фудбал

Осимен му се извини на тренерот Гарсија

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, му се извини на тренерот Руди Гарсија, поради неговото непримерно однесување за време на натпреварот со Болоња.

Осимен влезе во конфликт со тренерот Гарсија во 86.минута од средбата, поради тоа што фудбалерот беше заменет од игра. Осимен, претходно, во 72.минута од средбата промаши пенал, а натпреварот на крајот заврши со резултат 0:0. Осимен при излегувањето од игра викаше кон тренерот, изразувајќи незадоволство од одлуката да биде заменет.

Според италијанските медиуми, Осимен ја избегнал паричната казна од клубот, бидејќи на последниот тренинг со екипата, им се извинил на тренерот и соиграчите.

Наполи е бранител на шампионската титула во Серија А, но во моментот се наоѓа на седмата позицијата на табелата.


Хајдук го враќа Перишиќ во јануари следната година

Хрватските медиуми објавија „бомба“ и тврдат дека Иван Перишиќ ќе се пресели во хрватски Хајдук.

34-годишниот Перишиќ пристигна во Тотенхем минатото лето како големо засилување и запиша 44 настапи во сезоната. Тој има уште една година договор, но медиумите тврдат дека би можел да го раскине во јануари и да замине како слободен агент.

Тој е дете на Хајдук, но никогаш не заигра за првиот тим, па во неколку наврати вети дека сака да се пензионира во клубот од Сплит.

Денес Хајдук го сруши сопствениот рекорд продавајќи го 16-годишниот вундеркинд, Вушковиќ, кој ќе остане во Хајдук додека не наполни 18 гоини.


Реал сака да го врати Тео Хернандез

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па Реал сака да си ја поправи грешката. Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Реал сега е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси.

Анчелоти е во потрага по квалитетен лев бек и често на таа позиција го користи Камавинга, па Хернандез е прв на листата желби.


Мората парафразираше култна изјава на Симеоне по мадридското дерби

Алваро Мората му пресуди на својот поранешен клуб Реал Мадрид и постигна два гола на „Метрополитано“, а за да биде уште поинтересно, напаѓачот енергично ги славеше и јасно покажа дека не чувствува сентименталност кон „кралевите“.

Шпанскиот голгетер постигна два слични погодоци во триумфот од 3-1 и беше избран за играч на натпреварот во големото мадридско дерби, по кое повтори и една незаборавна фраза на Чоло Симеоне.

„Многу сум среќен за овие навивачи на Атлетико. Кажав уште во најавата за дербито дека тие ќе имаат клучна улога. На крајот, така и беше. Атмосферата беше неверојатна, тие притискаа со нас и заедно сме посилни. Ние дадовме се на теренот, а тие на трибините.

Кога ги постигнав двата гола, помислив само на една изјава на тренерот: Дечињата од Мадрид можат да одат на школо со дресот на Атлетико и треба да бидат горди на тоа“, заврши Мората.


Бруно Гимараеш доби нов договор на „Сент Џејмс Парк“

Бруно Гимараеш го продолжи договорот со клубот до јуни 2028 година. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.

Според изворот, обештетувањето на играчот сега ќе биде околу 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра). Фудбалерот е задоволен што ќе го продолжи договорот со клубот бидејќи е среќен во Њукасл.

Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. За време на неговото играње за Њукасл, бразилскиот играч од средниот ред одигра 63 натпревари, постигна 10 гола и даде шест асистенции. 

Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 70 милиони евра. Англискиот клуб го доби 25-годишниот Бразилец во јануари 2022 година од француски Лион за 42 милиони евра.


Бонучи највозрасен дебитант во Бундеслигата

Леонардо Бонучи се запиша во историјата на Бундеслигата како најстар дебитант.

Бонучи летово кон крајот на преодниот рок се пресели во Унион Берлин откако Јувентус не сметаше на него за новата сезона. Денеска Бонучи дебитира во германскиот фудбал и тоа на 36 години и 145 дена.

