фудбал

Стојановски ќе прозива на 9 јануари, централната фаза подготовки во Турција

Фудбалерите на Пелистер ќе ги започнат подготовките за вториот дел на сезоната на 9 јануари 2026 година. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“, тимот ќе ги почне активностите во новата година.

Првата фаза ќе биде одработена во Битола, а од 17 до 31 јануари нашата екипа ќе се подготвува во турскиот центар Анталија. Тимот ќе се екипира и со цел потенцијал ќе ја бруси формата низ тренинзи и интернационални пријателски натпревари.

20 јануари – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24 јануари – Пелистер – Железничар (БиХ)
28 јануари – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

На 9 јануари клубот ќе одржи прес-конференција и брифинг со медиумите, на кој на располагање ќе бидат претставници на клупската управа, шефот на стручниот штаб, Милан Стојановски, и дел од фудбалерите.


Мурињо изненадувачки кандидат за клупата на Челзи

Енцо Мареска во текот на вчерашниот ден доби отказ во Челси, а денеска се појави сензационална вест во која се пишува дека еден од кандидатите за наследник на Италијанецот е Жозе Мурињо.

Информациите говорат дека Мурињо е подготвен без многу двоумење да ја напушти клупата на Бенфика и да се врати во Лондон доколку пристигне официјална понуда.

„Жозе Мурињо сака да се врати на местото тренер на Челси и подготвен е да ја преземе таа улога доколку биде контактиран. За него Челси е вистинска љубов, но се чини дека тоа чувство не е заемно. Челси сака модерен тренер“, пренесуваат медиумите на Островот.

И покрај богатата историја и силните емоции, изгледа дека клупското раководство се насочува кон поинаков правец, па евентуалното враќање на Мурињо засега повеќе е во доменот на романтиката отколку на реалните планови.

Мурињо го водеше Челси во два наврати. Првпат пристигна во 2004 година и во соработка со Роман Абрамович го врати клубот на врвот на англискиот фудбал по половина век чекање, а замина во 2007 година. Вториот мандат го започна во 2013 и заврши во зимата 2015 по падот на резултатите. Во синиот дел од Лондон освои три титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, три Лига купа и Комјунити Шилд.


Реми на Сити во Сандерленд, Арсенал побегна на врвот

Во четврток, играчите на Манчестер Сити одиграа нерешено 0-0 со Сандерленд како гости на „Стадионот на светлината“. По овок кикс екипата на Пеп Гвардиола заостанува за четири поени, во однос на лидерот Арсенал.

Нерешениот резултат ја прекина серијата од шест победи на Сити во Премиер лигата. „Црните мачки“ продолжуваат со импресивни игри на домашен терен – тие се непоразени во 10 натпревари на својот стадион (пет победи и едно реми).

Ова беше првиот бод за Сандерленд по осум натпревари со Сити во Премиер лигата. Мала утеха за „Граѓаните“ е што не загубиле од 2012 година во нивниот прв натпревар во новата календарска година.

Манчестер Сити, но предизвик го очекува веќе в недела. Во дербито на колото, екипата на Гвардиола ќе се сретне со Челзи. Што се однесува до Сандерленд, тие гостуваат кај Тотенхем во главниот град, исто така во недела.


Барса потпиша со голем египетски талент

Хамза Абделкарим, големиот 18. годишен талент на тимот на Ал Ахли, дефинитивно ќе се пресели во Барселона. Каталонскиот клуб, се договори со раководството на Ал Ахли офанзивецот да замине во Барселона на позајмица со право на откуп.

Договорот вклучува опција за откуп за 1,5 милиони евра плус бонуси, како и 15% од секоја идна продажба на играчот.

Играчот треба да се појави во новиот клуб, некаде на крајот на овој месец. Самиот Хамза Абделкарим според информациите инсистирал на трансферот во еден од најголемите клубови во светот, пред се поради можноста таму да напредува во кариерата.

Со тоа, Хамза Абделкарим станува првиот интернационалец од Египет кој што ќе стане член на екипата на Барселона.


Матета на радарот на Аморим во Јунајтед

Луѓето од Манчестер Јунајтед размислуваат за трансфер на фудбалерот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, уште во зимскиот преоден рок.

