фудбал

Роналдо го доби спорот со Јувентус, треба да добие 19,9 милиони

Јувентус ќе мора да му плати на Роналдо околу десет милиони евра плус камата, бидејќи судот пресуди за долгуваната плата.

Да потсетиме, Португалецот побара од италијанскиот гигант да му исплати дури 19,9 милиони евра заостанати плати кои не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Јувентус двапати ги намали платите за време на кризата со корона. Прво, во 2020 година им ги намали платите на сите играчи подеднакво за да заштеди пари бидејќи немаше приход од билети и натпревари, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалување на платата.

Во тој момент Роналдо заработуваше 31 милион евра нето годишна плата и се согласи да ја намали платата на речиси 20 милиони евра додека не заврши пандемијата. Јувентус никогаш не му ги платил тие пари, па се одлучил за оваа тужба.

Роналдо за Јувентус одигра 134 натпревари. Тој постигна 101 гол и забележа 22 асистенции од летото 2018 до летото 2021 година.


Тухел полуфиналист во ЛШ со три различни екипи

Баерн Минхен го победи Арсенал со голот на Кимих и се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите, а тоа на Тухел му донесе уникатен резултат и нешто што го нема остварено ниту еден негов сонародник.

Тухел стана првиот германски тренер кој со три тима се пласирал во полуфинале во најелитното натпреварување, бидејќи пред Баерн, тоа го направи и со ПСЖ и со Челси.

Овој натпревар исто така долго ќе го памети и Мануел Нојер, кој од вечерва е апсолутен голгетер во еден важен голмански сегмент.

За Нојер ова беше 58-ми натпревар во Лигата на шампионите на кој ја сочувува својата мрежа, па на вечната листа го мина Икер Касилјас со кого досега беа израмнети. На третото место е Џиџи Буфон со 52 чисти мрежи.


Даниеле Де Роси останува тренер на Рома

Челниците на фудбалскиот клуб Рома денес соопштија дека актуелниот тренер Даниеле Де Роси останува на клупата на популарната “волчица“ и во наредната сезона.

Во соопштението за јавноста на сопствениците на Рома, Ден и Рајан Фридкин, не е презицирано колку ќе трае новиот договор на Де Роси, но најавија дека повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.

Рома под водство на Де Роси, на 16 дуели во сите натпреварувања запиша 11 победи, два порази и три ремија. Во моментот “Џалоросите“ се на петто место во Серија А и до крајот ќе се борат за место во Лигата на шампионите.


Словенецот Шешко ќе биде замената за Исак во Њукасл

Њукасл сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Овој 20-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“. Шешко би бил решение за нападот на Њукасл во следните години, а Лајпциг за неговите услуги бара 50 милиони евра.

Напаѓачот блеска оваа сезона во дресот на Лајпциг и за него интерес покажуваат уште Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Њукасл е спремен на лето да го продаде Исак и како негова замена за го доведе Шешко, па сака да ја победи конкуренцијата.


Јоанидис ќе биде замената за Имобиле во Лацио

Напаѓачот на Панатинаикос, Фотис Јоанидис, може да добие понуда да се пресели во екипата на Лацио, велат последните информации од Италија.

Составот од Рим се обидува да пронајде замена за Чиро Имобиле кој полека ја губи довербата кај управата и навивачите. Искусниот голгетер на „римските орли“ одигра 27 сезонски мечеви во Калчото а постигна само шест голови.

Нема да биде изненадување ако Лацио во текот на летото испрати понуда до грчкиот фудбалер кој има одлични партии во континуитет.


Интер бара позајмица за решавање на финансиските проблеми

Првиот човек на Интер, Стивен Жанг, ќе се обиде да обезбеди заем од 400 милиони евра за да покрие долг кон американски фонд во висина од 375 милиони кој мора да се плати до крајот на мај.

Компанијата  – „Oaktree“  претходно објави нема намера да дозволи отстапување од крајниот рок што му прави дополнителни проблеми на Интер.

 „Нероаѕурите“ сега ќе мораат да пронајдат нови спонзори за да ја решат финансиската ситуација во клубот.


Клоп станува германски селектор во 2025 година

Јирген Клоп на клупата на германската репрезентација треба да седне од 2025 година, пишуваат медиумите во Германија.

„Панцирите“ на следното Европско првенство ќе бидат предводени од Јулијан Нагелсман, а медиумите во Германија на големо пишуваат дека младиот стручњак ќе се врати на клупата на Баерн по завршувањето на континенталниот шампионат.

Клоп, пак, на крајот од оваа сезона го напушта Ливерпул, а веќе најави дека му треба пауза од фудбалот и нема да работи некое време.

Германскиот фудбалски сојуз не брза бидејќи квалификациите за Светското првенство започнуваат во март 2025 година, па тој ќе има доволно време да го изгради тимот како што сака.


Барса бара 80 милиони за Рафиња

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња на лето може да ја напушти Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата. Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда во летниот за неговиот потпис.

Наводно Барселона веќе одбила понуда од 60 милиони евра, но е спремна да го пушти Бразилецот за 80 милиони евра.

Каталонците имаат финансиски проблеми, па со оваа продажба сакаат да финансираат купување на нова ѕвезда.


Јуве започна преговори со Жоржињо од Арсенал

Јувентус покажува силен интерес за фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо, пренесуваат италијанските медиуми.

Жоржињо пред една година пристигна во Арсенал од Челзи и има договор до крајот на оваа сезона. Плејмејкерот на лето ќе ја промени средината, а негова желба е да се врати во Италија. Неговиот агент веќе започнал преговори со Јувентус, кој е заинтересиран за 32-годишниот плејмејкер.

Жоржињо блесна во дресот на Наполи, а со италијанската репрезентација имаше една од главните улоги во освојување на европската титула.

Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а покрај Жоржињо заинтересиран е и за Томас Парти од Арсенал.


Мароканецот Мазрауи од Баерн се сели во Милан?

Милан е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Оваа сезона добива мала минутажа па и самиот е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

„Росонерите“ се во потрага по десен бек бидејќи на таа позиција го имаат само Калабрија. Милан ќе се обиде да го добеде на лето и спрема понуда од 15 милиони евра.