фудбал

Синот на легендарниот Малдини позајмен во Монца

Офанзивниот играч за врска Данијел Малдини, попознат како син на легендарниот италијански фудбалер и легенда на Милан, Паоло Малдини, замина на позајмица во калчолигашот Монца.

Малдини јуниор во есенската полусезона одигра седум натпревари без постигнат гол, па се очекува играњето во Монца да му донесе поголемо искуство и постандардни настапи во иднина.    


Бонучи стигна на потпис во Истанбул

Италијанскиот фудбалски репрезентативецЛеонардо Бонучи се согласил на предвремен раскин на договорот со Унион Берлин и наскоро ќе му се приклучи на турскиот гигант Фенербахче. Италијанскиот дефанзивец ќе потпише договор со турскиот клуб до крајот на сезоната.

36-годишниот стопер утре треба да пристигне во Истанбул на медицински прегледи.

Бонучи минатото лето дојде во Унион Берлин од Јувентус како слободен играч. Оваа сезона, дефанзивецот одигра само 10 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол.


Захов по девет сезони замина од Шкендија

По цели девет сезони, од денеска и официјално Костадин Захов
не е веќе дел од Шкендија. Како што известуваат од таборот на
тетовци, Шкендија и Захов ја прекинале соработката. Ова значи
дека сега тој ќе може без проблем да замине во Воска, како што и
се шпекулираше.

Инаку Захов во Шкендија дојде во 2015 година и беше дел од
златната генарација на тимот кој што во три наврати играше во
плеј – офот во Лигата на Европа и освои три шампионски пехари
два во Купот на Македонија.

Секако дека Шкендија му се заблагодари на Захов за се она што
го направи тој во изминатиот период.


Вини заминува ако Мбапе дојде во Мадрид

Винициус Жуниор може да го напушти клубот доколку биде
ангажиран напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, пренесува „ОК
Диарио“.


Од друга страна, „FootMercato“ веќе објави дека Реал Мадрид
постигнал целосен договор за трансфер на Мбапе.
„Доколку дојде Мбапе, тогаш некој дефинитивно ќе мора да го
напушти Реал, бидејќи клубот треба да заработи пари. Зборуваме
за Винициус бидејќи тој е играч за кој можеш да добиеш многу
пари, изјави новинарот Едуардо Инда.


Оваа сезона 25-годишниот Мбапе одигра 24 натпревари за ПСЖ,
на кои постигна 25 гола и три асистенции. Неговиот договор со
францускиот тим истекува во летото 2024 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на
фудбалерот на 180 милиони евра.


Перишиќ заминува од Тотенхем зимава, еуфорија меѓу сплитските фанови

Најавата за трансфер на Иван Перишиќ во Хајдук повторно е актуелна. Хрбатот уште во јануари би можел да го напушти Тотенхем и да се пресели во татковината.

Според новинарот Аласдаир Голд од „Фудбал Лондон“, Перишиќ размислува за таков чекор. Преодниот рок во Хрватска започнува на 18 јануари ќе трае до 15 февруари.

Неодамна тренерот на Тотенхем Постекоглу порача дека клубот нема намера да му стои на патот на Перишиќ, но најави и дека веројатно тој веќе го одиграл последниот натпревар за Тотенхем.

Дресот на Тотенхем, Перишиќ го носеше на 50 натпревари во кои постигна еден гол и подели 14 асистенции. Во овој момент тој е на рехабилитација по операцијата од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено кон средината на септември 2023 година.


Чави го сака Рабио во Барса

Барселона се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми. Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. 

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска и гледа шанса да донесе големо засилување без обештетување. Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.


Александер-Арнолд се повреди на Куп-дуелот со Арсенал

Трент Александер-Арнолд е уште еден клучен играч на Ливерпул кој заработи повреда што ќе го оддалечи најмалку три недели од стадионите,  соопшти Пеп Линдерс, помошник на Јирген Клоп.

Десниот бек заработи повреда на коленото на дербито од третото коло во ФА Купот со Арсенал. На тој начин, „црвените“ остана без бекови по долгогодишните повреди на Енди Робертсон и Костас Цимикас.

„Трент има мало кинење на страничните лигаменти на коленото и ќе му треба време да се опорави. Ќе одмара неколку недели и потоа се надевам дека ќе се врати во истата форма“, вели Линдерс.


Конте би прифатил предизвик да го преземе Наполи

Медиумите од Неапол сега шпекулираат дека Наполи ќе добие нов тренер, но дури налето.

Поразот од Торино во последното коло од трибините го гледал и Антонио Конте, кој е насериозен кандидат да седне на клупата на Наполи од следната сезона.

Тие дури и го прашале Конте дали се точни шпекулациите, а тој дипломатски им одговорил: „Тоа може да се оствари, но јас сакам работите да одат како што треба.“, веројатно алудирајќи на тоа дека во моментов не би го презел тимот со играчи кој ги донел некој друг.

Антонио Конте е без тренерски ангажман од март минатата година, кога го напушти Тотенхем.


Баерн го договори најголемиот талент на Шалке 04


Дашмир Елези потпиша за Локомотива Загреб

Eден од најталентираните фудбалери на Шкендија и голема надеж на овој клуб, 19-годишниот Дашмир Елези кариерата ја продолжува во Хрватска.

Елези ќе игра за тимот на Локомотива Загреб, трансферот утрово го потврди тетовскиот клуб.

„Шкендија со задоволство објавува дека постигна договор со НК Локомотива Загреб за трансфер на Дашмир Елези. Клубовите ја договорија оштетата, а Шкендија ќе добие и 10% од потенцијалниот следен трансфер на Елези“, објави тетовскиот клуб.

Вниманието на македонската јавност Елези го привлече кога на само 16 години доби шанса и стана најмладиот стрелец во историјата на клубот на официјален натпревар. Иако има 19 години тој зад себе собра веќе 90 официјални натпревари.

Минатата година се пресели во Торпето Кутаиси од Грузија, меѓутоа набрзо по барање на играчот трансферот се откажа и Елези продолжи со Шкендија.