фудбал

Атлетико и Барса пред договор за позајмица на Жоао Феликс

Жоао Феликс е на излезна врата од Атлетико Мадрид, а во моментов е најблиску до Барселона.

Жоао Феликс по шестмесечната позајмица во Челзи се врати во Атлетико Мадрид, но јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне. Со оглед на фактот дека до овој момент не пристигнаа понуди за Португалецот, сега Атлетико е спремен да го пушти на позајмица.

Феликс сака да се пресели на „Камп Ноу“ и веќе има договор со Каталонците, а Барса може да го доведе само на позајмица.

Двата клуба се блиску до договор за едногодишна позајмица за која Барселона ќе плати 7-8 милиони евра.


Јапонецот Ендо потпиша за Ливерпул

Jaпонскиот репрезентативец, Ватару Ендо е нов фудбалер на Ливерпул.

Ендо во редовите на клубот од „Енфилд“ пристигнува од Штутгарт, а Ливерпул за неговите услуги плати сума од 18 милиони евра, додека Јапонецот потпиша договор до летото 2027 година.

„Едвај чекам да играм на „Енфилд“ пред навивачите на Ливерпул. Слушнавв се најдобро за овој стадион и ќе биде првпат да играм на истиот. Играм во средината со тоа што повеќе сум ориентиран на одбраната. Мислам дека можам да му помогнам на клубот. Едвај чекам да се придружам“, изјави Ендо.


Анчелоти не сака камери во соблекувалните во Ла Лига

Ла Лига сака да воведе камери во соблекувалните на сите прволигаши и на сите стадиони и така пред и по натпреварот јавноста би гледала што се случува.

Гледачите би можеле да гледаат што прават фудбалерите пред почетокот на натпреварите, а со таа оидеја многумина не се баш воодушевени. Еден од првите кои се огласи против оваа идеја е стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Камери во соблекувалната? Соблекувалната за мене е светост. Таа идеја е голема глупост“, јасен беше Италијанецот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ла Лига би можела да го казни Реал Мадрид со 13 милиони евра ако не одобри камери во соблекувалната.


Ромео Лавија потпиша за Челзи за 58 милиони евра

Челзи и официјално го објави потписот на дефанзивниот играч за врска Ромео Лавија од второлигашот Саутемптон за вкупно 58 милиони фунти. Договорот на 19-годишниот талент е до летото 2030 година.

Белгискиот репрезентативец исто така беше многу посакуван од Ливерпул, но на крајот, како и Мојсес Каиседо и тој избра да се пресели во Челз , со што стана осмото ново засилување за лондончани ова лето.

Лавија е дете на Андерлехт, но мина и две години во академијата на Манчестер Сити.


Џејмс пак се повреди, Челзи долго без капитенот

Капитенот на Челзи, Рис Џејмс се повреди на тренинг и според
„Гардијан“ станува збор за мускулен проблем во задниот дел на бутот,
повреда која е сериозна и дефанзивецот нема да игра со месеци.
Поради ваквата повреда Џејмс ги пропушти последните седум
натпревари од минатата сезона, а неговото потенцијално долго
отсуство сега ќе биде многу сериозен проблем за менаџерот
Маурисио Покетино.
Засега нема точни информации за должината на отсуството на Џејмс,
но прогнозите не се оптимистички.


Чалоба од Челзи нов пик на Интер во Премиер лигата

Интер е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи,
Тревор Чалоба, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер во летниот преоден рок сака да доведе дефанзивец кој ќе го
замени Милан Скриниар.„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а
најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.
Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на
повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на Инзаги.
Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра,
но Интер сака да го доведе на позајмица со право на откуп. Како
алтернатива се споменува стоперот на Тотенхем, Танганга.


Два премиерлигаши го сакаат Гравенберх од Баерн

Ливерпул и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за играчот
за врска на од Баерн Минхен, Рајан Гравенберх.
Клоп сака да донесе уште еден играч за врска после заминувањето на
Хендерсон, а откако ја загуби битката за Каиседо сега се насочува кон
Гравенберх. Тен Хаг бара засилување за средниот ред, а одлично го
познава Гравенберх од времето кога двајцата беа во Ајакс.
21-годишниот холандски талент блесна во дресот на Ајакс и направи
трансфер во Баерн, каде не добива голема минутажа и е спремен да ја
промени средината.
Самиот играч јавно го изрази незадоволствот од малата минутажа и
сака да направи трансфер ова лето, а Баерн за неговара слобода бара
30 милиони евра.


Французинот Павард наместо во Јунајтед може да заврши во Интер

Бенџамин Павард е голема желба на милански Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, но одби да го продолжи договорот, па е мета на многу европски клубови.

Интер е во потрага по дефанзивец, а Павард може да игра и како десен бек и како стопер, па е најголема желба на Инзаги.

„Нероаѕурите“ се спремни да понудат 25 милиони фунти за Французинот, но Баерн тешко дека ќе се согласи да го пушти за таа сума.


Мароканецот Боно нов голман на Ал Хилал

Јасин Боно веднаш по завршувањето на обврските во Суперкупот на Европа со Севиља го комплетираше трансферот во Саудиска Арабија.

Голманот кој блескаше на Мундијалот во Катар така им се придружи на Нејмар, Савиќ, Кулибали и Рубен Невеш кои претходно потпишаа за овој саудиски клуб.

Севиља како оштета за Боно ќе добие сума од 21 милион евра. Боно со Ал Хилал стави потпис на договор до 2026 година.


Де Брујне на операција во Антверпен, се враќа на терените околу Нова година

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне ќе биде опериран во својата татковина во наредните денови, по што се очекува да паузира околу четири месеци или речиси до Нова година.

Играчот од средниот ред заработи повреда на тетивата на средината на првото полувреме против Барнли минатиот петок и се чинеше дека проблемот е ист како оној од финалето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ оценија дека оперативната интервенција е императив и во овој случај ќе биде извршена во Антверпен, по што Де Брујне ќе започне со закрепнување.