фудбал

Пикфорд е првата опција на Јунајтед за замена на Де Хеа

Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман откако потврдија дека Де Геа нема да го продолжи договорот. Прва мета е токму англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд, и Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 45 милиони фунти за неговиот потпис.

29-годишниот Пикфорд веќе неколку сезони е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата и сака да направи чекор напред во кариерата.

Како алтернатива се споменува Андре Онана од Интер, чија цена исто така е околу 50 милиони евра.


Интер спремен да го откупи договорот на Франческо Ачерби

Интер одлучи да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби од Лацио, пренесува „Газета дело Спорт“.

Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица. Дефанзивецот одигра одлична сезона, па Интер сака да го задржи и почнал преговори со Лацио.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе плати 2,5 милиони евра за да го откупи 35-годишниот дефанзивец.

Лацио првично бараше четири милиони евра, но Интер успеа да ја намали цената преку преговори.


Азар: Одморав три години во Мадрид, спремен сум за нов предизвик

Еден Азар минатиот месец го напушти Реал Мадрид после три години, но вели дека се уште е рано за пензионирање.

Азар се покажа како големо промашување во Реал, главно беше повреден и на клупата за резерви, но сега сака нова авантура.

„Се одмарав три гоини во Реал Мадрид, така што не сум уморен. Пензионирање? Уште не знам. По овие три години, сакам да поминам време со семејството и да одам на одмор како сите останати“.

„Прочитав многу глупости за мене последните неколку денови. Дали ќе одам во Моленбек со мојот брат? Не знам дали тоа е глупаво, ќе видиме. Не ви ги давам одговорите кои ги очекувате, бидејќи искрено ниту јас уште ги немам“, изјави Азар.


Осимен е фаворит за испразнетото место на Бензема во Реал

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач. Карим Бензема го напушти Реал и се пресели во Саудиска Арабија, па Реал бара врен напаѓач, а најнотово име на списокот е Виктор Осимен.

Нигиериецот имаше фантастична сезона во Наполи и се етаблира во еден од најдбрите напаѓачи во Европа, а беше и прв стрелец во Серија А.

Осимен не ја крие желбата дека сака да игра во Реал Мадрид, нo Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе мора да плати 140 милиони евра за да го добие потписот на Осимен.


Постигнат договор меѓу Хаверц и Арсенал, се чека одговорот од Челзи

Каи Хаверц е блиску до преминување во Арсенал, според новинарот Флоријан Плетенберг.

Трансферот ќе изнесува 80 милиони евра. Баерн Минхен, како еден од претендентите за играчот, на крајот не упати понуда за Хаверц, бидејќи биле информирани колку напредувал Арсенал во преговорите. Претходно беше објавено дека Арсенал веќе му понудил на Хаверц договор со важност до 2028 година.

Во сезоната 2022/2023 во англиската Премиер лига, Хаверц забележа 35 настапи, постигнувајќи седум гола и давајќи една асистенција.

Челзи минатата сезона ја заврши на 12. место во Премиер лигата со 44 бодови од 38 натпревари, додека лондонскиот клуб имаше одлична сезона и заврши на второто место и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.


Луис Енрике го презема ПСЖ следната недела

Пари Сен Жермен има нов фаворит за тренер следната сезона со оглед на претстојното заминување на Кристоф Галтие, тврди „Телефут“.

Како што е познато, до неодамна се мислеше дека Јулијан Нагелсман ќе го преземе францускиот шампион, но двете страни на крајот не постигнаа договор. Така, раководството на ПСЖ има нова приоритетна цел за тренерот на тимот, а тоа е Луис Енрике, кој останува слободен откако ја напушти функцијата селектор на Шпанија по завршувањето на СП 2022.

Преговорите меѓу клубот и тренерот се очекува да се одржат во следната недела. Енрике во последните месеци беше поврзуван со Челзи, Тотенхем и Наполи, но не успеа да ги договори условите со ниту еден од нив. Досега на клупско ниво ги водеше Рома, Селта и Барселона (вториот и првиот тим).


Перез по третпат го враќа Зидан во Мадрид?

