фудбал

Митровиќ доби друштво, Лукиќ за 8 милиони фунти во Фулам

Плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата во дресот на Фулам.

Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а беше голема желба на Жозе Мурињо кој сакаше да го доведе во Рома.

„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но во трката се вклучи Фулам, кој на крајот излезе како победник и го доби неговиот потпис.

26-годишниот Лукиќ се обврза на договор со Фулам до 30.јуни 2027.година, а лондончани за него платија 8 милиони фунти.


Костариканецот Кејлор Навас потпиша за „шумарите“ од Нотингем

Кејлор Навас кој освои три тутули со Реал Мадрид во Лигата на шампионите во последните моменти од преодниот рок направи трансфер во Премиер лигата во редовите на Нотингем Форест.

Клубот кој минатото лето доведе 22 играчи, беше активен и ова лето и Навас сигурно ќе биде најголемата ѕвезда во нивните редови.

Навас пристигнува на позајмица до крајот на сезоната откако претходно во ПСЖ му беше кажано дека Донарума дефинитивно ќе остане прва опција. Трансферот во Нотингем се најавуваше во претходните денови, но беше завршен во последните моменти од преодниот рок.

Навас кој сега има 36 години во кариерата бранеѓе за Алабасете, Леванте, Реал Мадрид и ПСЖ.


Белерин се раздели со Барселона и потпиша за Спортинг Лисабон

Шпанскиот фудбалер, Хектор Белерин, направи трансфер во екипата на Спортинг од Лисабон, откако го раскина договорот со екипата на Барселона.

27-годишниот дефанзивец, помина само 5 месеци во тимот од „Камп Ноу“, и успеа да запише само 7 натпревари за каталонците, по што стана јасно дека тренерот Чави не рачуна на неговите услуги.

Белерин во Спортинг ќе го замени неговиот сонародник, Педро Поро, кој што беше продаден во екипата на Тотенхем.


Тотенхем донесе нов десен бек од Спортинг

Премиерлигашот Тотенхем, објави дека го реализира трансферот на Педро Поро од Спортинг Лисабон.

Поро кој игра на позицијата десен бек, во Тотенхем ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа лондонскиот клуб има обврска да плати 39 милиони фунти за целосен откуп на неговиот договор.

Шпанскиот фудбалер ќе потпише договор со важност до 2028.година, а во Тотенхем ќе го задолжи дресот со број 23. Поро за местото првотимец во екипата ќе му биде конкурент на Емерсон Ројал, откако другиот десен бек, Мат Доерти прејде во Атлетико Мадрид.


Арсенал го потврди потписот со Жоржињо

Фудбалскиот клуб Арсенал, во последниот ден од преодниот рок го доведе Жоржињо од Челзи.

Водечкиот тим на табелата во Премиер лигата, за трансферот на италијанскиот фудбалер плати 15 милиони евра. Жоржињо на „Стенфорд Бриџ“ помина четири и пол години, а сега ќе го носи дресот на популарните „тобџии“.

„Можам да ветам дека ќе дадам се од себе, што подобро да го претставувам овај клуб“, изјави Жоржињо после претставувањето во Арсенал.

Клубот предводен од тренерот Артета одлучи да го доведе искусниот 31-годишен играч од средината на теренот, откако не успеа да го реализира трансферот со Мојзес Каиседо од Брајтон.


Манчестер Јунајтед се засили со Марсел Сабицер од Баерн

Манчестер Јунајтед официјално објави дека во последниот ден од зимскиот преоден рок се засили со австрискиот фудбалер Марсел Сабицер кој доаѓа од Баерн Минхен.

Според постигнатиот договор Сабицер, ќе остане на „Олд Трафорд“ како позајмен играч до крајот на сезоната, и ќе го заменува повредениот Ериксен.

„Понекогаш во животот треба брзо да донесуваш важни одлуки. Од моментот кога разбрав дека постои можност да заиграм за Манчестер Јунајтед, знаев дека тоа е правилен избор. Мислам дека се наоѓам во пикот на кариерата и можам многу да придонесам за екипата со моето искуство и енергија. Нестрплив сум да ги запознаам моите нови соиграчи и тренерот, но и да заиграм пред фановите на Јунајтед“, изјави Сабицер после потписот за новиот клуб.


Челзи со нов рекорден трансфер во Премиер лигата, Енцо Фернандез пристига на „Стенфорд Бриџ“

На самиот крај од јануарскиот преоден рок, фудбалскиот клуб Челзи објави дека успеа да го реализира трансферот на Аргентинецот Енцо Фернандез од Бенфика.

Фернандез потпиша договор со Челзи кој ќе важи до летото 2031.година, а лондонскиот клуб за неговиот ангажман плати рекордни 121 милиони евра. Оваа сума го надмина износот кој Манчестер Сити го плати за трансфер на Џек Грилиш.

Фернандез се очекува во Челзи да го замени Жоржињо кој претходно прејде во Арсенал.


Дани Алвес: Ќе прифатам било каква одлука на судот

Дани Алвес е фудбалерот со најмногу освоени трофеи, но сега поминува низ едни од најтешките моменти во неговиот живот.

Имено, фудбалерот заврши во пpитвор поради обвинувањата од девојка дека ја cилyвал во ноќен клуб.

Бидејќи станува збор за можно сериозно злоcтоpcтво на Алвес не му беше дозволено да се брани од слобода. Алвес веќе повеќе од една недела е во пpитвор од каде што преку член на семејството ја даде првата изјава.

„Што и да дојде ќе прифатам. Си заминав од дома коа имав само 15 години, поминав многу тешки моменти, а ова е уште еден таков момент кој ќе помине. Не се плашам од ништо“, изјавил Алвес.


Амрабат прави трансфер во Барселона?

Мароканскиот фудбалер, Софијан Амрабат, е многу блиску до позајмица во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Клубот од „Камп Ноу“, сака да го доведе Амрабат на позајмица од Фиорентина до крајот на сезоната со право на откуп.

Мароканецот го привлече вниманието на фудбалската јавност после одличните настапи за неговата репрезентација на Мундијалот во Катар, кога Мароко стигна до полуфиналето.

Амрабат во кариерата има играно за Утрехт, Фејнорд, Бриж, Хелас Верона и Фиорентина.


После Кансело, Сити останува и без Бернардо Силва?

Португалскиот новинар Педро Алмеида, ја објавува веста дека после Жоао Кансело, екипата на Манчестер Сити би можел да ја напушти и Бернардо Силва.

Португалскиот играч за врска, наводно сака својата кариера да ја продолжи играјќи за Барселона. Силва оваа сезона не е задоволен од минутажата која ја добива од тренерот Гвардиола, посебно после завршувањето на Светското првенство во Катар.

Во последниов период често се споменува можноста, Бернардо да се пресели во Барселона овај преоден рок, каде би настапувал како позајмен играч до крајот на сезоната.