фудбал

Баерн понудил слаби услови, Левандовски нема да потпише нов договор

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски беше незадоволен од предлогот на германскиот клуб за продолжување на договорот меѓу двете страни.

33-годишниот полски фудбалер не е задоволен ниту од платата, ниту од времетраењето на договорот што му ја нуди Баерн. Актуелниот договор меѓу Левандовски и Баерн истекува во 2023 година.

Претходно беше објавено дека Левандовски и понатаму е приоритетна опција за Барселона, и покрај изјавите од двата клуба. Баерн сака да го задржи играчот, што на првиот состанок му било презентирано на неговиот агент Пини Захави.


Елмас се изедначи со Пандев по бројот на настапи за Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, се изедначи со Горан Пандев по бројот на настапи за Наполи. Пандев во својата кариера имаше 124 настапи во дресот на Наполи, додека Елмас во моментов ја има истата бројка и веќе во наредниот натпревар ќе го надмине неговиот поранешен репрезентативен колега.

Горан Пандев беше член на Наполи од 2011 до 2014, додека Елмас пристигна во клубот од Неапол во 2019 година од турскиот Фенербахче.


Чави се откажа од Халанд: Нема да дојде во Барса, бидејќи е прескап

Тренерот на Барселона, Чави реагираше на информациите за можниот трансфер на норвешкиот напаѓач од Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, за кој е заинтересиран каталонскиот клуб.

„Многу е тешко да се организира трансферот на Халанд во Барселона поради економската ситуација. Не сакам да лажам, ова е реалност. Не би рекол дека се е до парите. Не сакам да не ги почитувам спортските проекти на другите клубови. Ние не сме единствениот тим со добар проект. Манчестер Сити освои многу трофеи и се бори против најсилните. Нивното ниво е непобитно. Но, доколку Барселона не успее да го ангажира Халанд, тоа може да биде поради финансиски проблеми“, изјави Чави.


Арсенал ја разгледува можноста за доведување на Стерлинг

Медиумите во Англија пренесуваат вест дека од Арсенал ја разгледуваат можноста за доведување на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Клубот од Лондон се надева и е блиску до обезбедување на учество во Лигата на шампионите за наредната сезона, па поради тоа челниците на клубот подготвуваат можни играчки засилувања.

Тренерот Микел Артета го препознал Стерлинг како фудбалер кој со своето искуство играјќи за Ливерпул и Сити би бил одлично засилување за тимот.


Џерард: Астон Вила сака да го откупи Кутињо

Стивен Џерард уште еднаш потврди дека сака Филипе Кутињо да остане во неговиот тим.

Кутињо oва на позајмица во Вила која има опција да го откупи за 40 милиони евра, а нема сомнеж дека англискиот клуб ќе се обиде да го направи тоа.

„Да, на сите им е јасно дека сакаме Кутињо да остане“, изјави Џерард.

Сепак, проблем за Астон Вила се понудите од другите клубови. Последните информации се дека од Арсенал го сакаат Тотенхем, Њукасл и Арсенал, но засега нема конкретни понуди.


За Ван Дијк, Малдини е најдобриот дефанзивец во историјата

Играчот на Ливерпул и еден од најдобрите одбранбени играчи на светот, Вирџил Ван Дијк, откри дека за него најдобар дефанзивен играч во историјата на фудбалот е Паоло Малдини.

„Имам неверојатно голема почит кон Паоло. Тој е права играчка легенда. Неговиот стил и начин на игра во Милан ме воодушевуваше. За мене Малдини е вистинска инспирација.“, изјави Ван Дијк.


Меси собори рекорд на погодени стативи во Лига 1

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси постави рекорд во француската Лига 1.

По ремито 2-2 на францускиот шампион Пари Сен Жермен со Троа, 34-годишниот Меси веќе има 10 греди во сезоната 2021/22 во француското првенство. Ниту еден друг фудбалер не го постигнал ова откако се водела статистиката за овој индикатор.

Меси одигра цел натпревар против Троа. Оваа сезона има 4 гола и 13 асистенции на 24 натпревари во Лига 1. На сите турнири Аргентинецот има 9 гола и 13 асистенции на 32 натпревари.


Роналдо му кажал на соиграчите дека останува во Манчестер Јунајтед и наредната сезона

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо им соопштил на соиграчите дека ќе остане во клубот и следната сезона. Единствен услов за тоа е новиот тренер на екипата, Ерик Тен Хаг да го сака во својот тим.

37-годишниот Португалец има договор со клубот уште една година, но откако Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, започнаа шпекулациите дека Роналдо ќе бара преселба во друг клуб наредната сезона.

Сепак, според извор близок до клубот,Роналдо не сака да замине во толку тешко време за Јунајтед и сака да му помогне на тимот да се врати во Лигата на шампионите.


Лаутаро Мартинез изразил желба да остане во Интер

Аргентинскиот напаѓач во дресот на Интер, Лаутаро Мартинез, не планира да го напушти тимот ова лето, но клубот во моментов не може да му даде гаранции дека тој сигурно ќе остане, пишуваат италијанските медиуми. 

Според информациите, Мартинез нема да инсистира на трансфер, но раководството на Интер не ја исклучува можноста да го продаде Аргентинецот доколку добие примамлива финансиска понуда за него.

24-годишниот напаѓач е важен дел од тимот на Интер, и оваа сезона постигна 19 гола на 33 натпревари во Серија А.


Тен Хаг ќе го засилува Манчестер Јунајтед со играч на Ајакс

Манчестер Јунајтед би можел да се засили со дефанзивниот играч за врска од Ајакс, Едсон Алварез. 

Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг од следната сезона ја презема тренерската функција во Јунајтед, и со неговото доаѓање во клубот би можел да го донесе и Мексиканецот Алварез.

24-годишниот фудбалер, пристигна во Ајакс во 2019 година и ужива голема доверба кај тренерот Тен Хаг.