Зинедин Зидан и Реал Мадрид заедно по четврти пат?! Првиот пат Французинот дојде како играч, потоа уште двапати како тренер, а сега би можел како десна рака на Флорентино Перез.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез сака да го има Зидан во својот клуб, но сега не како замена за Карло Анчелоти. Наводно, Перез сака да го искористи тоа што Зидан и понатаму е без ангажман и нема тренерски ангажман и сака да му понуди улога на советник, но и да биде врска помеѓу соблекувалната и управата. Сепак, се наведува дека тоа е потенцијален „таен мотив“, Зидан да биде спремен веднаш да го наследи Анчелоти ако не му оди добро наредната сезона.

Перез неколку месеци ја разгледуваше опцијата за смена на Италијанецот кој се уште има понуда од Бразил. Се шпекулира и дека Анчелоти не е задоволен од плановите на Перез за ово јпреоден рок.

Анчелоти го сакаше Хари Кејн, Перез се согласи, но мислењето му се променило кога Мбапе порача дака нема да го продолжи договорот и спремен е да го чека уште една сезона ако не успее да го доведе ова лето. Наредното Мбапе ќе биде слободен.

Зидан во изминатиот период ги одби ПСЖ и Јувентус, ја чекаше Франција, но Дешам доби нов договор.


РБ Лајпциг бара сто милиони евра за Гвардиол

Maнчестер Сити сака да го освежи тимот откако освои тројна круна, а Јошко Гвардиол е голема желба на Пеп Гвардиола за последната линија од тимот.

Според информациите на фудбалскиот портал „Goal“ кој се повиквуа на информацијата на новинарот Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт“, Гвардиол нема ништо против трансфер во европскиот шампион.

Наводно, германскиот бундеслигаш се согласил да го пушти хрватскиот дефанзивец ако пристигне понуда од 100 милиони евра. Од друга страна во Сити сакаат да ја завршат работата за 15-тина милиони помалку.

Гвардиол во Лајпциг пристигна во 2021 година како 21-годишник и за германскиот клуб одигра 87 натпревари во кои постигна пет гола и запиша три асистенции. Успеа со Лајпциг двапати да го освои германскиот куп, а освен со Манчестер Сити се поврзуваше и со Реал Мадрид, Ливерпул и Челзи. Неговиот договор со Лајпциг има важност до летото 2027 година.


Мончи промовиран во нов спортски директор на Астон Вила

Астон Вила објави дека нивни нов спортски директор е поранешниот оперативец на Севиља и Рома, Мончи.

Познатиот Шпанец доаѓа на местото на Кристијан Персолу кој објави пензионирање во понеделеникот. Мончи е воодушевен што повторно добива прилика да соработува со Унаи Емери откако претходно беа одлични во Севиља.

„Со нетрпение чекам повторно да работам со Емери, тој е еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Мончи.

Мончи и тоа како помогна во освојувањето на седумте трофеи на Севиља во периодот од 2000 до 2023 година, во три од тие седум трофеи на Севиља соработуваше со Емери. Работеше и во Рома Мончи од 2017 до 2019 година, а тогаш „волчицата“ играше во полуфиналето од Лигата на шампионите.


Почетино го носи Џексон од Виљареал во Челзи

Челзи потроши многу во изминатите два преодни рока, но и покрај тоа на тимот му е потреба реконструкција предводена од Маурицио Покетино кој се враќа во англискиот фудбал.

Кристофер Нкунку беше договорен уште во зимскиот преоден рок и наскоро се очекува официјализација на ово јтрансфер, од Лион треба да пристигна Мало Густо за 30 милиони евра, а денес пристигна и нова информација. Според последните информации, Челзи ја активирал клазулата и ќе го доведе Никола Џексон од Виљареал за 35 милиони евра.

Станува збор за Сенегалец кој на 20-ти јуни ќе наполни 22 години и игра на позицијата напаѓач. Сезонава играше одличен фудбал, постигна 13 голови и подели пет асистенции. Челзи беше најконкретен, а шпанскиот тим е спремен да прифати и исплата во три рати.

Челзи се поврзуваше и со фудбалери како Лаутаро Мартинез и Виктор Осимен, меѓутоа тие трансфери во овој момент не изгледаат така реално.