фудбал

Севиља спремна да го врати Рамос во матичниот клуб

Серхио Рамос го напушти Париз Сен Жермен по две години поминати во овој клуб и сега е слободен во изборот на новата средина.

Шпанецот има неколку понуди, очекувано најбогатите се од Саудиска Арабија која полека станува атрактивна дестинација за многу фудбалери. Сепак, денес се појавија информации дека Рамос може да остане во европскиот фудбал и тоа во Шпанија. Наводно Севиља е спремна да го врати своите редови. Рамос дресот на Севиља го носеше осум години од 1996 до 2004 година кога премина во Реал Мадрид.

Рамос е роден во Камас, место блиску до Севиља и тоа за него би било враќање дома. Се наведува дека главната причина поради која Рамос би можел да ја избере Шпанија е неговото семејство.

Освен тоа Севиља со освојувањето на Лигата на Европа во изминатата сезона си обезбеди учество во Лигата на шампионите, па така Рамос повторно ќе има прилика да игра на највисоко ниво.


Касемиро задоволен од првата сезона во новиот клуб

Бразилскиот фудбалер, Касемиро, кој беше еден од најдобрите во редовите на Манчестер  Јунајтед, се осврна на дебитантската сезона кај „црвените ѓаволи“.

Тој преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката и вети дека тимот ќе се врати на шампионските патеки.

„Славните денови мора да се вратат. Јас дојдов за тоа, напред Јунајтед“, беa зборовите на одличниот играч за врска.


Баерн по никоја цена нема да се раздели со Канаѓанецот Дејвис

Фудбалерот, Алфонсо Дејвис, кој имаше одлична сезона во дресот на Баерн Минхен, нема да биде ставен на трансфер листата иако за неговите услуги е заинтересиран составот на Реал Мадрид.

Брзоногиот бек во претходната сезона одигра 38 мечеви со ефект од три гола и осум асистенции. Неговиот договор е до јуни 2025 година а трансферната сума се проценува на околу 70 милиони евра.

Одредени извори тврдат дека 22-годишниот канадски дефанзивец нема да го напушти германскиот состав.


МекАлистер спремен да стави потпис на договор со Ливерпул

Аргентинскиот фудбалер Алексис МеКалистер, ќе биде нов играч на Ливерпул, пренесува Фабрицио Романо.

Висината на обештетувањето се уште не е позната, но се верува дека нема да надмине 50 милиони фунти, што е одлична зделка за црвените од Енфилд. Медицинските прегледи биле закажани за следните 48 часа, а Меклаистер ќе потпише петгодишен договор и всушност тој ќе биде најава за уште неколку нови трансфери во Ливерпул ова лето.

Мекалистер според информациите имал понуда и од Челси, дури и нешто побогата, но сепак на инсистирање на Јирген Клоп, се договорил со Ливерпул.

Во Брајтон тој пристигна пред четири ипол години од Аргентинас Јуниорс за осум милиони евра, а настапуваше уште и за Бока Јуниорс.


Анчелоти изненаден од заминувањето на Бензема

Карло Анчелоти изјави дека е изненаден од одлуката на францускиот напаѓач Карим Бензема да го напушти мадридскиот клуб. Во соопштението на шпанскиот клуб се наведува дека е постигнат договор со 35-годишниот француски напаѓач „да се стави крај на неговиот голем и незаборавен престој во клубот“.

Претходните денови медиумите објавија дека освојувачот на „Златната топка“ кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад од Саудиска Арабија, која наводно на Бензема му нуди 400 милиони евра за двегодишен договор.

Бензема синоќа постигна гол за Реал на мечот од последното, 38. коло на Ла Лига против Атлетик од Билбао (1-1), а потоа беше изваден од теренот со овации од навивачите.

„Изненаден сум… Се беше во последен момент. Во саботата тренираше нормално, а во неделата наутро ни кажа дека го напушта Реал. Не можеме да бидеме среќни, но мора да ја почитуваме неговата одлука. Со Реал постигна неверојатни и незаборавни работи“, изјави Анчелоти.


Нухиу именуван за нов тренер на Шкендија

Поранешниот фудбалер и тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу од денес и официајлно е нов тренер на Шкендија која остана без предводник по заминувањето на Ќатип Османи на крајот од сезоната.

Последниот клуб кој го водеше Нухиу беше косовската Дрита од Гњилане, а во последните шест месеци беше без ангажман.

„Мило ми е што сум тука. Подготвен сум за новиот предизвик, ќе создадеме моќен тим за предизвиците во Европа, а потоа со иста енергија ќе влеземе и во првенството“, изјави Нухиу на промоцијата на клупата.

Богатата фудбалска кариера тој ја заврши во 2016 година во редовите на Шкупи каде што две години беше и тренер.


Абрахам сериозно се повреди, го чека долга пауза од терените

Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Рома,Тами Абрахам, ги искина лигаментите на левото колено и набрзо ќе мора да оди на операција, потврди составот од Рим.

Се претпоставува дека брзногиот голгетер ќе мора да паузира повеќе од 7-8 месеци што значи дека ќе го пропушти стартот на наредната сезона.

Репрезентативецот на Англија се повреди на последниот дуел од сезоната против Специја и сега ќе мора да оди на долга рехабилитација.


Парагваецот Кендри Паез потпиша за Челзи

Челниците на Челзи успеале да го купат фудбалерот Кендри Паез кој игра за Индепендиенте дел Вале.

Тој ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ дури во 2025 година откако ќе наполни 18 години. Големиот талент од Јужна Америка имаше блескави настапи на Мундијалот за играчи до 20 години иако има само 16-ет.

Тој е најмладиот дебитант и најдобар стрелец во локалното елитно првенство а успеа да дебитира и во Копа Либертадорес.


Борусија Дортмунд сака да го врати Илкај Гундоган

Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, најавија дел од медиумите во Европа.

Тој за  „граѓаните“ игра од од 2016 година и има освоено 13 трофеи – пет шампионски титули, два ФА купа, четири Лига купа, два ФА Суперкупа.

Претходно имаше најава дека искусниот играч од средниот ред се догoворил со Барселона и дека без обештетување во текот на летото ќе се пресели во Шпанија.


Влаховиќ се согласил да премине во Баерн

Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде Душан Влаховиќ, пренесуваат германските медиуми.

Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, и сака да ја промени средината, а и „бјанконерите“ се спремни да го продадат ова лето.

Баерн е во потрага по врвен напаѓач и веќе постигнале договор со Влаховиќ, кој е спремен да се пресели во Минхен. Србинот на „Алијанц Арена“ ќе заработува 8 милиони евра по сезона, а Јувентус за неговата слобода бара 80 милиони евра.