фудбал

Клајверт ги препорача Рамос и Фирмино за уште посилна Барса

Патрик Клајверт како поранешен напаѓач на Барселона ги следи сите случувања на „Камп Ноу“ и не може да го игнорира напредокот кој го направи тимот под водство на Чави, но легендарниот Холанѓанец добро знае дека во фудбалот не може да се остане мирен и секоја сезона е предизвик сама за себе.

Поранешниот голгетер смета дека Барса мора да го засили тимот за наредната сезона доколку сака да направи исчекор, односно потенцира дека Чави мора да има замена за Роберт Левандовски.

Полјакот го донесе квалитетот кој сите го очекуваа по трансферот кој го направи од Барселона, но реалност е дека Чави нема класична деветка како замена во отсуство на Леви.

Клајверт си даде за право да именува двајца играчи кои можат да бидат интересни опции на трансфер пазарот, од кои едниот е талентираниот Гонсало Рамос, а вториот Роберто Фирмино.

„После Левандовски, потребно е да имате уште еден централен напаѓач. Мора да се има замена за Левандовски. Мене лично, многу ми се допаѓа Гонсало Рамос од Португалија. Фантастичен е во Португалија и во Бенфика. Интересен играч би бил и Фирмино кој би стигнал како слободен агент. Останатите позиции се добро покриени во Барселона“, смета Клајверт.


Три клуба загреани за Маурицио Сари

Милан и премиерлигашите Тотенхем и Вест Хем ја следат ситуацијата со тренерот на Лацио, Маурицио Сари. Според „Il Messaggero“, 64-годишниот фудбалски стручњак сака да добие гаранции од римјаните за засилување следната сезона за да може тимот да конкурира за шампионската титула. Доколку Сари не ги добие гаранциите, тогаш е подготвен да го напушти клубот, бидејќи неговата врска со управата на Лацио се залади оваа сезона.

Интерес за неговата кандидатура покажуваат Тотенхем, Вест Хем, Милан и Фиорентина. Сари е на чело на Лацио од летото 2021 година. Пред тоа, Италијанецот беше тренер на Јувентус, Челзи, Наполи и Емполи.

По 27 кола во Серија А, Лацио е втор на табелата со 52 бода, 19 помалку од лидерот Наполи.


Мурињо бара три засилувања за да остане во Рома и догодина

Жозе Мурињо сака што поскоро да одржи состанок со сопствениците на Рома за да се реши неговата иднина, пишува „Кориере дело Спорт“.

Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но Португалецот не сака да почне сезона со договор кој истекува на крајот на сезоната.

Мурињо сака што поскоро да го реши прашањето за својата иднина и тоа ќе зависи од амбициите на Рома. „Специјалниот“ преферира да остане во Рома, но сака и клубот да покаже поголема амбиција кога се во прашање трансферите.

Ултиматумот на Мурињо е да се донесат три засилувања. Дефанзивец, играч за врска и напаѓач на местото на Абрахам, кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Неговото име често се поврзува со други клубови како и со бразилската репрезентација, па на лето ќе донесе одлука.


Рабио во јуни е слободен агент, Ливерпул прва опција за Французинот

Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната.

Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент. Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа.

Најсилен интерес за него покажува Ливерпул, бидејќи Клоп бара квалитетно засилување за средниот ред.

„Црвените“ се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување, а и самиот играч преферира трансфер во Премиер лигата.


Грујиќ има понуди од два гиганти за трансфер налето

Марко Грујиќ игра одлична сезона во Порто и го привлече вниманието на неколку европски гиганти.

Најсилен интерес за играчот за врска покажуваат Манчестер Јунајтед и Милан, кои ќе се борат за неговиот потпис на лето.

Грујиќ пристигна во Ливерпул во 2016 година, но не се снајде на „Енфилд“,  а потоа се пресели во Порто кој го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.

