На два дена до големото дерби со Ливерпул, Ерлинг Халанд не беше присутен на тренингот на Манчестер Сити денес, откако со повреда го напушти репрезентативниот собир минатава недела.
Според англиските медиуми, Халанд ќе биде во трка со времето за да биде подготвен за мечот в сабота.
„Бомбардерот“ мораше да го напушти таборот на норвешката репрезентација со повреда на препоните.
Лапорт се сели од Сити во ПСЖ
Пари Сен Жермен будно ја следи и ситуацијата со дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пишува „Фудбал Инсајдер“. Се чини дека Шпанецот ќе го напушти „Етихад“ на лето, бидејќи клубот планира многу да инвестира во привлекувањето на Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг. Така Лапорт го привлекува вниманието на се повеќе клубови од Европа.
Досега се сметаше дека Барселона е фаворит за потписот на Лапорт. Самиот играч исто така посочи дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, Каталонците можеби ги немаат потребните финансии за ваков трансфер, бидејќи Манчестер Сити за дефанзивецот постави цена од 50 милиони евра. Така, ПСЖ може да ја искористи ситуацијата и да и го украде Лапорт пред нос на Барселона. Францускиот тим гледа на нов централен бек кој ќе го замени Серхио Рамос, кој се очекува да замине на лето кога ќе му истече договорот. Затоа се насочуваат кон Емерик Лапорт.
И самиот фудбалер сака да го напушти „Етихад“ бидејќи е незадоволен што не игра редовно. Тој оваа сезона забележа само 16 настапи во сите натпреварувања. За него се заинтересирани и Челзи и Јувентус.
Лидс го сака Раул за менаџер за следната сезона
Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта, призна дека внимателно ја следи тренерската кариера на легендата на Реал Мадрид, Раул и дека е отворен да го донесе на „Еланд Роуд“ ова лето. 45-годишниот тренер моментално го предводи вториот тим на Реал Мадрид, но ќе си замине на лето кога ќе му истече договорот.
„Раул ми се допаѓа уште од кога беше фудбалер, но исто така сум исклучително импресиониран од неговата работа како тренер. Го следам долго време. Тој успеа да ја освои младинската лига со Реал Мадрид, иако немаше баш талентиран состав.Сигурно тоа не е најсилната генерација во мадридската школа,но ја водеше до титулата.Тогаш сфатив дека има квалитети да биде голем тренер.Сега работи со тренер кој исто така добро го познавам. Гледам сериозна еволуција во неговата работа и навистина сум љубопитен до каде може да стигне“, изјави Орта.
Тимот на Лидс Јунајтед планира д абара нов тренер за следната сезона, а според Орта , Раул може да биде нивниот избор.
Клуб од Саудиска Арабија го носи Рамос за пет пати поголема плата од сегашната
Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос би можел да добие поголема плата доколку игра за клубот од Саудиска Арабија.
Според „L’Equipe“, сумата од 30 милиони евра е почетната понуда на саудискиот Ал-Хилал за играчот. Може да се зголеми до 50 милиони евра.
Шпанецот заработува помалку од 10 милиони евра годишно во ПСЖ пред оданочување. Парижаните ќе се обидат да ги намалат платите при преговорите за нов договор. Оваа сезона Рамос има 36 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција.
ПСЖ со освоени 66 бодови е на првото место на табелата во францускиот шампионат. Парискиот тим испадна од Лигата на шампионите во 1/8 финалната фаза.
Џејмс од Челзи е приоритет на Реал ова лето
Десниот бек на Челзи и англиски репрезентативец, Рис Џејмс е на врвот на листата желби на Реал Мадрид, пренесува „АС“. Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.
Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.
Џејмс има договор со Челзи до 2028 година и Челзи не размислува за негова продажба, но има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава фудбалери.
Доведување на десен бек ќе биде приоритет на „кралевите“ ова лето, а како опција се споменува и Жоао Кансело, кој моментално игра на позајмица во Баерн.
