фудбал

Тухел испрати предупредување до фудбалерите по инцидентот меѓу Мане и Сане

Топ тема во германската спортска јавност веќе неколку дена е инцидентот меѓу Садио Мане и Лерој Сане, во кој Сенегалецот физички го нападнал својот колега и му нанел расекотина на усната по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Оваа есклузива ја пренесоа угледните германски медиуми и на Баерн како клуб му беа потребни речиси 48 часа за да се огласи, при што соопшти дека Мане заработува суспензија од еден меч и дополнителна парична казна.

„Овој случај е решен. Мане заработи еден меч суспензија и парична казна за тоа што го предизвика. Јас не видов што се случи бидејќи бев во собата со моите помошници. После тоа, веднаш зборував со двајцата инволвирани, со сите останати играчи и со стручниот штаб. Секако дека бевме загрижени, тоа беше неочекуван инцидент и најважно беше да го решиме пред првиот тренинг. Тоа го направивме вчера, го решивме проблемот и имавме добри тренинзи вчера и денес“; заврши Тухел.


Мурињо: Го немам Халанд да постигнувам голови на секој натпревар

Рома беше поразена од Феенорд во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Фудбалерите на римскиот клуб имаа проблеми со реализацијата затоа што упатија дури 17 удари кон противничкиот гол, но само два од нив беа прецизни. Исто така, Лоренцо Пелегрини промаши и пенал.

Новинарите по натпреварот го запрашаа Португалецот за слабата реализација.

„Го немам јас Халанд во нападот. Тажни сме и секогаш се трудиме да дадеме се од себе, момците играа одлично. Можевме да постигнеме и подобар резултат, но не успеавме во тоа“.

Рома го победи Феенорд минатата сезона во финалето од Конференциската лига.

„Домаќините беа мотивирани да се одмаздат за поразот во Конференциската лига. Сепак, не можете да промените резултат на натпревар кој сте го изгубиле. Феенорд дури и да победеше со 10:0, таа победа на Рома во финалето ќе останеше“, изјави Мурињо.


Ливерпул се откажува од трката по Џуд Белингем

Јирген Клоп ги потврди последните информации дека Ливерпул се откажал од битката за ангажман на Џуд Белингем.

Менаџерот јасно стави до знаење дека клубот нема финансиски потенцијал да реализира договор со Борусија Дортмунд. Цената на англискиот интернационалец  ќе биде повеќе од 100 милиони евра.

„Морате да процените што можете да направите. Мора да видите колку пари имате. На пример, нема шанси да земеме шест фудбалери и секој од нив да чини 100 милиони фунти“, вели Клоп.


Анчелоти сака да го замени Карвахал со Рис Џејмс

Реал Мадрид планира да си купи нов десен бек, иако Дани Карвахал беше одличен на теренот против Челси во Лигата на шампиони.

Медиумите шпекулираат дека „кралевите“ планираат да испратат понуда за Рис Џејмс од Челзи, кој се измачи против Винисиус Жуниор во средата.

„Марка“ пишува дека цената на Џејмс е 50 милиони евра, а Челси може да има проблеми со финансискиот фер-плеј и да мора да продава фудбалери.

Џејмс би бил одлично засилување за шпанскиот шампион затоа што е добар и во напад и во одбрана.


Два калчолигаши преговараат со агентот на Марсијал

Јувентус и Милан покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.

Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа. „Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за Французинот покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

Манчестер Јунајтед сака со неговата продажба да финансира дел од трансферот на нов напаѓач, а најголема желба е најголема желба е Хари Кејн.

Марсијал на лето влегува во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.


Пети откри што му треба на Арсенал за да биде компетитивен и во ЛШ

Арсенал има одлична сезона која може да биде крунисана со лигашка титула, но дури и тоа да не се случи клубот од Лондон дефинитивно ќе ја оствари главната цел, пласман во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2023/2024.

„Топчиите“ паметно ја градеа екипата во изминатите преодни рокови и дефинитивно ќе повлечат уште некој потег на лето, а еден пред.лог за нив стигна од поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети. Пети е екс играч на Арсенал и како таков се радува на успесите на клубот, па според него Микел Артета и директорот Еду треба да донесат најмалку две нови имиња од кои едниот да биде Луис Данк од Брајтон.

„Според мене на Арсенал му е потребен уште најмалку еден централен дефанзивец и најмалку еден страничен фудбалери кој идеално некој што може да игра на двете страни. Бидејќи Арсенал ќе игра ЛШ наредната година потребна им е длабочина во одбраната“, рече Пети.


Нагелсман патува во Лондон на преговори со Челзи

Јулијан Нагелсман, наскоро ќе патува во Лондон на состанок со раководството на Челзи.

Нагелсман, кој беше отпуштен од германскиот шампион на крајот на март, е меѓу главните кандидати да го преземе кормилото на Челзи на лето.

„Билд“ пишува дека Боели е подготвен да му ги исполни сите желби на поранешниот стратег на Баерн Минхен и да му го доведе на Германецот новиот проект на клубот.

Нагелсман наскоро ќе има средба со раководството на „сините“ каде ќе ги претстави својот проект и визии за тимот.


Ди Марија преговара за останување во Јуве уште една сезона

Анхел ди Марија потврди дека преговара со Јувентус за продолжување на договорот. Аргентинецот пристигна минатото лето и потпиша договор само на една година бидејќи планираше да се врати во татковината.

Меѓутоа, после одличната сезона во дресот на „старата дама“, Јувентус му понуди нов договор, а тој потврди дека е среќен во Торино.

„Преговараме за нов договор. Среќен сум тука. Ја чувствувам љубовта на фановите после тешкиот почеток“, изјави Ди Марија.


ПСЖ го носи Осимен како партнер на Мбапе за следната сезона

Приоритет на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде ѕвездатаНаполи, Виктор Осимен.

Осимен се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи, а приоритет на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па е во потрага по класичен напаѓач, кој ќе биде идеален партнер за Мбапе. Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и верува дека понудата од 120 милиони евра ќе биде доволна да го убеди Наполи да го пушти Осимен.


Австриецот Лајмер од следното лето се сели во Минхен

Баерн Минхен го обезбеди своето прво засилување за следната сезона. Станува збор за играчот од средниот ред ма РБ Лајпциг, Конрад Лајмер кој го потпиша својот договор со Баварците, објави Билд.

25-годишниот Австриец се обврза на договор до летото 2027 година. Тој во Минхен доаѓа како слободен играч од РБ Лајпциг.

Поранешниот тренер на Баварците Џулијан Нагелсман беше заинтересиран за потписот на Лајмер, а клубот дури и се обиде да го ангажира минатото лето.