фудбал

Ламин Јамал го сруши рекордот на Кркиќ, стана најмлад капитен во историјата на Барса

Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал стана најмладиот капитен на Барселона во историјата, со само 19 години и 58 дена, за време на вчерашната убедлива победа на Каталонците над Феенорд со 5-1 во првото коло од Лигата на шампионите.

Првиот капитен на екипата, Рафиња, му ја предаде капитенската лента на Јамал во 71. минута, кога беше заменет.

Претходно најмлад капитен на Барселона беше Бојан Кркиќ, кој ја предводеше екипата со капитенската лента на раката на натпреварот од Купот на кралот во 2010 година, кога имаше 20 години.

Јамал против Феенорд постигна и гол од слободен удар, со што дополнително ја потврди одличната форма.

На Јамал со Барселона му недостасува само трофејот во Лигата на шампионите, од сите поважни трофеи, додека со Шпанија веќе ги освои и Светското и Европското првенство што е фантастично достигнување за фудбалер кој штотуку зачекори во 20-тата година од животот.


Олимпијакос го отпушти тренерот Мендилибар

Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и елиминацијата од НЕЦ Нејмиген во третото квалификациско коло, за пласман во Лигата на шампионите.

Дека сè поминало според планот во Пиреја, сведочат медиумските извештаи во Грција дека наследникот на Мендилибар е веќе познат. Црвено-белите ќе ги преземе Иманол Алгуасил, тренер кој работеше седум години во Реал Сосиедад.

Пред да дојде на „Караискакис“, тој го водеше Ал Шабаб, а своето деби на клупата на црвено-белите од Атина ќе го има во сабота против ОФИ од Крит.


Анчелоти направи револуција во бразилскиот национален тим

Карло Анчелоти започна нова ера на клупата на бразилската фудбалска репрезентација. Италијанскиот тренер го објави списокот од 26 играчи за претстојните натпревари против Австралија и Индија, а на него има дури осум дебитанти: Педро Мориско, Отавио, Артур Дијас, Жаир Куња, Матеузињо, Мауро Жуниор, Брено Бидон и Габриел Бонтемпо.

Естевао, Андреј Сантос и Жоао Педро, кои го пропуштија Светското првенство, се враќаат во тимот. Анчелоти изостави дури 16 играчи од турнирот во САД, Канада и Мексико и со тоа најави целосна реконструкција на тимот пред квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2030 година.

Бразил отвора ново поглавје без Нејмар и голем број долгогодишни репрезентативци кои се збогуваа со националниот тим по неуспехот на Светското првенство ова лето. Данило, Каземиро, Фабињо, Алекс Сандро, Алисон и Едерсон ја напуштија репрезентацијата.

Иако Бразилците не пристигнаа во Северна Америка како главни фаворити, очекуваа подобар резултат, но Норвешка го запре нивното патување во осминафиналето со два гола на Халанд.

Тој пораз предизвика големо спортско разочарување во земјата, а месеци на анализа се одвиваа причините за неуспехот и потрагата по одговорните за закрепнувањето на тимот.

Раководството на Бразилската фудбалска федерација (CBF) одлучи да започне од нула, а на Анчелоти му беше дадена целосна слобода.

Италијанскиот стручњак сака да го изгради ‘рбетот на тимот за следните четири години и Светското првенство, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко. Целта е да се комбинира искуството на преостанатите ветерани со нови таленти.

Јасно е дека ова станува репрезентација на Винисиус Жуниор и Рафиња. Дуото од Реал Мадрид и Барселона ќе го предводи Бразил во новиот циклус како клучни фигури на Анчелоти.


Миовски донесе победа за Ренџерс против Сент Мирен

Глазгов Ренџерс со 1-0 го победи Сент Мирен во меч од шкотската лига, херој беше нашиот Бојан Миовски кој го постигна единствениот гол.

Миовски во игра влезе во 78. минута и тоа на крајот се покажа како клучно за победата.

Во 91. минута по асистенција од Надери, Миовски со прекрасен лоб удар постигна гол за водство од 1-0 кое значеше и победа за Ренџерс.


Михајло Мудрик се повреди на стартот на својата епизода во Тотенхем

Михајло Мудрик во Тотенхем по еден настап во новиот клуб заработи повреда и сега е најавено негово отсуство од околу два месеца.

Украинецот заработи повреда на зглобот на ногата за време на тренинг и ќе мора долго да паузира во наредниот период.

Тоа значи дека Мудрик ќе ги пропушти сите натпревари во пресрет на паузата за настап на репрезентациите, односно нема да биде во комбинација за дуелите со Евертон, Ливерпул и Астон Вила.


Нов договор за Адвокат, ќе продолжи да го води Курасао

Репрезентацијата на Курасао на холанѓанецот Дик Адвокат и му даде нов договор.

