фудбал

Ајакс го враќа Кристијан Ериксен во своите редови

Кристијан Ериксен е на добар пат да си замине од Манчестер Јунајтед.

Ерик Тен Хаг веќе му ставил до знаење на данскиот фудбалер дека нема да биде дел од плановите за посериозна минутажа,

Ериксен немал проблем и да биде резерва, но ситуацијата се променила кога пристигнала понуда од Ајакс.

Ајакс е клуб каде што Ериксен играше во почетоците на неговата кариера кога пристигна како 18-годишник.

Дресот на Ајакс го носеше во три сезони, а потоа се пресел иво Тотенхем. Често пати и во минатото Ериксен не криеше дека Амстердам го смета за свој дом.

Медиумите на Островот пишуваат и дека Манчестер Јунајтед одредил цена од пет милиони евра.


Ветеранот Беговиќ потпиша за Евертон

Босанскиот фудбалски голман Асмир Беговиќ е пред враќање во Премиер лигата и тоа во дресот на Евертон.

Според најавите на медиумите Беговиќ кој минатата сезона го чуваше голот на Квинс Парк Ренџерс во Чемпионшип сега повторно ќе биде дел од најсилната конкуренција.

Евертон беше клубот со кој последен пат настапуваше во англиската елита и големи се шансите да се врати на „Гудисон Парк“.


Фабрегас добива уште три засилување за својот Комо

Во новата сезона италијанскиот Комо лошо ја отвори сезоната со пораз од 3-0 на гостувањето кај Јувентус и јасно е дека на тимот на Фабрегас му требаат уште играчи за да остане во најелитното друштво на Италија.

Преговорите со тројца играчи се во завршна фаза и се очекува тие да потпишат во текот на оваа недела.

Тоа се Серхи Роберто кој ќе пристигне како слободен играч. Нико Паз од Реал Мадрид и Максимо Пероне од Манчестер Сити.


Њукасл сака да го врати Феран Торес во Англија

Њукасл е силно заинтересиран за напаѓачот на Барселона и шпаски репрезентативец Феран Торес.

Феран Торес пред две години пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа. Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а Њукасл внимателно ја следи ситуацијата и сака да го доведе во своите редови.

Премиерлигашот е спремен да поуди 50 милиони евра, сума која ќе ги задоволи финансиските апетити на Барселона.


Рамсдејл на пат кон Вулверхемптон

Вулверхемптон упати понуда до Арсенал за нивниот голман Арон Рамсдејл. „Волците“ сакаат да го земат резервниот голман на Арсенал  репрезентацијата на Англија на позајмица со опција за откуп следното лето, пишуваат медиумите на Островот.

Вулверхемптон изрази подготвеност да го преземат поголемиот дел од платата на 26-годишниот Рамсдејл. Интересот за голманот датира од минатата година.

Разговорите меѓу двата клуба се во тек, а Арсенал сака да го продаде сега наместо да го ослободи. Во моментов не е јасно дали во зделката се разговара за евентуалното учество на играчот на „волците“ – Ден Бентли, за кој претходно интерес покажаа „Топџиите“.

Двата тима се сретнаа на стартот од Премиер лигата, при што лондончани го добија натпреварот со 2:0. Рамсдејл ја загуби битката за стартното место на голот на Арсенал со Давид Раја. Минатата сезона одигра само 6 натпревари во Премиер лигата.


Барса ќе испрати понуда за Леао од Милан

И покрај тоа што уште не е излезена од лошата финансиска ситуација и мака мачи да ги регистрира новите фудбалери, Барселона цели кон скапи засилувања.

Информациите од Шпанија велат дека Барселона во финишот од преодниот рок ќе се обиде да потпише со Рафаел Леао.

Милан високо го цени својот фудбалер и сака околу 90 милиони евра за негово заминување.

Барселона не може да потроши толку, но се надева дека со размена на фудбалери значително ќе ја намали цената. Каталонците се подготвени да пратат неколку фудбалери во спротивен правец за да го добијат Леао.


Меси нема да игра за Аргентина во двата септемвриски натпревари

Аргентинскиот фудбалер Лео Меси нема да биде во составот на селекцијата на Аргентина за септемвриските квалификации за СП 2026.

Имено тој уште заздравува од повредата на Копа Америка каде неговата селекција го освои првото место.

Лионел Скалони денеска го објави списокот со играчи на кои смета за дуелите со Чиле (5 септември) и Колумбија (10 септември), а на него го нема капитенот на светскиот првак.

Инаку ова е списокот на Скалони за претстојните мечеви на Аргентина.


Постекоглу изнесе оптимистички вести за повредата на Бентакур

Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, откри дека играчот од средниот ред Родриго Бентанкур е „свесен и комуницира“ по сериозната повреда на главата што ја заработи синоќа на гостувањето кај Лестер во првото коло од Премиер лигата.

Бентанкур го напушти теренот на носилки откако падна на земја и изгледаше дека удри со глава по корнерот на Џејмс Медисон во 71. минута од натпреварот.

Фудбалерите на Тотенхем веднаш дадоа знак за помош од лекарскиот тим и по седум минути лекарска помош, Бентанкур успеа да се опорави пред да биде однесен на носилки додека добиваше кислород. За уругвајскиот интернационалец, тоа се покажа како уште една болна посета на Лестер откако имаше повреда на истото место во 2023 година.

„Немам многу информации, но знам дека е буден и комуницира, така што од таа гледна точка е добро. Тој има повреда на главата и тоа ќе го оставам на рацете на лекарскиот тим. Клучот е дека тој дефинитивно е свесен и комуникативен“, изјави Постекоглу по средбата.

На прашањето дали Бентанкур изгубил свест во инцидентот, Постекоглу рече дека не знаел. „Секогаш кога станува збор за повреда на главата и гледате како играчот паѓа – мислам дека во денешно време секогаш сме претпазливи и не ги знам вистинските околности, но знам дека тој ја удри главата“, додаде менаџерот на Тотенхем.


Мората се повреди по дебитантскиот натпревар за Милан

Шпанскиот фудбалер и ов играч на Милан Алваро Мората беше еден од најзаслужните за избегнување  на поразот на оваа екипа на „Сан Сиро“ од Торино кој заврши со резултат од 2-2.

Но, она што нема да им се допадне на фановите е повредата на Шпанецот. Се работи за мускулна повреда и настапот на Мората во следното второ коло е неизвесен и Милан до последно ќе се надева дека постојат шанси за навремена рехабилитација.

Противник на Милан во следната рунда е повратникот во Серија А, екипата на Парма.


Зомер стави крај на репрезентативната кариера

Голманот на Интер, Јан Зомер објави дека ја завршува кариерата во швајцарската репрезентација. Тој го имаше своето деби во мај 2012 година.

Од 2014 година, Зомер играше на три европски и две светски првенства како број 1 на голот на Швајцарија. Неговиот последен натпревар со швајцарскиот тим беше во четврт-финалето на Евро 2024, каде што тимот загуби на пенали од Англија.

„Беше чест и привилегија да ја претставувам мојата земја на највисоко ниво во изминатите 12 години“, рече 35-годишниот Зомер во соопштението објавено на веб-страницата на Швајцарската фудбалска асоцијација.

„Со завршувањето на ЕП 2024 во нашата соседна земја Германија, каде што поминав незаборавни години во Бундеслигата, време е да се збогуваме“, додаде Зомер.