фудбал

Бразилскиот сојуз потврди дека го сака Анчелоти за селектор

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти останува најсериозен кандидат за селекторското место во репрезентацијата на Бразил. Веста ја потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез.

„Анчелоти е едногласно почитуван меѓу играчите. Не само кај Роналдо или Винисиус, туку и од сите што играле за него“, изјави претседателот на Федерацијата.

Бразил е без селектор од декември, по разочарувањето од настапот на Мундијалот во Катар, поточно елиминацијата во четвртфиналето.


Тухел го носи Кејн во Баерн?

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, наводно ги известил челниците на клубот дека напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, треба да биде топ приоритет како засилување во следниот преоден рок.

Според медиумските информации, Тухел бил голем фан на Кејн од периодот кога Германецот беше тренер на премиерлигашот Челзи.

Најдобриот напаѓач на англиската репрезентација, е во последната година од својот договор со Тотенхем, но и покрај тоа клубот од Лондон за негово евентуално напуштање на клубот летово ќе бара околу 100 милиони фунти.

Некои новинарски објави напоменуваат дека постои шанса Кејн да го продолжи својот договор со Тотенхем доколку клубот за нов тренер го ангажира германскиот стручњак Јулијан Нагелсман кој неодамна беше отпуштен од Баерн.


Интер и Атлетико преговараат за трансфер на Де Пол

Интер покажува силен интерес за играчот на Атлетико Мадрид и аргентински репрезентативец, Родриго Де Пол. „Јорганџиите“ за неговиот потпис на Удинезе му платија 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.

Меѓутоа Де Пол не се снајде баш најдобро во Мадрид и сака да се врати во Серија А, па Интер е спремен да ја искористи таквата ситуација.

Атлетико Мадрид е спремен да продаде неколку свои фудбалери поради финансиски проблеми, а Де Пол е на трансфер листата.

Аргентинецот одигра одлично на Мундијалот, па „јорганџиите“ за неговата слобода бараат 30 милиони евра.


Младата данска сензација на пат кон „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот  на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд. 19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната, а беска и на натпреварите за репрезентацијата. Хојлунд постигна пет гола за Данска на два настапи во последните три дена.

Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.

Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена драстично порасна после оваа сезона.


Џонатан Дејвид: Барселона е мојот омилен клуб

Многу клубови се заинтересирани во своите редови да го донесат младиот и перспективен напаѓач на Лил и канадската репрезентација, Џонатан Дејвид.

23 годишниот офанзивец игра одлично во Лил, посебно оваа сезона во која веќе стигна до бројката од 22 голови во 30 натпревари за францускиот клуб.

Тоа натера неколку премиерлигаши сериозно да се распрашаат за фудбалерот, кој сепак, според последната изјава ќе чека понуда од друг клуб за да ја продолжи кариерата. Дејвид истакна дека Барселона отсекогаш му била омилен клуб, веројатно навестувајќи дека не би одбил понуда од каталонскиот гигант.

„Барселона отсекогаш бил мојот омилен клуб, ги сакам уште од дете“, изјави Дејвид во интервју за „Винамакс“.


Заниоло експресно се враќа во италијанскиот фудбал?

Николо Заниоло во зимскиот преоден рок се пресели во Галатасарај, откако влезе во расправија со Мурињо и самиот побара трансфер.

Галатасарај за неговиот потпис плати 20 милиони евра, а Италијанецот потпиша договор до 2027 година според кој заработува 3,5 милиони евра.

Меѓутоа, Заниоло во својот договор има откупна клазула од 35 милиони евра, која може да биде активирана уште во летниот преоден рок.

Тој сака да се врати во Италија, а Милан и Јувентус покажуваат силен интерес и се во постојан контакт со неговиот агент.

Наводно двата клуба се спремни да ја платат таа сума и да ја активираат откупната клаузула по завршувањето на сезоната.


Килијан Мбапе: Јас сум врската меѓу старата и новата генерација

Килијан Мбапе беше назначен за нов капитен на Франција и имаше извонредна премиера со новата улога, бидејќи „триколорите“ ја декласираа Холандија.

Мбапе уште пред неколку дена откри дека искрено разговарал со Гризман и отстраниле било какви идни недоразбирата, но сега поопширно говореше за „Телефут“ и откри дека нема план да му соли памет на никој кој е подолго од него во репрезентацијата.

„Не сакам да бидам капитен кој диригира и наредува, мора да се мисли на тимот пред се. Имаме многу важни играчи кои долги години се во репрезентациајта. Целта е да бидам капитен, а притоа на никого да не му ја завторам вратата за да каже што мисли. Јас ќе бидам врската меѓу старата и новата генерација.

Имаме важни играчи како Жиру и Гризман и тие секако ќе имаат влијание во се што правиме заедно. За мене да се биде капитен е нешто симболично, на теренот претставувам милиони Французи. Ова е навистина специјално и големо, ме навраќа на деновите кога сонував за такво достигнување со капитенската лента на својата земја“, вели Мбапе.


Тухел во Баерн ќе заработува помалку отколку во Челзи

Баерн Минхен направи промена на тренерската позиција и на местото на Јулијан Нагелсман го назначи Томас Тухел.

Тухел веќе некое време без ангажман откако „раскина“ со Челзи и сега му се отвори можност да го преземе најдобриот германски клуб, можност која реши да ја искористи и потпише договор до 30. јуна 2025 година.

Тој утре ќе го одработи првиот тренинг со „баварците“, но во меѓувреме „Билд“ обелодени колку пари Тухел ќе заработува на „Алијанц Арена“. Во Челзи имаше заработка од 15 милиона евра, сума која е помала во Баерн, сума која е меѓу 10 и 12 милиона евра на годишно ниво.

Кога е во прашање пак Нагелсман, германските медиуми пренесуваат дека може да добие обештетување дури од 50 милиони евра.


Куман може да смета на Де Лихт и Вербруген за дуелот со Гибралтар

Дефанзивецот Матијас де Лихт и голманот, Барт Вербруген, се вратија во кампот на Холандија откако се опоравија од вирусната инфекција.

Тие беа во групата од пет играчи кои мораа да го пропуштат воведниот меч од евро-квалификациите против Франција. Засега нема информации за состојбата на дефанзивецот Свен Ботман, напаѓачот Коди Гакпо и играчот од средниот ред Џои Ферман кој исто така има симптоми слични на грип.

Холандија вториот квалификациски меч ќе го одигра в понеделник на домашен терен со Гибралтар.


Дејвис: Јас сум познат губитник, осамен сум во Минхен

Алфонсо Дејвис даде загрижувачка изјава и изјави дека се чуствува многу осамено во Минхен.

Дејвис се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа,  но очигледно не е задоволен од приватниот живот.

„Животот на професионален фудбалер е одличен за да се опуштите и уживате, но вистината е дека сум осамен. После тренинзите, немам што да правам во останатиот дел од денот. Бидејќи семејството и мојата девојка не се тука, навистина се чувствувам осамено. Најверојатно имам само пет вистински пријатели, јас сум познат и популарен губитник“, изјави Дејвис.

„Навистина е малку загрижувачки тоа што немам што да правам после тренинзите и натпреварите. Сите пријатели си имаат работа и се чувствувам осамено“, додаде Дејвис.