фудбал

Украина ќе ја пречека Италија во Леверкузен

Квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Украина и Италија кој е дел од нашата група Ц ќе се одигра во Леверкузен, објави официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Украина.

Натпреварот ќе се одигра на 20 ноември на теренот „БајАрена“ (почеток 20:45 часот). Тимот на Баер Леверкузен се согласи да го обезбеди својот стадион за натпреварот.

„Драго ни е што преговорите завршија со договор за одржување на натпреварот Украина – Италија на прекрасниот стадион „БајАрена“. Украинскиот фудбалски сојуз изразува искрена благодарност до раководството на германскиот клуб Баер за плодната соработка и поддршката што му ја дава на украинскиот фудбал!

Посебна благодарност до Германскиот фудбалски сојуз за помошта во организацијата на овој натпревар, како и поддршката за Украина во овие тешки моменти. Го цениме тоа и секогаш ќе се сеќаваме на вашето гостопримство! 

Сигурен сум дека и украинските навивачи кои ќе дојдат во Леверкузен на 20 ноември да го поддржат нашиот тим, исто така ќе можат да го ценат гостопримството и убавината на БајАрена“, изјави првиот потпретседател на ФС на Украина, Вадим Костјученко.


Тонали потврди дека е зависен од коцкање

Сандро Тонали е подготвен да оди на третман за зависност од коцкање кај психолог, пишува „Кориере дела сера“.

Агентите го советуваа Тонали да се лекува, а играчот се согласи, иако беше многу „засрамен“ од оваа ситуација.

Играчот од средниот ред на Њукасл и Италија верува дека треба да се ослободи од внатрешната непријатност, а патот до закрепнување не е најлесниот. Исто така, се тврди дека играчот од средниот ред повеќе направил несреќна грешка отколку дека тоа е сè намерно.

Сандро е подготвен да соработува со Италијанската фудбалска федерација за понатаму да одржи низа состаноци со млади луѓе кои се зависни од обложување. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау е подготвен да му помогне на играчот и да му подаде рака за помош за да се осигура дека Италијанецот ќе се врати без овој проблем.

Претходно, Тонали и Николо Заниоло од Астон Вила и признаа на полицијата дека се коцкале на нелегални платформи. Според „La Repubblica“, вечерта на 12 октомври истражителите ги посетиле играчите во тренинг базата на италијанската репрезентација во Коверчиано.

Играчот од средниот ред на Њукасл и крилниот напаѓач на Астон Вила за време на испрашувањето изјавија дека играле покер и блек џек на недозволени платформи, но никогаш не се обложувале на фудбалски натпревари. Додека сведочеле и давале исказ, играчите тешко ги задржале солзите. Во рамките на истрагата, полицијата запленила телефони и таблети од Тонали и Заниоло.


Јуве ќе му ја намали платата на Влаховиќ

Душан Влаховиќ поради проблеми со повредите мораше да ги пропушти октомвриските натпревари со репрезентацијата на Србија, против Унгарија и Црна Гора, но тоа му даде можност да започне нова рунда преговори со челниците на Јувентус.

Имено, долго време се зборува за иднината на Влаховиќ во Италија, откако голгетерот на „старата дама“ летово беше на излезната врата и за малку ќе завршеше во Челзи. Поради ова, челниците на Јувентус заппочнаа преговори според кои Влаховиќ би добил нов договор, сегашниот му истекува во 2026 година.

Идејата на италијанскиот гигант е, како што пишува „Газета дело Спорт“, најплатениот фудбалер на тимот (седум милиони нето) да не ја намалува главнината во договорот, туку тоа да го направи со бонуси, што би го направило платниот список на Јувентус полесен.

Платата на Влаховиќ во последната сезона ќе достигне 12,5 милиони евра, а директорите Кристијано Џунтоли и Џовани Мана планираат да го продолжат договорот на уште една или две години.

Како што додаваат Италијанците, Влаховиќ сака да остане во Торино, а веќе се вратил на тренинзите и ќе биде подготвен за натпреварите кои доаѓаат по репрезентативната пауза.

Официјалната понуда до Влаховиќ би требало да пристигне до крајот на октомври, за потоа да се почека одлукатан а фудбалерот. Оваа сезона Влаховиќ на шест натпревари постигна четири гола и додаде една асистенција.


Жоао Феликс игра за минималец во Барса, но ќе добие голем бонус

Жоао Феликс ова лето пристигна во Барселона и прифати да игра за многу мала плата.

Досега не се споделуваше колкава е „жртвата“ на Португалецот, но оваа информација ја сподели потпретседателот, Едуард Ромеу.

„Точно е. Феликс се сложи на драстично намалување на платата за да биде тука. Тој заработува 400.000 евра годишно. Споредено со другите ѕвезди во светскиот фудбал, на играчите им се исплаќаат слични суми како неделна плата“.

Меѓутоа, Барселона ќе го награди за лојалноста и во јануари планира да ослободи буџет за плати. Клубот ќе ги корегира неговите примања и во иднина тој ќе има 10 пати поголема плата, или околу 4 милиони евра бруто.


