фудбал

Пеп Гвардиола со понуда за селектор на Холандија

Фудбалската федерација на Холандија подготвува план за ангажирање на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола како нов селектор на холандската репрезентација.

Според информациите, Холанѓаните ќе се обидат да го убедат 51-годишниот Гвардиола да ја преземе репрезентацијата по завршувањето на неговиот договор со Сити, кој истекува во 2023 година.

Познат е фактот дека идол на Гвардиола е легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф кој беше еден од најпознатите играчи и тренери на Барселона, па не е исклучена можноста тој да ја прифати евентуалната понуда за селекторската позиција на популарните „лалиња“.


Леванте негира било каква понуда за Барди

Енис Барди овие денови е главна тема во медиумите поради неговиот евентуаелн трансфер. „Супердепорте“ вчера објави дека Барди имал средба со претседателот и побарал трансфер до крајот на овој месец кога и што завршува преодниот рок.

Договорот на Барди истекува на крајот на оваа сезона, има опција за продолжување на уште една година, но таа клазула не може да биде активирана ако Леванте испадне од Серија А.

Сепак, засега нема официјална понуда за македонскиот репрезентативец, потврди тренерот Алесио Лисци.

„Барди е многу важен играч. Ако има некоја добра понуда за било кој играч, треба да биде јасно дека сите ние сме на пазарот, вклучително и јас. Сега можам да ви кажам дека никаква понуда за Барди не е стигната, тоа е лага. Енис е многу важен играч за Леванте“, вели Лисци.


Тухел: Знам колку е важен дуелот со Тотенхем за нашата сезона

Meнаџерот на Челзи, Томас Тухел истакна дека знае каков предизвик го чека неговиот тим во натпреварот против Тотенхем во дербито на 23. коло во Премиер лигата.

„Сините“ не знаат за победа на последните четири натпревари во Премиер лигата и во овој момент заостануваат 12 бодови зад лидерот Манчестер Сити.

„Одлучивме после ремито со Брајтон играчите да имаат два слободни дена за да се одморат од се. Секако, тоа нема да ги реши проблемите, но добро е играчите да се одморат. После натпреварот со Тотенхем ќе го направиме истото“.

„После поразот од Сити разликата остана исклучително голмеа. Потоа игравме два дена подоцна. Забележав дека емоциите ги преплавија играчите. Можеби тоа беше фрустрација, можеби разочарување“, изјави Тухел.

Челзи во овој момент е трет на табелата со 44 бода од 23 натпревари, додека Тотенхем на петтата позиција има 36 бодови од 19 натпревари.

„Знаеме матимата, свесни сме дека не чека важен натпревар. Иако чудно е што одредени тимови имаат и четири натрпевари помалку. По бројот на бодови ви изгледа дека се далеку, но всушност не се. Затоа најдобро е да победиме“, порача Тухел.

Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ се игра од 17:30 часот.


Манчини го враќа Балотели за бараж дуелот со Македонија

Роберто Манчини ќе го повика Марио Балотели во националниот тим, за бараж натпреварите, за пласман на Светското првенство во Катар. Балотели го одигра последниот меч за „аѕурите“ пред три години, а сега повторно ќе има шанса да го облече дресот на Италија.

Манчини планира да му даде уште една шанса и да го повика на подготовките кои ќе се одржат во следните недели за натпреварот против Македонија во баражот за Светското првенство.

Балотели има одлична сезона во Адана, каде до сега на 20 натпревари запиша осум гола и четири асистенции.


Анчелоти: Распоредот на лигата е ужасен и мора да се промени

Soccer Football – LaLiga – Valencia v Real Madrid – Mestalla, Valencia, Spain – September 19, 2021 Real Madrid coach Carlo Ancelotti reacts REUTERS/Pablo Morano

Реал Мадрид мина низ вистински пекол за да се пласира во четвртфинале на Купот, откако во возбудлив натпревар, по 120 минути го совлада Елче со 2-1.

Искусниот Марсело доби црвен картон во 102. минута, а потоа Елче поведе со 1-0, по што Реал направи целосен пресврт преку Иско и Еден Азар.

