фудбал

Постигнат е договор помеѓу Арсенал и Габриел Жезус

Бразилскиот репрезентативец Габриел Жезус постигна договор со екипата на Арсенал за негов трансфер од Манчестер Сити. 

Жезус со Арсенал ќе потпише договор со важност до 2027 година. Популарните „топџии“ за овај трансфер ќе издвојат 45 милиони фунти.

Бразилскиот напаѓач во дресот на Сити постигна 95 гола и 46 асистенции на вкупно 236 натпревари.


Кулибали е планот Б на Барса ако не го доведе Кунде

Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде. 23-годишниот Французин е на врвот на листата на Каталонците, но го бара и Челзи и преговорите се тешки. Затоа Барселона планира да ги пренасочи напорите кон Калид Кулибали од Наполи.

31-годишниот Кулибали не постигнал договор со газдите на клубот за обновување на договорот кој му истекува за една година. Така тој речиси сигурно ќе биде продаден летово за да не замине како слободен играч во 2023.


Лингард после Јунајтед повторно ќе игра за Вест Хем

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, на крајот од месецот ќе се раздели со клубот од Олд Трафорд, бидејќи му истекува договорот и ќе биде слободен да бара нов клуб.

За офанзивниот англиски фудбалер веќе има голем интерес, но според медиумите најсериозна понуда има од премиерлигашот Вест Хем. 

Лингард веќе има одиграно една полусезона за клубот од Лондон, кога таму беше на позајмица од Манчестер Јунајтед. Тогаш тој беше стрелец на 9 гола на 16 натпревари во Премиер лигата.


Жоао Феликс негира дека ќе го напушти Атлетико Мадрид

Веќе извесен период шпанските медиуми ја пренесуваат шпекулацијата дека Португалецот во редовите на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ќе го напушти клубот.

Како причина за заминувањето се наведува незадоволството од водечките луѓе на клубот кои наводно се незадоволни од прикажаните игри на Феликс.

Меѓутоа со свое видување во јавноста излезе и самиот фудбалер кој ги негираше ваквите шпекулации и посочи дека е потполно посветен на Атлетико Мадрид и не планира никакво напуштање на клубот ова лето.

22-годишниот Жоао Феликс минатата сезона за Атлетико одигра 34 натпревари, и постигна десет гола и шест асистенции.


Бејл својата кариера ја продолжува во Лос Анџелес

Доскорешниот играч на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Герет Бејл, својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во американската МЛС лига.

Потврдена е информацијата дека Бејл ќе потпише договор со тимот на Лос Анџелес во траење од една година.

32-годишниот фудбалер последните осум години настапуваше за екипата на Реал Мадрид, а пред тоа играше за Тотенхем и Саутемптон.

Главна цел на Бејл е одржување на формата пред историскиот настап со Велс на Светското првенство во Катар кое се одржува во ноември и декември.


Суарез има понуда да се врати во Ајакс

Луис Суарез може да ја продолжи кариерата во Ајакс, пренесува новинарот Екрем Конур.

Раководството на холандскиот шампион размислува за можен трансфер на поранешниот играч на Барселона, кој би требало да го замени продадениот на Борусија Дортмунд, Себастиен Алер.

Суарез ова лето би можел да се врати во клубот како слободен играч. Претходно играше за Ајакс од 2007 до 2011 година.

Суарез минатата сезона запиша 13 гола и 2 асистенции во 45 натпревари за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, но си замина откако му истече договорот.


Берарди заминува од Сасуоло, репрезентативецот бара нов предизвик

Фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди, вели дека е подготвен да ја промени ситуацијата и да се пресели во друг тим бидејќи целата кариера ја има поминато кај „зелено-црните“.

„Ми се допаѓа да живеам во Модена, тука сум цели 11 години. Мислам дека многу дадов за клубот. Дојдов до точката кога евентуалната промена може да биде голем предизвик. Причината за тоа се мојата сопруга и моето семејство кои ми даваат поддршка“, изјави Берарди.


Ник Поуп од Барнли се пресели во Њукасл

Њукасл го претстави своето второ засилување ова лето. Станува збор за голманот Ник Поуп кој пристигнува од Барнли за 12 милиони фунти. Англискиот репрезентативец потпиша договор на 4 години.

Поуп помина шест години на „Турф Мур“, каде што се етаблира како еден од најдобрите голмани во Англија. Откако Барнли отпадна, шансите за негово заминување станаа многу големи.

Поуп е вториот нов играч на Њукасл ова лето по Мет Таргет, кој дел од минатата сезона играше како позајмен на Сент Џејмс Парк, но сега е купен од Астон Вила.

Се очекува „Страчките“ повторно да бидат активни на трансфер пазарот, како во зима кога дадоа над 90 милиони за нови играчи.


Првата ѕвезда на Леванте се пресели во Виљареал

Поранешниот капитен на Леванте, Хозе Луис Моралес, сега е веќе играч на Виљареал. Искусниот фудбалер доаѓа како слободен играч, бидејќи неговиот тим отпадна од Ла Лига и тој ја одби понудата за нов договор.

За само еден месец офанзивниот фудбалер познат по прекарот Ел Команданте ќе наполни 35 години. Сепак, тој имаше многу добра сезона за Леванте, постигнувајќи 13 гола и 7 асистенции.

Според „Марка“, Шпанецот кој е роден во Мадрид ја одбил понудата на Бетис. Следната сезона Виљареал ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, а нема ни загарантирано место во групите, но ќе мора да мине низ плеј-оф фазата.


Јуве се откажа од Анхел Ди Марија

Јувентус се откажал од намерата да го ангажира Анхел Ди Марија откако Аргентинецот не даде одговор во одредениот рок.

Јувентус уште пред еден месец испрати понуда до Аргентинецот, но откако Ди Марија побарал дополнително време за да даде конечен одговор, „бјанконерите“ се отлажале од трансферот.

Ди Марија сака договор само на една година, бидејќи сака после Мундијалот да се врати во Аргентина со семејството.

Јувентус сега ќе се насочи кон други цели, а главна мета ќе бидат Николо Заниоло од Рома и Доменико Берарди од Сасуоло.