Ново заминување од Париз, Коло Муани ќе ги напушти „светците“
Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок, пренесуваат тамошните медиуми.
Коло Муани пред повеќе од една година беше донесе од Ајнтрахт како големо засилување за скоро 90 милиони евра и одигра просечна сезона.
Оваа сезона е во втор план, па не е среќен во клубот и изрази желба да си замине, а интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.
ПСЖ нема да му стои на патот и за неговата слобода бара 40-50 милиони евра.
Билиќ се враќа на Островот, ќе го преземе велшки Крдиф?
Славен Билиќ би можел да се врати во Англија и да стане тренер на Кардиф, пренесуваат медиумите на Островот.
Екс-селекторот на Хрватска како што се наведува е главен фаворит да го преземе клубот по заминувањето на Ерол Булут.
Билиќ е слободен од средината на август кога замина од клупата на Ал-Фатег. Во Англија последен пат работеше во сезоната 2022/2023 кога го водеше Вотфорд.
Кикс на „лавовите“, Брегалница е нов лидер во Втората лига
Брегалница е нов лидер на табелата откако днеска славеше победа од 4-0 против Борец, додека Македонија Ѓорче Петров не успеа да слави на гости кај Детонит и одигра 0-0.
„Лавовите“ одиграа без погодоци против Детонит за кого ова беше веќе петто реми во низа.
Брегалница на свој терен немаше проблеми со Борец и лесно дојде до триумф со кој изби на лидерската позиција со 24 бода.
Башкими и Македонија Ѓорче Петров имаат по 23 на втората и третата позиција.
Реал вршел притисок врз „Франс фудбал“ за изборот на „Златната топка“
Главниот уредник на „Франс фудбал“, Винсент Гарсија изјави дека Реал Мадрид врши притисок врз него да го дознае името на добитникот на Златната топка за 2024 година.
Реал Мадрид ми вршеше притисок да дознам дали Винисиус победил и можеби мојот молк ги натера да помислат дека нивниот фудбалер не е добитник на наградата, па не се појавија на манифестацијата, изјави Гарсија.
Во Париз синоќа се одржа церемонијата на доделување на „Златната топка“. Добитник на наградата е играчот од средниот ред на Манчестер сити и репрезентацијата на Шпанија, Родри, кој во гласањето беше пред играчите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.
На церемонијата не присуствуваше ниту еден претставник на Реал Мадрид.
Интер ги намали загубите од ланската сезона
Foto Spada/LaPresse 09 dicembre 2023 – Milano , Italia – sport, calcio – Fc Inter Vs Udinese – Campionato italiano di calcio Serie A TIM 2032/2024 – Stadio San Siro Nella foto:
Nicolò Barella (FC Inter); Lautaro Martinez (FC Inter); Hakan Calhanoglu (FC Inter); Henrikh Mkhitaryan (FC Inter); Federico Dimarco (FC Inter);
09 December, 2023 Milan , Italy – sport, calcio – Fc Inter Vs Udinese- Serie A Football Championship 2023/2024 – San Siro Stadium . In the pic : Nicolò Barella (FC Inter); Lautaro Martinez (FC Inter); Hakan Calhanoglu (FC Inter); Henrikh Mkhitaryan (FC Inter); Federico Dimarco (FC Inter);
Интер втора сезона по ред ги подобрува економските перформанси. Во сезоната 2021/22 загубата на тимот беше 140 милиони евра.
На крајот на финансиската година која заврши на 30 јуни 2024 година, миланскиот клуб успеа да ги намали загубите за 49 милиони евра, од 85 на 36 милиони.
„Неро-азурите“ две години по ред ги подобруваат финансиските резултати. Во финансискиот извештај на Интер за сезоната 2023/24, приходите на миланскиот клуб без трансфери се зголемија за 48 милиони и изнесуваат 473 милиони.
Мнозинскиот акционер на клубот, компанијата „Oaktree“, ја промени структурата на капиталот со доделување дополнителни 44 милиони евра.
Роналдо го кани Погба во Ал Наср
Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо се обидува да го убеди играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба да му се приклучи на саудискиот клуб, пренесува „ТутоЈуве“. Според изворот, 39-годишниот Португалец веќе го повикал Французинот во Ал Насер.
Погба и Роналдо играа заедно за Манчестер Јунајтед во сезоната 2021/22. Јувентус претходно потврди дека 31-годишниот играч од средниот ред ќе го напушти тимот.