По натпреварот незадоволен беше тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти кој кажа дека распоредот на натпревари воопшто не му се допаѓа бидејќи е ужасен.

„Распоредот е ужасен и мора да се промени. Раководството на Фудбалскиот сојуз на Шпанија мора да разбере што прави. Овој натпревар можеше многу работи да промени. Можеби и досега требаше повеќе да играат, но минатото не се менува. Сега знам дека можам да сметам на Иско и Азар“, кажа Анчелоти.


Најмалку два месеци пауза за Ансу Фати

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати се уште се мачи со повреди. Утрово клубот потврди дека младиот играч има повреда на бицепсот на левата нога.

Не прецизираа колку време ќе отсуствува, но првите нагаѓања на тамошните медиуми се за 4-6 недели.

Фати се повреди во синоќешниот пораз од Атлетик Билбао со 2:3. Тој влезе во игра во 61. минута на местото на Феран Жутгла, но мораше да биде заменет со Мартин Брајтвајт во 96. минута.

Како што е познато, 19-годишниот фудбалер се врати на теренот пред само десет дена, откако два месеци се опоравуваше од претходната повреда.


Клоп го сака талентот на Лион, Рајан Черки во Ливерпул

Јирген Клоп фрлил око на талентот на Олимпик Лион, Рајан Черки. 18-годишниот играч за врска има одлична сезона за Лион во Лига 1, што го привлече вниманието на „црвените“, кои внимателно го следат неговиот развој.

Черки игра како офанзивен играч за врска, а може да дејствува и зад напаѓачот и на двете крилни позиции. Тој е дете на Лион, а трета сезона е во првиот тим.

18-годишниот фудбалер има договор со Лион до јуни 2023 година


Три англиски клуба во преговори за Дони ван де Бек.

Холандскиот интернационалец кој настапува за Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, наскоро би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

За 24-годишниот фудбалер наводна понуда испратила екипата на Њукасл но тој одбил да се пресели во популарните „чавки“.

Сега, според пишувањата на англискиот весник Мирор, во трката за потписот на Ван де бек, се приклучија и премиерлигашите Евертон и Вулверхемптон.

На крајот одлуката ќе ја донесе тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник кој засега одбива да се одрекне од услугите на играчот од средината на теренот.


Барселона го посакува Жоао Феликс

Екипата на Барселона е заинтересирана за доведување на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.

22-годишниот Португалец има речиси 100 натпревари во дресот на Атлетико, постигнувајќи вкупно 22 гола, од кои во оваа сезона само три. Тренерот на екипата Диего Симеоне претпочита предност во нападот да добиваат Антоан Гризман, Луис Суарез, и Анхел Кореа што доведе до видна разочараност кај младиот Феликс.

Тој во Атлетико Мадрид пристигна во летото 2019 година, за рекордни 120 милиони евра но никогаш не успеа да го достигне својот целосен потенцијал, пред се поради малата минутажа и стилот на игра кој го практикува тренерот Симеоне.

Приоритетен трансфер на Барселона за ова лето се очекува да биде Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но доколку тој не се реализира се очекува Каталонците да тргнат по Жоао Феликс. 


Интерпол трага по поранешната бразилска ѕвезда Робињо

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан – Робињо ќе се најде на списокот барани лица од Интерпол. Бразилскиот напаѓач е осуден во Италија на 9 години затвор поради групно силување. Ја загуби последната жалба за злосторството извршено во 2013 година додека го носеше дресот на тимот од Милано.

Италија нема договор за екстрадиција со Бразил, но ќе инсистира Робињо да биде уапсен и казната да ја отслужи во својата татковина. А во случај фудбалерот да се најде во некоја од 195-те земји членки на Интерпол, веднаш може да биде екстрадиран.

37-годишниот Робињо последен пат играше во Истанбул Башакшехир, а во 2020 година потпиша со својот матичен Сантош, но тоа предизвика масовно незадоволство и повлекување на дел од спонзорите на клубот. Една недела подоцна, договорот со напаѓачот беше раскинат и тој рече дека ќе се фокусира на својата судска одбрана.