фудбал

ПСЖ издвои богатство за младиот Дезире Дуе

Францускиот шампион Пари Сен Жермен потпиша договор со 19-годишниот играч за врска Дезире Дуе од Рен, објавија двата клуба.

Играчот од средниот ред потпиша петгодишен договор, а според медиумите во Франција, зделката е вредна вкупно 50 милиони евра.

„За мене е голема среќа да се приклучам на Пари Сен Жермен. Чувствувам возбуда во себе, но и многу среќа и гордост. За мене денес се оствари еден сон”, изјави Дуе за веб-страницата на ПСЖ.

За Рен, Дезире Дуе дебитираше во 2022 година и во две сезони забележа 57 лигашки натпревари со седум гола. Тој беше дел и од францускиот олимписки тим кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз овој месец.


Андрих доби нов договор во Леверкузен

Германскиот фудбалер, Роберт Андрих потпиша нов договор со Баер Леверкузен.

Продолжувањето на договорот го потврди германскиот шампион.

„Поминувам низ најуспешниот период од кариерата и чувствувам дека тимот е гладен и по освоената титула минатата сезона. Навистина се радувам што ќе продолжиме заедно во наредните неколку години. Ќе дадам се од себе за своите соиграч и овој посебен клуб со фантастични навивачи“, изјави Андрих за клупскиот сајт.

Андрих одигра пет натпревар за Германија на Европското првенство летово, а во кариерата играше уште за Динамо Дрезден, Вехен Визбаден, Хајденхајм и Унион Берлин.

Во минатата сезона Баер покрај титулата во првенството го освои и германскиот куп.


Пау Лопез го напушти Марсеј и потпиша за Џирона

Вчера го објавија засилувањето во нападот, нашиот Бојан Миовски, а денес шпанскиот тим Џирона објави засилување и на голманската позиција.

Џирона го објави потписот на голманот на Олимпик Марсеј, Пау Лопез на позајмица. 29-годишниот фудбалер ќе игра за шпанскиот тим до крајот на сезоната 2024/25.

Минатата сезона Лопез настапи на 33 натпревари за Олимпик Марсеј во француското првенство, дозволи да прими 39 голови, но имашу чиста мрежа на 8 натпревари.

Претходно во кариерата Пау Лопез настапуваше за Еспањол, Тотенхем, Бетис и Рома. Во средба од првото коло на Ла Лига, Џирона одигра 1:1 како гостин кај Бетис


Ливерпул го враќа Верати во Европа

Директорите на Ливерпул добија понуда клубот да го ангажира Марко Верати. 31-годишниот дефанзивен играч за врска игра за катарскиот Ал-Араби по долгиот престој во францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Познато е дека англискиот клуб не успеа во обидите да го ангажира Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, откако самиот шпански играч од средниот ред одби да се пресели на Островот, па се определи да остане во Сан Себастијан.

Инаку, се уште не е јасно дали „црвените“ ќе форсираат преговори за Верати, кој би можел да биде краткорочно решение за позицијата „шестка“ во тимот на Арне Слот. Ливерпул ја започнува новата сезона во Премиер лигата во сабота со гостување кај новајлијата Ипсвич.


Дани Олмо не е подготвен, нема да настапи во Валенсија

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за физичката состојба на новопотпишаниот играч од средниот ред на неговата екипа, Даниел Олмо, во пресрет на натпреварот од 1. коло на шпанската Примера со Валенсија.

„Во моментов тој не е во физичка кондиција да игра на натпреварот. Дани многу доцна ги започна претсезонските тренинзи. Секој кој ќе влезе на теренот мора да биде 100% подготвен за ова“, изјави Флик за весникот „АС“.

За каталонскиот клуб утре, 17 август, ќе започне новата сезона во шпанското првенство. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Местаља“ во Валенсија. Главен судија на овој натпревар ќе биде Хозе Санчез Мартинез.


Компани не смета на Горецка во новата сезона

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка не беше вклучен во составот за вечерашниот натпревар од Купот на Германија против второлигашот Улм, објавија локалните медиуми.

Магазинот Кикер и ТВ Скај Спорт објавија дека играчот не бил вклучен во тимот од тренерот Винсент Компани и покрај тоа што бил фит и здрав. Баерн допрва треба официјално да го објави својот состав за натпреварот кој се игра вечерва од 20.45 часот.

Леон Горецка исто така беше изоставен од составот на Германија за Евро 2024 летото и немаше добра сезона со Баерн под водство на тренерот Томас Тухел. 29-годишниот Горецка има договор со Баварците до 2026 година.


Милитао доби понуда која не се одбива од Саудиска Арабија

Фудбалерот на Реал Мадрид Едер Милитао кој како што
пренесуваат инсајдерите, веќе почнал преговори со Саудијците,
но тие течат доста споро и траат веќе неколку дена.
Планот е прво да се дојде до договор за личните услови со
играчот а потоа да се „натера“ Дон Флорентино Перез, со голема
сума на пари да го „пушти“ бразилскиот дефанзивец.


Синот на Роналдињо потпиша зас Барнли

Синот на прославениот бразилски фудбалер Роналдињо, Жоао
Мендеш се пресели во Барнли од шпанска Барселона. 19-
годишниот фудбалер го напушти каталонскиот клуб и потпиша
договор со англискиот клуб.
Договорот со тимот кој настапува во Чемпионшип е на две години.
Од март 2023 година, Жоао Мендеш тренираше во академијата
на Барселона.
Роналдињо беше дел од Барселона од 2003 до 2008 година. Како
дел од каталонскиот клуб, напаѓачот ја освои Лигата на
шампионите, двапати стана шампион на Шпанија и освои два
Суперкупа во земјата.


Сити го позајмува Калвин Филипс на позајмица во Ипсвич

Калвин Филипс има договор со Манчестер Сити до 2028 година,
ама повеќе од јасно е дека тој нема иднина во овој клуб или
барем се додека на кормилото на истиот е Пеп Гвардиола.
Англичанецот не се снајде и не ја искористи шансата додека
можеше, па така во минатата сезона не се прослави ниту на
позајмицата во Вест Хем, па пак се врати меѓу „граѓаните“ и беше
на летните подготовки.
Меѓутоа беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине на
друго место и тоа место ќе биде Ипсвич Таун.


Јуве го отстрани Киеза од првиот тим

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус го отстранил
Федерико Киеза од првиот тим, напаѓачот е приморан да тренира
сам се додека не пронајде нов клуб.
„Старaта дама“ инвестираше 60 милиони евра во ангажман на
Федерико Киеза, напаѓачот минатата сезона беше еден од
клучните играчи, но Тиаго Мота не смета на него, па Италијанецот
беше ставен на продажба.
Дека нема иднина за Федерико Киеза во Торино покажува и
последниот потег, играчот е отстранет од првиот тим на Јувентус.
Федерико Киеза е приморан да тренира сам се додека не
пронајде нов клуб.
Неговата цена е 15 милиони евра, односно сумата која стои во
сметководствените книги и нема да значи загуба за Јувентус.
Се говори дека Интер, Милан и Рома внимателно ја следат
ситуацијата и би можеле да достават понуди во последните
денови од летниот преоден рок.