Венгер: На Сити му требаат 2-3 засилувања за следната сезона
Легендарниот фудбалски тренер, Арсен Венгер, проценува дека Манчестер Сити мора да направи одредени промени во ростерот доколку сака да го повтори успехот и да дојде до повеќе пехари.
„Граѓаните“ во сезоната што заврши ја освоија Лигата на шампионите, Премиер конкуренцијата и ФА Купот на Англија.
„Сити ќе мора да обезбеди најмалку две до три засилувања за да остане конкурентен“, потенцира Французинот
Белингем ќе го скокне дуелот со Македонија на „Олд Трафорд“
Фудбалерите, Џуд Белингем и Луис Данк, поради повреда ќе мора да ги пропуштат јунските дуели за селекцијата на Англија.
Белингем паузира подолг период и не успеа да и помогне на Борусија Дортмунд да ја освои титулата во Бундес-лигата додека дефанзивецот на Брајтон не може да се опорави навреме поради повредата што ја заработи во финишот на сезоната во Премиер-лигата.
Англија на 16 јуни ќе гостува кај Малта а на 19 јуни ќе ја пречека Македонија.
Хабиб Диало ќе биде замената за Тони во Брентфорд
Англискиот фудбалски состав, Брентфорд, ќе се обиде да обезбеди времена замена за првиот напаѓач, Ајван Тони, кој отслужува суспензија од осум месеци поради обложување.
Според медиумите, челниците на тимот ќе се насочат кон играчот на Стразбур, Хабиб Диало. Тој во сезоната што заврши одигра 38 мечеви во сите конкуренции со ефект од 20 голови и една асистенција.
Договорот на играчот со францускиот клуб е до крајот на јуни во 2025. Неговата трансферна вредност е 14 милиони фунти.
Почина Силвио Берлускони, поранешниот прв човек на Милан
Медиумите во Италија соопштија дека на 87. годишна возраст почина Силвио Берлускони, поранешниот прв човек на фудбалскиот клуб Милан и поранешен премиер на Италија.
Според информациите, Берлускони бил примен во болница во петокот, а последниов период се лекувал од леукемија.
Силвио Берлускони ќе биде запаметен како сопственик на фудбалскиот клуб Милан во периодот од 1986 до 2017 година, кога истиот беше продаден на кинеската компанија Лукс за 740 милиони евра.
Под негово владеење, Милан ги забележа најголемите успеси во клупската историја, кога беше пет пати шампион на Европа и осум пати шампион на Италија.
Синот на Лилијан Турам е прва желба за наследник на Ибра во Милан
Примарна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Златан Ибрахимовиќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за францускиот напаѓач, Маркус Турам. 24-годишниот Французин ќе ја напушти Борусија Мехенгладбах како слободен агент, а има понуда и од ПСЖ.
Милан се вклучил во трката и го убедува Турам дека ќе биде важен дел од проектот, па преговорите се во поодмината фаза.
„Росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата, бидејќи Турам е најголема желба на тренерот Пиоли.
Рабио пред премин во Манчестер Јунајтед
Адриен Рабио е многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Рабио со Јувентус истекува на крајот на овој месец и Французинот ја одби понудата на „старата дама“ за продолжување на соработката.
Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, кој е во напреди преговори за негов трансфер.
Ерик Тен Хаг верува дека Рабио може да биде фудбалерот кој ќе го направи средниот ред на Манчестер Јунајтед многу поквалитетен и стабилен.
Интерес за Французинот покажуваат и други клубови ширум Европа, но Манчестер Јунајтед ја победил конкуренцијата.
Манчестер Сити доминира во тимот на сезоната во ЛШ
УЕФА го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите, каде очекувано доминира Манчестер Сити.
„Граѓаните“ го освоија најпрестижниот трофеј, па дури седум фудбалери на Сити се најдоа во тимот на сезоната.
Ерлинг Халанд, Бернардо Силва, Кевин де Брујне, Родри, Џон Стоунс, Кајл Вокер и Рубен Дијаз.
Покрај нив во идеалниот тим се најдоа и Винисиус Џуниор и Тибо Куртоа од Реал Мадрид, како и Алесандро Бастони и Фредерико Димарко од Интер.
Лаутаро Мартинез фаворит за испразнетото место на Бензема во Реал
После заминувањето на Карим Бензема, приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Најновото име во списокот на Анчелоти е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер не ја исклучува можноста за продажба доколку стигне понуда повисока од 100 милиони евра. Лаутаро игра фантастична сезонa, а Реал наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и е спремен да испрати богата понуда.
Самиот Лаутаро не ја исклучува можноста за трасфер во Мадрид, но за својата иднина ќе размислува после финалето во Лигата на шампиони.
Салиба добива нов договор на „Емирати“
Арсенал постигна договор со дефанзивецот Вилијам Салиба за продолжување на договорот. Клубот ќе потпише четиригодишен договор со својот фудбалер,а останува само да се комплетира документацијата, пишуваат медиумите во Англија.
Многу клубови од врвните европски лиги беа во игра за дефанзивецот, а во последните денови се шпекулираше дека Арсенал планира да се збогува со Французинот, но „топчиите“ сепак успеаја да го задржат Салиба.
Вилијам Салиба оваа сезона одигра 27 натпревари во Премиер лигата , постигна два гола и даде една асистенција.
Арсенал ја заврши сезоната 2022/23 на второто место во Премиер лигата. Пет бода ги делеа лондончани од првото место кое го зазеде Манчестер Сити (вкупно тимот освои 84 поени). Во 38 првенствени натпревари, Арсенал имаше 26 победи, шест порази и шест нерешени.
Дејвис во Реал е нереална опција ова лето
Алфонсо Дејвис е еден од играчите кои се поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид, а сега неговиот агент проговори на оваа тема и многу отворено кажа како стојат работите.
Реал Мадрид на лето сака да се засили на позицијата лев бек, а еден од играчите за кои е заинтересиран овој клуб е Алфонсо Дејвис.
Канадскиот репрезентативец е член на Баерн, но се може да се промени многу брзо и тоа да биде преку Давид Алаба. Запрашан за ситуацијата на Дејвис, неговиот агент рече дека не одлучил ништо за иднината на Канаѓанецот.
„Имаме уште две години со Баерн. Сега бараме време да видиме како ќе се развиваат работите во следните неколку недели или месеци бидејќи во моментов не сме донеле конечна одлука за ништо, па не можам да потврдам ништо и не можам ништо да негирам.
Реал Мадрид е голем клуб. Отсекогаш сум бил фан. Реал е големо име, голем бренд, со 14 титули во Лигата на шампионите. Кога ќе слушнете гласини за интерес за играч што го застапувате, тоа ве прави горд, изјави агентот на Дејвис.
Дејвис минатата сезона играше 38 пати за Баерн и постигна три гола со осум асистенции.