење и се разликува од останатите голмани. Тој е еден од најдобрите во светот, а за Крос дефинитивно е број еден.

Пофалбите доаѓаат по неговата маестрална партија против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

„Мануел Нојер е најдобриот голман на сите времиња. Тоа е сигурно“, вели Тони Крос. Ману има свој посебен голмански натпревар. Само тој го има тоа. Единствен голман кој ви е забавно да го гледате. Тој има неверојатна аура со неговите движења и елеганција.

За Светското првенство? Тој и сега е најдобриот германски голман и тоа со огромна предност. Нема дебата за тоа“.

Мануел Нојер најверојатно нема да оди на Светското првенство бидејќи не е прв избор на германската голманска позиција.