Оливие Жиру го продолжува договорот со Милан
Познатиот
италијански новинар Фабрицио Романо, објави дека фудбалерот на Милан Оливие
Жиру, ќе го продолжи договорот со клубот
до 30.јуни 2024 година.
Новинарот тврди
дека Милан наскоро и официјално ќе потврди дека е договорено продолжување на
соработката со францускиот напаѓач, а според договорот тој ќе добива плата од
3,5 милини евра.
36 годишниот Жиру
е член на Милан од 2021.година а за клубот има одиграно 72 натпревари и
постигнати 46 гола.
Хрватски фудбалер виновен за користење допинг
Maрио Вушковиќ, 21-годишниот стопер на германски Хамбург и младата репрезентација на Хрватска е прогласен за виновен за користење допинг, пресуди Фудбалскиот сојуз на Германија во Франкфурт.
Кај поранешниот дефанзивец на Хајдук во септември беше потврдено присуство на еритропоетин (Епо), хормон кој го регулира создавањето на црвените крвни зрнца кои себе можат да носат повеќе кислород и така да ги подобрува неговите можности. Суспендиран е на две години, а казната ја потврди неговиот клуб ХСВ. Младиот фудбалер го чека казна и нема да може да игра фудбал се до 14-ти ноември 2024 година.
Вушковиќ има право на жалба, но ако казната остане на сила под знак прашалник се доведува неговата кариера. Договорот со ХСВ му важи до 2025 и на пазарот би се вратил после долга пауза и со голема дамка.
„Невин сум и заедно со семејството и адвокатскиот тим работам за тоа да го докажам. Никогаш не сум мамел во спортот и никогаш нема тоа да го правам. Ниту на најлошиот непријател не му го посакувам тоа низ што јас и моето семејство поминавме во изминатите неколку месеци. Секој ден се надевам дека овој кошмар ќе заврши“, изјави Вушковиќ.
Сепак, тој тврди дека може да го докаже спротивното.
Луис Енрике: Се гледаме во Премиер лигата, но не во било кој клуб
Луис Енрике е еден од тренерите кои во овој момент се без ангажман и неговото име во јавноста често се поврзува со клубови и репрезентации.
Енрике во својата кариера најголемите успеси ги имаше како тренер на Барселона, а работеше и уште во Рома и Селта, но и како селектор на Шпанија.
Сега како негова следна дестинација се споменува Премиер лигата, па новинарите го запрашаа дали би можеле за брзо време да го видиме во најсилната англиска конкуренција.
„Би сакал да работам во Англија, но не се гледам таму следниот јуни. Сакам да бидам во клуб кој може да направи големи работи и таков е тешко да се најде. Не би одел во било кој клуб од Премиер лигата“, изјави Енрике.
Најплатен играч во Премиер лигата е Кевин де Брујне
Францускиот
спортски весник „Лекип“ објавува дека фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де
Брујне, е најплатениот играч во Премиер лигата. Белгискиот репрезентативец има
месечна заработка од 1,7 милиони фунти.
На второто место
по заработка се наоѓа неговиот соиграч од Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој месечно
добива 1,6 милиони фунти, меѓутоа според некои податоци Норвежанецот во својот
договор со Сити има голем број на бонуси кои не се официјална заработувачка и
тоа го прави можеби и со поплатен и од Де Брујне.
На трето место е
голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеакој заработува 1,6 милиони фунти, а
по него следуваат Мохамед Салах од Ливерпул и Џејдон Санчо од Манчестер
Јунајтед кои месечно заработуваат 1,495 милиони фунти.
Мурињо ќе остане верен на Рома уште една сезона
Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо нема да ја напушти Рома во текот на летото иако за неговите услуги се заинтересирани францускиот Париз Сен Жермен и англискиот состав Њукасл.
60-годишниот тренер одлучил да остане во римскиот клуб барем до летото во 2024 година кога ќе му истече договорот. „Специјалниот“ седна на кормилото на „римската волчица“ во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига.
Неговиот тим во сезонава во Серија А се наоѓа на петото место на табелата и се бори да обезбеди виза за Лигата на шампионите.