фудбал

Клоп: Лигата на нации е најсмешното натпреварување на денешницата

Јирген Клоп зборуваше за Лигата на Нации која ги очекува фудбалерите на крајот на актуелната сезона.

На Клоп не му се допаѓа Лигата на Нации како натпреварување и истакна дека би се откажал од паричната награда за пласман во финалето од Лигата на шампионите ако тоа значи дека УЕФА го прекине како што го нарече тој „смешниот“ турнир.

„Додавањето на повеќе натпреварувања во ваков густ распоред секогаш е лоша идеја. Зборував за ова и претходно…Лигата на Нации е една од најсмешните идеи во фудбалот. Во текот на сезоната фудбалерите играат преку 70 натпревари и после завршувањето на сезоната продолжуваат да играат во Лигата на нации за репрезентациите. Јас би се откажал од парите за финалето во Лигата на шампионите ако УЕФА се ослободи од Лигата на Нации“, изјави Клоп.


Погба ги започнува преговорите со Јувентус

Медиумите во Италија тврдат дека, челниците на Јуветус овој понеделник ќе се сретнат со менаџерите на Пол Погба, и ќе започнат официјани преговори за доведувањето на Французинот во Торино.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед истекува на 1 јули, и според информациите Јувентус ќе му понудат на Погба 7 милиони евра по сезона, што ќе претставува видно намалување од неговите досегашни парични примања во Јунајтед. Да потсетиме дека Погба беше дел од екипата на Јувентус од 2012 до 2016 година. 

Освен Јувентус, како заинтересирани клубови за доведување на Погба уште се споменуваат ПСЖ и Реал Мадрид.


Чави со дилеми околу иднината на Френки де Јонг

Чави Хернандез на прес-кофнеренцијата пред натпреварот против гетафе зборуваше за плановите на клубот во текот на летото.

Во последниот период со заминување од Барселона се поврзува Холанѓанецот Френки Де Јонг кој. Де Јонг игра во добра форма, но и покрај тоа би можел да замине.

„Кажав и неколку пати претходно, Де Јонг за нас е важен играч, но тука е финансиката ситуација, клубот мора да донесе некои важни одлуки. Не зборувам само за Френки, туку генерално“, изјави Чави.

Најмногу со Де Јонг се поврзуваше тимот на Манчестер Јунајтед.


Клоп се изедначи со легендата Фергусон

Фудбалерите на Ливерпул се освојувачи на ФА купот после победата над Челзи издвојувана со изведување на пенали 6:5. Тренерот на црвените, Јирген Клоп сега е рамо до рамо со  Сер Алекс Фергусон.

Германскиот стручњак за прв пат во својата кариера го подигна трофејот во ФА купот, и стана втор тренер после легендарниот Фергусон, кој со еден англиски тим успеал да слави во Лигата на шампионите, ФА купот, Лига купот и Премиер лигата.

80-годишниот Сер Алекс, го тренираше Манчестер од 1986 година до 2013 година и во тој период успеа да освои 38 трофеи.

Јирген Клоп го презеде тимот на Ливерпул во 2015 година и оттогаш има освоено 6 пехари со клубот од Енфилд.


Анчелоти потврди: Азар останува во Реал Мадрид

Еден Азар никако да ги исполни очекувањата во изминатите три сезони во дресот на Реал Мадрид, Белгиецот постојано се повредува и не успева да влезе во натпреварувачки ритам.

Меѓутоа сезонава и кога беше фит не добиваше многу прилика од Карло Анчелоти затоа што Винисиус Жуниор игра во фантастична форма. Азар во Реал Мадрид е три сезони и во тој период одигра само 47 натпревари и во нив најчесто влегуваше од клупата за резерви.

И покрај таквата ситуација италијанскиот стратег најави дека Азар и наредната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид.

„Еден Азар ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. Имаме план и верувам дека ќе го покаже својот квалитет“, изјави Анчелоти.


Гвардиола: Ако потпишам нов договор со Сити, тоа ќе биде на крајот на следната сезона

Пеп Гвардиола зборуваше за неговиот нов договор со клубот.

„Ако го обновам договорот, тоа ќе се случи на крајот на следната сезона. Тоа дефинитивно нема да се случи пред тоа. Поминаа многу години, ќе треба да одлучиме како ќе се чувствуваме заедно со тимот. Би останал уште 10 години, но ќе треба време за да се разбере каква ќе биде ситуацијата. Да, разочарани сме, сакавме да играме финале, но елиминацијата од Лигата на шампионите нема да влијае на мојата иднина. Она за што дојдовме во Сити веќе е направено“, изјави Гвардиола за Sky Sports.

Актуелниот договор на 51-годишниот менаџер со Сити е до 2023 година. Тој е во тимот од 2016 година.

За тоа време англискиот клуб три пати ја освои Премиер лигата, два пати Суперкупот и еднаш ФА Купот.

Сити стигна и до финалето на Лигата на шампионите, каде загуби од Челзи (0-1).


Отказ на Почетино ќе го чини ПСЖ 15 милиони евра

Пари Сен Жермен ќе мора да му плати на тренерот Маурисио Почетино 15 милиони евра отштета доколку сака да го раскине договорот на крајот на оваа сезона, објави „Екип“.

Според изворот, аргентинскиот стручњак нема да поднесе оставка. Неговиот договор со тимот, потпишан во јануари 2021 година, истекува на крајот на следната сезона. Под водство на Почетино, ПСЖ ја освои Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, но беше елиминиран рано во Лигата на шампионите.

На 82 натпревари по негово водство, ПСЖ победи на 54, на 13 ремизираше и 15 загуби.

Тој беше кандидат за тренерското место во Манчестер Јунајтед, но тимот се одлучи за кандидатурата на Ерик тен Хаг.


Халанд и Левандовски го предводат тимот на сезоната во Бундеслигата

Избран е најдобриот тим во Бундеслигата во сезона во која Баерн уште еднаш стигна до шампионската титула.

Нападот очекувано го предводат првите ѕвезди на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд.

Тим на сезоната: Нојер (Баерн) – Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен), Еван Ндика (Ајнтрахт Франкфурт), Нико Шлотенбек (Фрајбург), Дејвид Раум (Хофенхајм) – Џуд Белингем (Борусија Дортмунд), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) – Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Кристофер Нкунку (Лајпциг).

Ќе потсетиме, Халанд наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити, овој трансфер е веќе потврден, додека ситуацијата со Левандовски се уште не разјаснета но најверојатно тој заминува од Михен.


Кристијано Роналдо проговори околу доаѓањето на Тен Хаг

Првата ѕвезда во тимот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, во изјава за клупскиот сајт вели дека сите на Олд Трафорд се возбудени поради доаѓањето на Ерик тен Хаг на тренерското место.

Холандскиот тренер освои уште една титула првак на Холандија со Ајакс, и се очекува да го наследи Ралф Рангник во Манчестер Јунајтед после последниот натпревар на екипата со Кристал Палас на 22.мај.

„Тоа што го знам за него е дека направи фантастична работа со Ајакс, и дека е искусен тренер. Но мора да му дадеме време. Работите мора да се променат како што посакува новиот тренер.Се надевам дека ќе имаме успех и дека следната година ќе освојуваме трофеи“, изјави Роналдо.


На денешен ден 14 Мај

Победничкиот волеј на Зинедин Зидан во Лигата на Шампионите.
Неговиот прекрасен волеј против Баер Леверкузен во финалето во 2002 година беше совршен во секој поглед. Од рамнотежата, техниката, финишот….

https://twitter.com/i/status/1261193849382240256