На 29 февруари, Погба беше суспендиран на четири години поради прекршување на антидопинг правилата. Во неговото тело било откриено покачено ниво на тестостерон. Во октомври се дозна дека периодот на дисквалификација на играчот е намален од 4 години на 18 месеци. Тој ќе може да се врати на терените во март 2025 година.
Комо му нуди договор на 48-годишниот Тоти!
Франческо Тоти би можел да се врати на фудбалските терени и тоа во клуб од Серија А.
Звучи неверојатно, посебно затоа што Тоти има 48 години, но италијанската „Ла Република“ пишува дека Тоти добил понуда од тимот на Комо предводен од Цеск Фабрегас одново да заигра на терените.
Според информациите на Тоти му бил понуден договор до крајот на сезоната. Во претходниот период само фудбалер не криеше дека има желба да заигра повторно во Серија А меѓутоа веројатно и тој самиот не очекуваше дека може да добие понуда.
Кариерата Тоти ја заврши во 2017 година во Рома, а потоа уште две години остана во Рим како директор, а од 2019 година е надвор од фудбалот.
Ливерпул со 70 милиони го мами Арда Ѓулер на „Енфилд роуд“
Ливерпул е спремен да плати 70 милиони евра за да го донесе Арда Ѓулер од Реал Мадрид во својот тим за време на летниот трансфер период, известуваат англиските медиуми.
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“ ова лето, но Реал се одлучи да го задржи во своите редови.
Гулер минатата сезона, но и на Европското првенство покажа дека е еден од најголемите европски таленти во моментов.
Меѓутоа, во Реал не добива многу шанса па е спремен да ја промени средината, а Ливерпул сака да ја искористи таа шанса.
„Црвените“ во него гледаат идеална замена за Салах и се премни да платат 70 милиони евра.
Емери: Се развиваме одлично, сон ми е трофеј со Астон Вила
Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, ги анализираше неговите први две години во клубот.
Под негово водство, екипата од Бирмингем постигнаа огромен напредок. Минатата сезона заврши четврта а во тековнава за првпат по 42 години игра во Лигата на шампионите.
„Се надевам дека ќе се развиваме повеќе. Првата цел ми беше да играм во Европа, да завршам во топ 7. Нареден сон што го имам е да освојам трофеј“, изјави Емери.
Тен Хаг ќе добие голема отштета, Јунајтед троши богатсво на отпуштени менаџери
Ерик Тен Хаг ќе добие едно од најголемите обештетувања во историјата на фудбалот. Сега е јасно зошто челниците на Манчестер Јунајтед се двоумеле да го отпуштат холандскиот стручњак во последниот месец.
Можеби Ерик Тен Хаг не бил добар менаџер, но затоа има одлични адвокати. Не само што со резултатите го зацрне познатиот англиски клуб, туку сето тоа добро ќе го наплати.
Доколку се точни вестите кои доаѓаат од Англија и Холандија, разрешениот менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе добие отштета од околу 20 милиони евра!
На „Олд Трафорд“ веќе подолго време се размислува како да се реши проблемот со замена на Ерик Тен Хаг, знаејќи дека овој потег ќе го чини славниот клуб премногу.
Ричард Мартин објави детали за финансиските трошоци, кои покажуваат дека Јунајтед можел да го отпушти Холанѓанецот за „само“ 12 милиони евра во јуни. Во тоа време, Тен Хаг сè уште имаше договор само до средината на 2025 година.
Сега, околу три месеци подоцна, поранешниот тренер на Ајакс добива многу повеќе пари. Според информациите на Мартин, Тен Хаг може да смета на отпремнина од најмалку 20 милиони евра. Секако, сето тоа има врска со претходното продолжување на договорот, кое беше најавено на почетокот на јули.
Мартин направи уште една опсервација. Тоа е околу половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштање на 250 вработени. Манчестер Јунајтед направи се што може за да ги намали трошоците во последните месеци, но ова дојде како тежок удар.
Отпремнината на Тен Хаг е еден од најголемите во историјата на англискиот фудбал, а уште поболно за клубот од Олд Трафорд е што сите наследници на Алекс Фергусон од 2013 година до денес – Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјаер – добија отказ!
Оттука и финансискиот надоместок.
Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ потрошиле 70 милиони фунти (околу 84 милиони евра) само за отштета за отпуштените менаџери.