Неговиот договор со „орлите“ е активен до летото во 2027 година но, во истиот има одредена клузула која му дозволува и порано да го напушти клубот.

Французинот се активираше во Кристал Палас од 2022-ра. 28-годишниот напаѓач во сезонава има 28 настапи во сите конкуренции со ефект од 8 голови и 2 асистенции.


Распадори пред враќање во Италија, Рома и Атлетико пред договор

Екипата на Рома веројатно ќе го ангажира Џакомо Распадори, кој ја нема посакуваната улога во екипата на Атлетико Мадрид.

Поранешниот фудбалер на Наполи веројатно ќе се врати во елитата на Италија, најавуваат дел од медиумите. Рома веднаш ќе плати 2 милиони евра а опцијата за откуп на неговиот договор ќе биде околу 19 милиони.

Распадори наводно, се согласил на трансфер во редовите на „волчицата“ која се бори за место во Лигата на шампионите.


Отаменди најави заминување од Бенфика следното лето

Фудбалерот на Бенфика, Николас Отаменди, испрати порака на првиот ден од годината. Тој има помалку од шест месеци до истекот на договорот со „Орлите“.

„Добредојде 2026 година. Нема ништо подобро од тоа да ја започнете годината опкружени со вашите најблиски, со соништа што треба да се остварат и нови поглавја што треба да се напишат“, беше текстот објавен од 37-годишниот аргентински централен дефанзивец.

Португалскиот состав најави дека нема да ја продолжи соработката со Отаменди. Тоа значи дека може да преговара со други клубови.


Германецот Паскал Грос се врати во Брајтон

Првиот ден од новата година e договорен првиот трансфер во англиската Премиер лига, во зимскиот преоден рок.

Брајтон одлучи да го врати својот долгогодишен играч Паскал Грос од Борусија Дортмунд.

Германскиот играч за врска го носеше дресот на „Галебите“ од 2017 до 2024 година и практично стана легенда на клубот, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд.

34-годишниот играч за врска има договор со „милионерите“ до крајот на сезоната, но на Брајтон му е потребен веднаш, па ќе платат отштета од 1.500.000 евра за Грос.

Потребно им е искуството на Грос на галебите“, бидејќи потенцијално им се заканува борба за опстанок. Моментално се на 14-то место на табелата со 25 бода.


Реми без голови на Ливерпул и Лидс на отворање на премиерлигашката година

Фудбалерите на Ливерпул и Лидс одиграа без голови во натпреварот од 19. коло од Премиер лигата.

Tимот од „Енфилд“ ги разочара навивачите по којзнае кој пат оваа сезона, а воедно ја пропушти шансата да се приближи до водечката тројка на табелата, поточно до третопласираната Астон Вила.

Зад „црвените“ е период на стабилизација на резултатите по црната серија што ги донесе на позицијата во која се сега, далеку од првото место и речиси без шанса да се борат за титулата.

Оттука, натпреварот со Лидс беше совршена можност тимот на Слот да продолжи во ист ритам, но…

Тимот од Јоркшир беше доволно упорен, борбен и тактички добро воден, на крајот заслужено освои бод.

Статистиката вели дека Ливерпул имал 18 шутеви кон голот на гостите, од кои само еден одеше во рамките на голот.

Ливерпул се наоѓа на четвртото место на табелата со 33 бода, Лидс е на 16-то место со 21.

Во истиот термин, во малото лондонско дерби, Крстал Палас и Фулам одиграа 1:1. Палас ја прекинаа серијата од три порази, а Фулам серијата од три победи. На табелата се на деветтото и десеттото место со по 27 поени.

Матета му донесе предност на Палас во 39-та минута, изедначи на десет минути до крајот Керни.


Шешко веќе руши негативни рекорди во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бенџамин Шешко, ја продолжи својата серија без голови на осум натпревари.

Напаѓачот, купен за 85 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, има два гола (кон крајот на септември и почетокот на октомври) и една асистенција во 16 натпревари за клубот.

Дваесет и двегодишниот Словенец го одигра целиот домашен натпревар синоќа во 19. коло од Премиер лигата против 20-топласираниот Вулверхемптон и не успеа да постигне гол.

Вклучувајќи ја и репрезентативната обврска серијата на без постигнат гол е 10. Тој имаше само една асистенција во тој период – во победата од 4:2 над Брајтон.