фудбал

Еквадорецот Замбрано суспендиран заради допинг

Фудбалерот на Хал Сити, Оскар Замбрано е суспендиран поради прекршување на антидопинг правилата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Замбрано и неговите адвокати ќе се жалат на одлуката, се наведува на веб-страницата на Хал Сити.

Замбрано во август годинава дојде во Хал Сити како позајмен од еквадорскиот ЛДУ Кито, а оттогаш одигра осум натпревари и постигна еден гол за англискиот клуб.

„ЛДУ Кито ќе продолжи да го поддржува играчот во овој случај и убедени сме дека тоа ќе биде решено на најдобар начин“, се вели во соопштението на еквадорскиот клуб.

Хал Сити, кој стигна до финалето на ФА Купот во 2014 година, се наоѓа на 15. место на табелата во англиското првенство со 15 бодови.


Анчелоти: Нашите проблеми се тимски, а не индивидуални

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по синоќешниот пораз (1-3) од Милан проговори за проблемите на тимот.

„Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро на последните натпревари. Ни недостига цврстина. Факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационални. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Не ја покажуваме најдобрата верзија од себе. Мораме да ја најдеме за да се бориме за сите трофеи“, изјави Анчелоти.

По вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите, Реал се наоѓа на 17. место со шест освоени бода.

Милан е 18-ти исто така со шест бода од четири натпревари.


Леванте и Валенсија бараат одложување на натпреварите и овој викенд

Валенсија и Леванте побараа одложување на натпреварите од шпанската лига овој викенд по разорните поплави во регионот, објавија двата клуба.

Повеќе од 200 луѓе загинаа откако поројниот дожд минатата недела предизвика излевање на реките, создавајќи поплави кои ги зафатија предградијата јужно од градот Валенсија.

„Помина само една недела од временската катастрофа и ситуацијата и понатаму е многу сериозна“, се вели во соопштението на Валенсија.

Тимот треба да игра против Еспањол во Ла Лига во сабота, додека Леванте ќе биде домаќин на Тенерифе во недела во Сегунда дивизија. Минатата недела сите фудбалски натпревари во земјата почнаа со едноминутно молчење во спомен на загинатите во поплавите.


Сити првпат по четири години загуби четири натпревари по ред

За првпат по пауза од повеќе од четири години, Манчестер Сити го загуби третиот натпревар во низа. Избраниците на Пеп Гвардиола синоќа загубија од Спортинг на гости во натпреварот од Лигата на шампионите (4-1).

Пред ова, „граѓаните“ загубија од „Тотенхем“ во англискиот Лига куп и од Борнмут во Премиер лигата со ист резултат – 1.

Последен пат Манчестер Сити загуби три натпревари по ред во април 2018 година.


Адеми и Ристовски слават, Динамо го победи првакот на Словачка во гости

Со убедливите победи на Динамо Загреб и ПСВ Ајндховен започна четвртото коло во Лигата на шампионите. Динамо, во Братислава го победи Слован со 4-1, а ПСВ славеше во дуелот со Џирона.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми играше од 63.минута во Братислава каде Динамо го победи Слован.

По дебаклот во првото коло од Баерн, Динамо одигра нерешено со Монако и славеше над Салцбург и Слован. Прв пат од далечната 1998 година Динамо забележа две победи по ред во ЛШ, а прв пат во историјата „модрите“ во ЛШ победија на два последовни натпревари.

Динамо има седум бода по четири кола и блиску е до пласман во нокаут фазата.


Милан го шокира Реал, Сити првпат загуби во Европа по две сезони

Фудбалерите на Милан го совладаа Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-3 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Во репризата на финалето на ова натпреварување од 1958 година, „росонерите“ покажаа дека не случајно Реал неодамна доживеа убедлив пораз од Барселона во шпанското дерби.

Конечни резултати на останатите натпревари: Болоња – Монако 0-1, Борусија Дортмунд – Штурм Грац 1-0, Селтик – РБ Лајпциг 3-1, Лил – Јувентус 1-1, Ливерпул – Баер Леверкузен 4-0, Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4-1, Реал Мадрид – Милан 1-3.


Убедлив пораз на У15 репрезентацијата од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денес на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.

Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 2-4. Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25 минути имаше убедлива предност од 0-3. Данило во втората минута од пенал го доведe противникот во предност од 0-1. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 0-3.

Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 2-3.

Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 2-4.


Чаби Алонсо: Едвај чекам, играме со еден од најдобрите европски клубови

(FILES) Bayer Leverkusen’s Spanish head coach Xabi Alonso is interviewed prior to the German first division Bundesliga football match between SV Darmstadt 98 and Bayer 04 Leverkusen in Darmstadt, western Germany on February 3, 2024. – Xabi Alonso has Bayer Leverkusen on the brink of the club’s first ever Bundesliga title, but his time at the Bay Arena may be short-lived as Liverpool and Bayern Munich pursue the rising star of European coaching. (Photo by Kirill KUDRYAVTSEV / AFP) / DFL REGULATIONS PROHIBIT ANY USE OF PHOTOGRAPHS AS IMAGE SEQUENCES AND/OR QUASI-VIDEO – DFL REGULATIONS PROHIBIT ANY USE OF PHOTOGRAPHS AS IMAGE SEQUENCES AND/OR QUASI-VIDEO

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул.

„Убаво е што се враќам овде неколку години подоцна. Забележливо е дека клубот се развива, новата трибина изгледа неверојатно. Ни претстои голем натпревар против Ливерпул. Ова е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов, имаат одлични играчи, одличен тренер. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и ќе видиме што ќе излезе од него“, изјави Алонсо.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен ќе се одигра вечер со почеток во 21:00 часот.

Ливерпул по три кола во Лигата на шампионите е втор со максимални девет бодови, Баер е на шестото место со седум освоени бода./


Давид Луиз ја надмина повредата и се враќа во тимот на Јуве

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз се врати во тимот за натпреварот од Лигата на шампионите против францускиот Лил.

Четворица фудбалери на Јувентус ќе го пропуштат претстојниот меч, тоа се суспендираниот Данило и повредените Аркадиуш Милик, Глеисон Бремер и Нико Гонзалез.

Франциско Консеисао се очекува да се врати во стартните единаесет против Лил. Прашање е дали Кенан Јилдиз или Тимоти Веа ќе бидат исто така стартери.


Реал го праќа Ендрик на позајмица?

Ендрик, бразилскиот вундеркинд, летово кога го прослави својот 18-ти роденден потпиша за Реал Мадрид.

Во досегашниот тек од сезоната не доби многу шанси да се наметна. Одигра само 67 минути во Лигата на шампионите и 40 минути во Ла Лига.

Карло Анчелоти не се сомнева во неговиот квалитет, но смета дека клубот треба да биде внимател со тинејџерот, кој неодамна стапи во брак.

Клубот ја планира иднината со Ендрик, а сметаат дека најдобро за него во овој момент е да замине на позајмица. Според медиумите во Мадрид, клубот му нуди можност во јануари да се пресели на позајмица во Тотенхем или Јувентус.