Камавинга ќе го продолжи договорот со Реал

Едуардо Камавинга веќе се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот“ клуб и ги освои сите можни трофеи.

Иако има само 21 години Французинот е еден од најдобрите играчи за врска во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Поради тоа Реал реши да го награди со нов договор и преговорите со неговиот агент се во напредна фаза.

Французинот ги одбил сите понуди од други клубови и се очекува наскоро Камавинга да стави потпис до 2028 година со значително повисока плата.


Сити нуди 60 милиони за Дани Олмо

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат медиумите на Островот.

Пеп Гвардиола одлично ги познава квалитетите на 24-годишниот Шпанец уште од времето кога Олмо беше дел од школата на Барселона.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Сега блеска во дресот на Лајпциг, а покрај Сити за него интерес покажуваат уште Арсенал, Реал Мадрид и Челзи.

„Граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и уште во јануари се спремни да испратат понуда од 60 милиони фунти за Шпанецот.


Касиљас: Најдобрите голмани во светот играат во Шпанија

Легендарниот голман на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Икер Касилјас, даде свој суд околу моментално најдобрите голмани во светот. Екс голманот смета дека најдобрите чувари на мрежата моментално се наоѓаат во шпанското првенство.

„Денес број1 е Тибо Куртоа, иако е моментално повреден. Потоа доаѓа Јан Облак, па Тер Штеген, па следува Кепа Аризабалага“.

„Некои го критикуваат Кепа, но тој тврдам дека е одличен голман. Не му беше лесно да го замени повредениот Тибо Куртоа, од него доаѓа најдоброто“, порача Касилјас.

Касилјас има 42 години, за време на богатата кариера, бранеше за Реал Мадрид и Порто. Со кралскиот клуб освои 18 трофеи, вклучувајки три Лига на шампиони.


Бекам: Време е Манчестер Јунајтед да добие нови сопственици

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, тврди дека доаѓа времето во кое клубот од Олд Трафорд, мора да добие нови сопственици.

Семејството Глејзери во чија сопственост е клубот од Манчестер, пред извесен период најавија дека ја разгледуваат опцијата да го продадат клубот и дека бараат потенцијални инвеститори.

До крај беа решени да одат само двајца, Сер Џим Ратклиф од Британија и Шеикот Јасик од Саудиска Арабија, две страни кои понудија нешто повеќе од 5 милијарди фунти, но на таквите понуди, семејството Глејзер остана воздржано.

Но сега и Дејвид Бекам во интервју за медиумите, тврди дека настапува време во кое продажбата на Манчестер Јунајтед е неизбежна работа.

„Ќе се случи наскоро продажба на Манчестер Јунајтед, смена на сопственичката структура. Сите добро знаат дека јас сум фан на клубот од Олд Трафорд и ги знаат моите ставови околу целата ситуација. Растев со тој клуб, со повеќе играчи и со еден ист тренер. Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде еден од најголемите светски клубови“, порача Британецот.


Еланга: Нема некоја разлика меѓу Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед

Ентони Еланга ги шокира фановите на Манчестер Јунајтед во една реченица, откако направи трансфер во Нотингем Форест и каде рече дека нема премногу разлика помеѓу двата клуба.

Еланга во моментот е на интернационални обврски со репрезентацијата на Шведска, а летоска направи трансфер од Олд Трафорд во Нотингем Форест, двократниот европски шампион од минатото.

Сезоната Еланга ги одигра скоро сите натпревари за Нотингем Форест, а го постигна и победничкиот гол против Челси во победата со 1-0 минатиот месец.

Зборувајки за неговиот трансфер од Јунајтед во Нотингем Форест, тој порача: „Трансферот беше полн погодок, перфекција, проектот е голем и одличен за мене“.

Го прашаа и за тоа да направи паралела за играњето во двата клуба:

„И нема некоја голема разика меѓу двата клуба, добро почнавме во првенството, ги добиваме натпреварите, Нотингем Форест е сепак поранешен европски шампион и има добри фудбалери, сезоната е долга и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, порача Еланга.


Постекоглу од Тотенхем е тренер на месецот во Премиер лигата

Анге Постекоглу е избран за менаџер на месец септември во Премиер лигата. Така, Австралиецот стана првиот тренер кој некогаш ја освоил наградата во дебитантските два месеци од кариерата во англиската елита.

Последниот менаџер кој ја доби наградата и во август и во септември беше Јирген Клоп, што се случи во сезоната на освојување на титулата на Ливерпул. Тотенхем останува непоразен во Премиер лигата, а „Спарси“ ги победија Барнли, Шефилд Јунајтед и Ливерпул во септември и ремизираа во дербито со Арсенал.

Австралиецот победи во конкуренција на Клоп, Артета, Емери и Хау. Наградата за играч на месецот му припадна исто така на играч на Тотенхем. Оваа признание заврши кај капитенот Хјун-Мин Сон, кој постигна шест гола во споменатите пет натпревари.