После одличната сезона, Порто за неговата слобода бара 35 милиони евра, па останува да видиме дали наведените клубови се спремни да ја платат таа сума.


Компани е прва опција за привремено решение на клупата на Тотенхем

Tренерот на Барнли каде што игра македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, Винсент Компани наводно е на мета на Тотенхем.

Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во следните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.

Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурицио Почетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влезе и Компани.

На Белгиецот му оди одлично во Чемпионшип и неговиот Барнли е пред ваќање во Премиер лигата. Компани има големи амбиции, но засега не е познато дали е подготвен да го напушти Барнли по првата сезона. Сепак, понуда од Тотенхем би можела да биде примамлива опција.

Треба да се напомене и дека Пеп Гвардиола по средбата со Барнли викендот во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на Манчестер Сити, а Тотенхем секако би бил голем чекор напред кон таквата цел.


Де Лаурентис: Осимен може да го напушти Наполи со обештетување од 170 милиони евра

Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, соопштил оти напаѓачот Виктор Осимен вреди најмалку 170 милиони евра.

Според Де Лаурентис, ретко кој клуб од Европа во овој момент може да плати 170 милиони евра за Нигериецот, но првиот човек на Наполи вреди за секој цент.

Според медиумите од Италија, Осимен ќе биде еден од најбараните  фудбалери во летниот преоден рок, а најголем интерес за негов ангажман покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и баерн Минхен.

Нигерискиот напаѓач е член на Наполи од 2020.година, а во Италија пристигна од Лил за 75 милиони евра.


Две понуди од Серија А за македонскиот „бисер“ Бојан Миовски

Бојан Миовски ова лето би можел да направи трансфер од Абердин во некој поголем клуб со оглед на тоа дека констатно се пишува за клубови кои покажече интерес за неговите услги.

Најновите информации од Шкотска на оваа тема се дека два клуба од Серија А покажале интерес за Миовски и неговиот соиграч, Дук. Во прашање биле Болоња и Специја, двата клачолигаши сакаат во пакет да го донесат танмдемот на Абердин.

Дук и Миовски искомбинираа 32 гола сезонава, македонскиот напаѓач постигна 17, додека Дук додаде 15. Медиумот „Абердин Лајв“ и дава предност на Болоња затоа што Специја се уште не е сигурна дека ќе и следната сезона ќе биде во друштво на најдобрите во Италија.

Треба да се спомене и дека Луис Фергсуон во 2020 година од Абердин се пресели токму во Болоња, па така веќе постои комуникација помеѓу двата клуба. Претходно со името на Миовски се поврзуваше и Лацио, но тука беа уште Саутемптон од Англија и Ремс од Франција.


Врсаљко ја заврши кариерата во 31 година од животот

Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко одлучи да стави крај на својата играчка кариера на 31 година. Врсаљко во својата богата играчка кариера настапуваше за повеќе клубови: Динамо, Локомотива, Џенова, Сасуоло, Атлетико Мадрид, Интер и на крај грчки Олимпијакос.

Тој беше еден од најдобрите хрватски играчи на Светското првенство во Русија 2018 година, каде што „коцкестите“ го освоија среброто. За хрватската репрезентација имаше вкупно 52 настапи, а дебитираше на 9 февруари 2011 година. Минатата година се повлече од настапи во националниот тим.


Дориан Бабунски заради повреда ќе го скокне дуелот со Малта

За денешниот меч со Малта, македонската фудбалска репрезентација ќе биде без еден од напаѓачите кои се во одлична форма во изминатиов период, Доријан Бабунски. Според селекторот Милевски, Доријан поради повреда отпаѓа од комбинација за настап.

„За жал, Доријан има повреда на бутот која ја здобил на последниот првенствен меч и после снимките завчера и вчера, нема да може да се стави во функција за овој меч. Ќе мора да почекаме на следниот собир за да го имаме во тимот. Сите останати се здрави“, рече селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.