Со оваа возраст Бонучи е најстариот дебитант во Германија по повеќе од две децении. Најстар е Карстен Линке од Хановер кој во 2002 година првпат во Бундеслигата заигра на 36 години и 326 дена.


Ремсдејл размислува Арсенал да го замени со градскиот ривал

Микел Артета смета дека Давид Раја е подобар избор од Арон Ремсдејл и сака да го направи незаменлива опција на голот на првиот тим, објави новинарот Џон Крос од „Мирор“.

Раја пристигна во Арсенал од Брентфорд за 30 милиони евра, а веќе се покажа како квалитетно засилување и ова го загрижи Рамсдејл кој го губи статусот на прв голман на тимот.

Рамсдејл поради тоа планира да направи големо предавство и да го засили градскиот ривал Челзи, кој сака да донесе конкуренција за Ренато Санчез.

Челзи сè уште не испратил понуда за Рамсдејл, иако будно ја следи ситуацијата на „Емирати“ и првиот потег се очекува во јануари.


Пеп со критики за Родри: Мора да научи да се контролира

Манчестер Сити успешно положи уште еден испит во Премиер лигата и славеше над Нотингем Форест со 2-0. „Граѓаните“ добро прво полувреме во кое се стекнаа со предност од 2-0, но на почетокот на вториот дел Родри непотребно влезе во нервоза, се „исклучи“ во дуелот со Гибсон Вајт и заработи директен црвен картон. Поради ова домаќините се предодредија да се бранат и ја одбранат позитивата, цел која успешно ја заврши и сега имаат шест од шест во најсилниот англиски шампионат.

„Се надевам дека Родри ќе научи. Родри мора да се контролира себеси и своите емоции. Ова треба да го направи. Јас можам да добијам жолт картон, но Родри не може да добие жолт картон, јас не играм. Момците на теренот мора да бидат внимателни. Не можам да се контролирам, но не играм. Наскоро ќе бидам на трибините бидејќи ќе добијам доволно жолти картони, -рече Пеп кој говореше и за реакцијата на екипата“, заврши преводникот на клубот од „Итихад“.


Родри ќе го пропушти дербито со Арсенал

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри ќе добие три натпревари суспензија по црвениот картон добиен на вчерашниот меч со Нотингем Форест. Фудбалерот на Манчестер Сити го фати за гуша Морган Гибс-Вајт и доби директен црвен картон.

„Граѓаните“ успеаја да го задржат водството од 2 гола и го добија натпреварот. Сепак, Пеп Гвардиола нема да може да го користи Родри во следните три натпревари, меѓу нив и дербито со Арсенал на 8 октомври на „Емирати“.


Ајакс го отпушти спортскиот директор

Доцна синоќа, Ајакс го смени спортскиот директор Свен Мислинтат откако навивачите направија тежок инцидент и го прекинаа дербито против Феенорд.

Откако тимот од Амстердам губеше со 0-3 во 55. минута, фановите почнаа да фрлаат факели на теренот, а потоа влегоа во клупските простории и го бркаа токму германскиот скаут кој минатото летото дојде во клубот како големо засилување во раководството. За среќа, не дојде до нивна средба и избегната е можеби и трагедија од поголеми размери.

Откако дојде на функцијата, Мислинтат прво го постави Морис Стајн за тренер, потоа ги продаде најдобрите играчи и на крајот, на нивно место донесе просечни фудбалери кои во моментов не се способни да го носат тимот. Заминаа Тадиќ, Кудус, Тимбер, Алварес, Беси и Дарами, а дојдоа Ѓутало, Микутадѕе, Форбс, Авила, Акпом, Соса, Тахировиќ, Мансверк и Медиќ. Никој од нив досега не покажа квалитет достоен за Ајакс.

Меѓу другото, во тек е истрага за корупција против Мислинтат поради ангажирањето на левиот бек Борна Соса бидејќи постои сомнеж за корупција во овој трансфер.