фудбал

Постекоглу во проблеми, Ричарлисон мора на операција

По поразот од Челзи, тимот на Тотенхем доби уште една лоша вест. Бразилецот Ричарлисон ќе мора да оди на операција.

Освен што дефанзивците Ромеро и Удоги ќе бидат суспендирани, а повредени се уште Џејмс Медисон и Мик Ван Де Вен, сега на оваа листа се додаде и уште Ричарлисон.

„Претходните неколку месеци не беа лесни за мене, имав здравствени проблеми. По разговорот со докторите одлучив да одам на операција. Мислам дека е време за одмор“, порача Ричарлисон.

Бразилецот според најавите ќе биде надвор од теренот неколку месеци, па шанса веројатно ќе добие младиот Бренан Џонсон кој минатото лето пристигна од Нотингем Форест. Тотенхем во следното кол оод Премиер лигата в сабота од 13:30 часот му гостува на Вулверхемтпон.


Мењан: Не сме почнале преговори, но сакам долго да останам во Милан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

Милан сака да го награди за добрите партии и наскоро ќе почне преговори со 27-годишниот голман за продолжување на договорот. Французинот и самиот призна дека се чуствува одлично во Милан и не размислува за заминување.

„Сакам да останам тука во Милан, и сите го знаат тоа. Многу сум среќен во овој клуб. За нов договор не сме разговарале. Не сме ни почнале преговори, но мислам дека сега не е добар момент ниту за мене, ниту за клубот“, рече Мањан.


Тен Хаг го носи Габигол на „Олд Трафорд“?

Maнчестер Јунајтед се мачи во сите линии на тимот, а посебно навивачите се загриќени поради учинокот на напаѓачите. Англиските медиуми денес пренесуваат дека во Јунајтед размислуваат како привремено решение да го доведат Габриел Барбоса, „Габигол“.

Напаѓачот на Фламенго игра одлично во Бразил, меѓутоа Премиер лигата е едно друго ниво, па прашање е колку напаѓачот е спремен .

Барбоса не се снајде во Интер кој на Сантос во 2016 година му плати 30 милиони, за „нероаѕуритез“ одигра само 10 натпревари и постигна еден гол. Сепак по враќањето во татковината во Фламенго ја „оживеа“ својата кариера.

Во дресот на бразилскиот клуб постигна 139 голови и додаде 38 асистенции на 246 натпревари и повторно го привлече вниманието на европските клубои. Останува да се види дали Јунајтед навистина ќе тргне по неговиот потпис или пак се работи за медиумска шпеулација на Островот.


Ферги го поддржа процесот на развој на Ерик Тен Хаг

Манчестер Јунајтед игра уште една разочарувачка сезона и бележи
слаби резултати од почетокот на сезоната.

Очекувањата беа многу поголеми, па навивачите се разочарани и
повторно почна да се шпекулира со тренерска смена.
Меѓутоа, легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон му дава поддршка
на актуелниот тренер Ерик тен Хаг.
„Алекс Фергусон е најголемата причина што Ерик Тен Хаг се уште е
менаџер на Јунајтед. Тој е импресиониран од работата на
Холанѓанецот и убеден е дека ако му се остави време, ќе го врати
клубот на шампионските патеки. Дури и ако клубот добие нови газди,
Фергусон силно ќе се заложи кај нив да го остават на менаџерската
позиција“, изјави неименуван извор од Манчестер Јунајтед за „Сан“.


Сане од Баерн ќе биде наследникот на Салах во Ливерпул

Сане од Баерн ќе биде наследникот на Салах во Ливерпул

Салах во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Саудиска
Арабија, па не е исклучено наскоро да го напушти Ливерпул.
Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за негов наследник,
бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.
Прв избор е ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец
Лерој Сане. Клоп ќе се обиде да го убеди да дојде во Ливерпул, но
Баерн е тежок преговарач.
Ливерпул со продажбата на Салах сака добро да заработи и нема да
жали пари за да го донесе Сане на „Енфилд“ и за тоа е спремен да
понуди 100 милиони евра.


