фудбал

Иднината на Ди Марија е во Серија А

Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да ја продолжи соработката со „светците“.

„Л Екип“ пренесува дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.

Неговиот агент Жорж Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанските гиганти Милан и Наполи, пренесуваат медиумите на Апенините. „Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но се уште не дале конечен одговор за негов ангажман.

Од друга страна Наполи е силно заинтересиран и во Ди Марија гледа замена за Инсиње, но проблем може да биде високата плата на Аргентинецот.


Џо Гомез најнова желба на Анчелоти во Реал

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, пренесуваат медиумите на Островот.

Анчелоти сака да ја засили одбраната, па прва мета на „кралевите“ е токму Гомез од Ливерпул.

24-годишниот Англичанец има проблем со повредите оваа сезона, па запиша само четири настапи за Ливерпул, но веќе се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.

Гомез е прва желба, но не е единствена опца за Реал, кој внимателно ја следи ситуацијата и со Рудигер од Челзи, Кунде од Севиља и Пау Торес од Виљареал.


Инсиње го надмина Марадона по бројот на голови за Наполи

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње ја надмина легендата Диего Марадона по бројот на постигнати голови за клубот. 

30-годишниот Италијанец постигна гол од пенал на натпреварот од 25. коло на италијанското првенство против Интер кој заврши со резултат 1:1.Ова беше негов 116-ти гол за Наполи, со кој се најде на третата позиција на листата најдобри стрелци во историјата на клуб. Лидер е Дрис Мертенс со 144 гола, а зад него е Марек Хамшик со 121.

Диего Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година и има 115 гола за тимот.


Стадион во Сенегал ќе го носи името на Садио Мане

Новоизградениот стадион во сенегалскиот град Седиу ќе го носи името на напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане. Веста ја соопшти градоначалникот на градот, кој е и министер за култура и комуникации на Сенегал.

Пред неколку дена Мане и неговите соиграчи од Сенегал ја освоија историската прва титула во Африканскиот куп на нации, а напаѓачот беше избран за најдобар играч на турнирот.

Покрај на фудбалскиот терен, Мане е често вклучен во добротворни настани во својата татковина, а во последните години помогна во изградбата на болница и училиште.

Токму поради оваа причина Сенегал одлучи да му оддаде почит на Мане со именување на стадион по него. Објектот треба да биде готов следната година.


Подзаборавениот Вилшер се сели во Серија Б

Џек Вилшер сепак би можел да заигра во Италија.

Поранешниот капитен на Арсенал е без клуб од минатата сезона кога го напушти Бурнемоут. Тренираше со Арсенал и имаше желба да потпише договор со неговиот поранешен клуб. Со „топџиите“ беше и на зимскиот камп во Дубаи, сепак нема да добие договор.

Сега се најавува дека Вилшер ќе продолжи во Италија. Нов клуб на поранешниот англиски репрезентативец би можел да биде Комо. Преговарач е Паоло Анони, некогаш играч на Рома, тој изјави дека англискиот репрезентативец е повеќе од можност за италијанскиот тим.

Комо е на средина на табелата, но се уште има можност да се вмеша во борбата за бараж за елитата. Вилшер со преминување на „Чизмата“ се поврзуваше и минатото лето, меѓутоа тогаш преговорите пропаднаа.


Почетино пристига во Манчестер Јунајтед во пакет со Хари Кејн

Веќе е познато дека главен кандидат за постојан тренер на Манчестер Јунајтед за наредната сезона е актуелниот тренер на ПСЖ, Маурицио Почетино.

Англискиот „Дејли телеграф“ ја пренесува информацијата дека доколку Почетино навистина стане тренер на Манчестер Јунајтед, тогаш негово прво засилување во тимот ќе биде напаѓачот Хари Кејн.

Почетино има големо почитување кон англискиот репрезентативец после нивната заедничка соработка во екипата на Тотенхем.

Хари Кејн минатото лето беше многу блиску до заминување во тимот на Манчестер Сити кој за него достави понуда од преку 100 милиони евра, меѓутоа истата беше одбиена од сопственикот на Тотенхем, Леви.


Почетино без Рамос и Нејмар против Реал Мадрид

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Почетино го објави составот на тимот за натпреварот со Рен кој ќе се одигра вечерва.

Мечот ќе го пропуштат напаѓачот Нејмар и дефанзивецот Серхио Рамос. Двајцата до неодамна се опоравуваа од повредите, но очигледно се уште не се целосно подготвени. Рамос продолжува да работи на програма за опоравување.

Нејмар од вчера тренира со главниот тим. Покетино се надева дека ќе биде подготвен за осминафиналето од Лигата на шампионите во вторник против Реал Мадрид. Тренерот изјави дека доколку Бразилецот е подготвен ќе биде стартер на натпреварот против шпанскиот гигант.


Уругваецот Појет е нов селектор на Грција

Густаво Појет е нов селектор на Грција.

Појет со грчката федерација потпиша договор до 2023 година со можност соработката да продолжи во зависност од резултатите.

„Чест ми е што ќе бидам селектор на Грција. Доаѓам во преубава земја со богата историја. Грција го освои Европското првенство во 2004 година и играше на големи натпреварувања, токму на тој пат сакаме да ја вратиме“, изјави Појет.


Париз Сен Жермен подготвува нов договор за капитенот Маркињос

Раководството на Париз Сен Жермен е спремно да му понуди нов договор на капитенот Маркињос.

Со новиот договор, 27-годишниот Бразилец би останал дополнителни пет години во клубот од Париз, и според најавите фудбалерот е спремен да ја прифати понудата.

Маркињос е член на ПСЖ од 2013 година, каде пристигна од екипата на Рома. Неговиот актуелен договор со клубот истекува во 2024 година.


Лион го отстрани Боатенг од првиот тим

Лион одлучи да отстрани од првиот тим Жером Боатенг, пренесуваат француските медиуми.

Дефанзивецот не се наоѓа во конкуренција за натпреварот со Ница поради своето однесување. Минатото лето Боатенг пристигна во Лион после десетгодишната авантура во Баерн. Очекувањата од него беа големи, но започнаа проблеми поради неговото однесување.

Пред две ипол недели на еден од тренинзите влезе во расправија со Бруно Гимараеш, а соиграчите мораа да ги раздвојуваат да не дојде до физичка пресметка. Гимараеш во зимскиот преоден рок направи трансфер во Њукасл.