Адвокат има полни 79 години но на инсистирање на федерацијата на Курасао, тој и натаму ќе биде нивен кормилар.

Па така, бидејќи договорот секако ќе е повеќегодишен тој ќе биде селектор и во деветтата деценија од животот.

Наскоро оваа селекција ја стартува Конкакаф Лигата на Нации со Костарика, Никарагва и тринидад и Тобаго.


Луис Енрике: Лигата на шампионите е нашето натпреварување

Актуелниот бранител на тронот во Лигата на Шампионите, ПСЖ, имаше импресивен старт на новата сезона.

Французите вчера на домашен терен го совладаа составот на Слован Братислава со убедливи 6-1 . Тоа предизвика задоволство кај тренерот, Луис Енрике.

„Направивме одлична работа, одигравме многу добар натпревар. Атмосферата на „Паркот на принцовите“ во Лигата на шампионите секогаш е неверојатна, но денеска беше посебна“, вели Енрике.


Барса пак победи со пет постигнати гола, Феенорд настрада на „Камп Ноу“

Вториот ден од првото коло, во Лигата на шампионите, започна со убедливите победи на Барселона и Штутгарт, во дуелите со Феенорд односно Викинг.

Барселона лесно се справи со Феенорд, победата ја обезбеди во првото полувреме, кога брилијантни голови постигнаа Рафиња во третата и Адејеми во 22-та минута.

Серијата голови во второто полувреме ја отвори Рафиња во 57-та минута, 20 минути подоцна Јамал го постигна четвртиот гол, Сем Стејн намали во 82-та, а три минути подцна со својот прв гол во дресот на Барселона, Габриел Жесус ги постави конечните 5-1.

Во вториот натпревар, Штутгарт го победи Викинг со 3-1, а апсолутен херој на германскиот претставник беше Ермедин Демировиќ.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина постигна хет-трик за само 12 минути. Тој ја затресе мрежата на норвешкиот шампион во 20-та, 26-тата и 32-та минута, додека единствениот гол за Викинг го постигна Златко Трипиќ во 22-та минута.

Демировиќ стана првиот играч на Штутгарт кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите. Во исто време, тој го постигна и првиот хет-трик во новата сезона од елитното натпреварување.


ПСЖ до врв ја наполни мрежата на Слован на Јаја Туре

Ливерпул и Спортигн по пресврт славеа против Атлетико Мадрид, односно Галтасарај, европскиот првак го декласира Слован од Братислава, а Арсенал постигна само еден гол во Неапол за три бода против Наполи.

Маркос Љоренте продолжи да го малтретира Ливерпул, но исто како и минатата сезона, Атлетико загуби на „Енфилд“. Љоренте постигна гол во 17-та минута, му додавањето од Алварез. За сега веќе поранешниот шпански репрезентативец, ова беше петтиот гол, во третиот меч против Ливерпул на „Енфилд“. Во кариерата Љоренте има постигнато вкупно осум гола во Лигата на шампионите.

Ливерпул одговори во 40-та минута преку Собослај, а голот за победа го постигна Мекалистер во 50-та минута.

Арсенал доминишраше во Неапол, но иницијативата успеа да ја круниса со гол дури во 75-та минута, кога Едегор го совлада Милинковиќ-Савиќ.

ПСЖ покажа сила против аусајдерот, Слован. Европскиот првак победи со 6:1, хет-трик постигна Феран Торес, два гола запиша Дембеле, а еден Фабија Руиз.


Дејан Јакимовски е нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Дејан Јакимовски да биде избран за претседател на Судискиот одбор на ФФМ, наследувајќи го досегашниот претседател Божиновски. Емил Божиновски поради лични причини се повлекува од функцијата претседател на Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Божиновски, сепак, останува дел од судиското тело во рамки на Федерацијата и продолжува да придонесува со своето долгогодишно искуство во развојот и унапредувањето на судењето во македонскиот фудбал.

Јакимовски има долгогодишно домашно и меѓународно искуство како судија, со повеќе од 500 натпревари во Првата и Втората МФЛ и над 110 меѓународни натпревари како ФИФА судија. Во својата досегашна работа беше член на Судискиот одбор, УЕФА контролор, како и ВАР менаџер и проектен лидер при имплементацијата на ВАР технологијата во македонскиот фудбал.

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игралиште“ во Битола. Имајќи ја предвид неговата значајна улога во развојот на младинскиот фудбал и потребата од создавање безбедни и квалитетни услови за тренинг, Управниот одбор на ФФМ го прифати барањето и одобри поддршка за реконструкција на игралиштето, вклучително и замена на вештачката трева и санација на подлогата и неопходната инфраструктура.

Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Дисциплинската комисија за измена на таксите за жалба до Второстепената комисија за молби и жалби. Со одлуката, таксата за физички лица се зголемува од 100 на 200 евра, додека за правни лица од 200 на 500 евра, во денарска противвредност.