Чуамени: Шпанците ќе се уверат каков играч е Мбапе!
Фудбалерот на Реал Мадрид, Чуамени, проговори го коментираше евнтуалното доаѓање на Килијан Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“. Чуамени одлично го познава својот соиграч од репрезентацијата и смета дека Шпанија допрва ќе види каков играч е
„Шпанците се навистина свесни за тоа каков играч е Мбапе, меѓутоа кога ќе го гледаат секој ден, ќе сфатат каков голем играч е тој“, изјави Чуамени.
Мбапе на крајот на сезоната го напушта ПСЖ како слободен играч, а веќе неколку извори потврдија дека се договорил со Реал Мадрид.
Пеп го сака Мусиала во Манчестер Сити
Манчестер Сити е силно заинтересиран за младата ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џамал Мусиала.
Мусиала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и има договор со Баварците до 2026 година. Талентираниот фудбалер оваа сезона настапи на 28 меча за баварскиот тим и постигна девет гола и четири асистенции.
Иднината на Кевин Де Бруин и Бернардо Силва на „Итихад“ е под знак прашалник, па Гвардиола го посочил Мусијала како приоритет за летниот преоден рок.
Баерн не сака да се раздели со 21-годишниот Германец и ќе се обиде да го убеди да остане, а „граѓаните“ се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.
Жиру веќе го договори новиот клуб, ќе игра за Лос Анџелес
Оливие Жиру на крајот на сезоната ќе го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, потврдија италијанските медиуми.
37-годишниот напаѓач се уште игра на врвно ниво и оваа сезона веќе има постигнато 20 гола во сите натпреварувања, но е спремен за нова авантура.
„Л Екип“ потврди дека Жиру веќе постигнал договор со Лос Анџелес ФК и на лето како слободен агент ќе се пресели во Америка, каде ќе игра во следните две години.
Неговиот договор со Милан истекува на лето, а „росонерите“ исто така се спремни да се разделат и да доведат помлад напаѓач.
Челзи се распродава, Милан го сака Чуквуамека
Милан е силно заинтересиран за 19-годишниот талент на Челзи, Карни Чуквуемека, преесува „Калчомеркато“. Станува збор за млад англиски репрезнетативец со нигериско потекло, кој важи за еден од најголемите таленти на Островот.
Челзи пред две години го доведе во Астон Вила, но Чуквуемека не добива голема минутажа, па е спремен на лето да ја промени средината.
Челзи на лето ќе прави нова реконструкција на тимот, ќе заминат неколку фудбалери, а Милан ја следи ситуацијата и со дефанзивците Тревор Чалоба и Бадијасчиле. Сепак, главна цел ќе биде Чуквуемека, а „росонерите“ веќе подолго време преговараат со неговиот агент и се блиску до договор.
Ал Хилал нуди огромна сума за Рафиња
Пред неколку дена светските медиуми објавија дека Саудијците се подготвени да платат 80 милиони за неговите услуги, а сега пристигнува информација дека таа понуда ја „засилиле“ за уште 20 милиони и на Каталонците им нудат 100 милиони евра за овој одличен фудбалер.
Дополнително на сето тоа, самиот фудбалер би имал многу подобри услови во новата средина отколку што има во сегашниот клуб, каде месечно добива околу 5,5 милиони евра.
Наводно, во новата понуда на Ал Хилал има ставка дека Рафиња би заработил три пати повеќе пари во овој клуб отколку што моментално заработува во шпанскиот гигант.
За потсетување, Барселона за овој играч, кој го ангажираше во 2022 година, плати 57 милиони евра, а сега имаат можност не само да ги вратат тие пари, туку речиси да ги удвојат, а двете страни имаат валиден договор до 2027 година.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ се враќа во Серија А
Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ минатото лето беше еден од најбараните играчи за врска во Европа, но тој реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Милинковиќ-Савиќ, сепак, по една година помината во С. Арабија сака да се врати во Европа и да заигра во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Лацио. Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот интернационалец во јуни ќе потпише договор со Јувентус, кој го посакуваше уште минатото лето.
Влаховиќ преговара за нов договор со Јуве
Луѓето од Јувентус планираат да му понудат на фудбалерот, Душан Влаховиќ, околу 8 милиони евра годишно и да му го прoдолжат договорот до 2028 година, пренесува денеска – „Corriere dello Sport“.
Напаѓачот е подготвен да го продолжи договорот но, бара од Јуве да ја зголеми понудата на 10 милиони евра годишно.
Тој во сезонава одигра 25 натпревари на кои постигна 15 голови и 4 асистенции.
Лапорта вети дека Барса ќе ги задржи Кансело и Жоао Феликс
Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Жоан Лапорта, одговори на прашање за иднината на Кансело и Феликс кои настапуваат како позајмени до крајот на сезоната.
„Мислам дека ќе останат. Се надевам дека Атлетико ќе дозволи Феликс да продолжи да игра за нас. Мислам дека и Сити нема да реагира. – рече првиот човек на Каталонците.
Кансело и Феликс доколку не добијат дозвола од нивните клубови да останат на „Камп Ноу“, ќе мораат да си заминат.
Сака се повреди, ќе ги скокне натпреварите против Белгија и Бразил
Букајо Сака, поради повреда ќе ги пропушти пријателските натпревари на Англија против Бразил и Белгија, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.,
Од Англија не прецизираа за каква повреда се работи, но потврдија дека 22-годишниот Сака се вратил во клубот за да ја продолжи рехабилитацијата. Сака оваа сезона забележа 36 настапи во сите натпреварувања за Арсенал.
Англија на утре ќе игра со Бразил, а три дена подоцна со Белгија.
Реал нема намера да го продава голманот Андриј Лунин
Веројатно пред осум месеци никој не можеше да помисли дека Андриј Лунин ќе биде толку важен играч за Реал Мадрид.
Со повредата на Тибо Куртоа во август, Реал го доведе Кепа Аразибалага,, но се покажа дека и тој не е најдоброто решение. Како што одминуваше сезоната, Лунин добиваше се повеќе доверба од Карло Анчелоти и сега кога Куртоа се уште не е вратен е незаменлив меѓу стативите. Сигурни извори од Мадрид откриваат дека дошло до таков пресврт во Мадрид и сега на Лунин му се нуди нов договор.
Лунин има договор до летото 2025 година, Реал му нуди да остане, засега не е познато до кога, меѓутоа сега се прашува и тој бидејќи летово сигурно ќе има понуди и од други клубови, а прашање е каков ќе биде неговиот статус по враќањето на Куртоа.
Украинецот има 25 години, во Реал како тинејџер пристигна во летото 2019 година од Зорја Луганск за 8,5 милиони евра. „Кралевите го испраќаа на бројни позајмици во Леганес, Ваљадолид и Овиедо, а сега доби шанса поради повредата на Куртоа.
Со оглед на тоа што има договор до летото 2025 година, би можел да замине за малку пари, но и да избере клуб каде што го чека улогата на стартер.