Њукасл без половина тим отпатува за Дортмунд

Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, се соочува со големи
кадровски проблеми пред денешното гостување кај Борусија
Дортмунд во Лигата на шампионите.
Ден Бирн ќе пропушти најмалку два месеци поради повреда на грбот.
Мет Таргет исто така ќе биде надвор од терените околу три месеци.
Сандро Тонали е суспендиран на подолг период поради нелегално
обложување. Повредени се и Свен Ботман, Џејкоб Марфи, Харви
Барнс и Александар Исак.


Белингам има дислокација на рамото, брзо ќе се врати на терените

На неделниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано кој помина во знакот на Столе Димитриевски повреда заработи фудбалерот со најдобра форма во редовите на „кралевите“, Џуд Белингам.

Цели пет минути лекарскиот тим му укажуваше помош на младиот фудбалер, а тоа придонесе за страв кај навивачите. Сепак, Белингам го одигра цел натпревар. Денес на Белингам му беа направени дополнителни лекарски прегледи и бешBeliе објавено дека се здобил само до дислокација на рамото. Повреда по која фудбалерите брзо се враќаат на терените, меѓутоа во првите моменти е исклучително болна.

Според најавите тој ќе паузира една недела и ќе го пропушти само гостувањето во Лигата на шампионите против Брага, натпревар кој се игра в среда.


Бруно Фернандеш заминува во јануари во Саудиска Арабија?

Фудбалерот, Бруно Фернандеш, може да си замине од Манчестер Јунајтед веќе во јануарскиот преоден рок, велат последните шпекулации од Англија.

Португалецот не може да ги поднесе сите критики за неговата игра и затоа е решен да го напушти клубот.

Негова наредна дестинација би можела да биде Саудиска Арабија. Наводно, во преден план е тимот на Ал Наср а во трката се и Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Eтихад.


Клоп: Среќен сум за Диаз, но најважни се вестите од Колумбија

Ливерпул не дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај аутсајдерот Лутон каде одигра само 1-1, поточно се спаси од пораз со гол во судиското продолжение.

Погодокот вреден реми беше дело на нововлезениот Луис Дијаз кој се најде на вистинското место во 95 минута. Колумбиецот како што е познато минува низ семејна драма, поточно неговиот татко е киднапиран во неговата родна земја, па офанзивецот под дресот имаше порака во која бара негово ослободување.

Ова беше емотивен момент, па сите во таборот на Ливерпул се надеваат дека ќе се заврши оваа непријатна ситуација и тоа со позитивен епилог.

„Тоа беше прекрасен момент на натпревар од кој не може да се извлечат многу убави моменти. Луис влезе доцна и постигна гол. Но, тоа не ја менува ситуацијата. Најважно е татко му да биде ослободен. Прекрасно е што имаше желба да биде тука. За нас тоа е исклучително важен гол, за него е исто така многу важен и многу емотивен. Тој постигна гол, но она што навистина ни треба се добри вести од Колумбија“, порача тренерот Јирген Клоп.


Марсело: Ќе ме разберат во Мадрид, оваа титула со Флуминенсе е најважна во мојот живот

Бразилскиот фудбалер Марсело успеа да ја освои првата титула во Копа Либертадорес која беше и прва во историјата за бразилскиот Фламиненсе.

Марсело освои многу титули, меѓутоа сега истакна дека оваа му е најважна во кариерата.

„Мадрид ќе ме разбере. Ова за мене е најважниот клупски трофеј кој су мго освоил. Флуминенсе е тимот со кој растев. Мадрид е во моето срце, но Флуминенсе е нешто посебно. Останав должен на мојот тим и успеав конечно и покрај многуте сомнежи и критики. Напорно работев за ова“, објасни бразилскиот ветеран“, изјави Марсело.

Во својата кариера, Марсело има пет титули во Лигата на шампионите, шест во шампионатот на Шпанија, два во Купот на Шпанија, пет Суперкупови, три УЕФА Суперкупа и Куп на Конфедерации со Бразил.